Мечот на Дарт Вејдер од двобојот во кој тој вели „јас сум твојот татко“ е продаден за речиси пет милиони долари


Далас – Светлосниот меч што го користел Дарт Вејдер во филмовите „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на џедајот“ од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ беше продаден вчера на аукција за речиси пет милиони долари. Станува збор за реквизит користен во еден од најзначајните дуели во филмската историја, во Cloud City, кога Дарт Вејдер му […]

Роџер Вотерс (83) по петти пат се разведува


Роџер Вотерс (83), коосновач на Пинк Флојд, поднесе барање за развод од својата сопруга Камила Чавис (48), со која се ожени во 2021 година. Тоа беше петти брак на музичарот, а тој поднесе барање за развод во вторник во суд во Њујорк, според судските документи што ги прегледа списанието „Пипл“. Вотерс (83) ја објави веста […]

Новата српска влада објави крај на трговијата со оружје со Израел. Вучиќ бесен


Белград – Филип Убовиќ, претставник на Студентската листа во Србија, изјави дека програмата на движењето предвидува крај на трговијата со оружје со Израел. Зборувајќи за можната политика на новата влада, тој исто така рече дека проектот за фабрика за дронови, кој е поврзан со соработката меѓу Србија и израелската компанија Елбит Системс, мора да биде […]

Силувачот Расел Бренд оди во озлогласен затвор. „Го чека пекол“


Лондон – Расел Бренд, кој е осуден на 10 години и шест месеци затвор за силување и сексуален напад, ќе доживее „пекол на земјата“ во лондонскиот затвор Вандсворт, тврди поранешен затвореник. Бренд (51) е во еден од најголемите затвори од викторијанската ера во Англија од понеделник, откако беше прогласен за виновен минатата недела, објавува Би-Би-Си. […]

Како е ослободено Скопје – сведоштва на Михајло Апостолски


(Сведоштва за ослободувањето на Скопје на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ – Михајло Апостолски)  На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од […]

Творештвото на Сергеј Андреевски претставено во средното уметничко училиште во Либерец, Чешка Република


Македонскиот уметник Сергеј Андреевски вчера им го претстави своето творештво на учениците од средното уметничко училиште во Либерец. Андреевски сликаше во живо, следен од гитарата на Проф. Јиржи Принц, а потоа одговараше на бројни прашања од љубопитната публика. Воедно, во училишното студио за сито печат, македонскиот уметник го демонстрираше својот начин на спонтана изработка на […]

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“


Вашингтон – Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа околу десет часа во прекин, а технолошкиот гигант се соочуваше со проблеми при отстранувањето на дефектите на одделни сервери. Со прекинот беа засегнати компании и државни институции ширум светот кои ги користат односните популарни платформи. Според последните информации, „Мајкрософт“ соопшти дека отстранувањето на […]

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност


Даблин – Вкупно 39 држави од таканаречената „поширока Европа“ усвоија декларација за основните принципи на европската безбедност на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Даблин. Документот ги опфаќа и хибридните закани, информативните напади и посегнувањата по демократијата. Декларацијата беше усвоена на иницијатива на Франција, во рамките на самитот на ЕПЗ на кој учествуваат вкупно […]

Американските власти блокираа дел од криптовалутите украдени минатиот месец од „Бинанс“


Вашингтон – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека запленило или блокирало криптовалути во вредност од над 1,2 милијарди долари, за кои се тврди дека минатиот месец биле украдени од платформата „Бинанс“. Кражбата на криптовалути во вредност од околу 6,3 милијарди долари од „Бинанс“ се смета за најголемата кражба во историјата на криптовалутите. ФБИ претходно […]

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта


Вашингтон  –    Во првите девет месеци од оваа година, САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари приходи од продажба на венецуелска нафта, според извештајот на ревизорската фирма KPMG објавен од Стејт департментот. Таквиот систем за управување со приходите е воспоставен откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го уапси во јануари тогашниот венецуелски […]

САД работат на најголема размена на воени заробеници од почетокот на војната во Украина


Вашингтон –    Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет, Џаред Кушнер изјави дека Русија и Украина се согласиле да ги вклучат европските земји во следната рунда преговори и дека Вашингтон работи на „најголемата размена на затвореници“ во таа војна. Коментарите на Кушнер дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави најавата […]

Савески: Можеби неосновано се определуваат притвори, мора да ја менуваме практиката


Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески оценува дека состојбата што ја затекнал во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекувал пред преземањето на функцијата.  – Знаев дека состојбата не е идеална, но тоа што го затекнав беше полошо од очекуваното – изјави Савески во интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Меѓу клучните […]

Почнува дебатата за Предлогот на буџетот за 2027 година


 На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За Предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи. Во Предлог буџетот […]

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември


Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна.  По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје […]

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 […]

Ива Михаилова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници


 Досегашната истрага за бегството на Ива Михаилова од Кочани покажала дека таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи во земјава во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во интервју за телевизија Сител. Тој посочи дека првичните информации […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 13 ноември 2026 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 16 часот и 15 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Високиот американски функционер Брендан Ханрахан се состана со претставници на Студентската листа


  Помошникот-државен секретар Брендан Ханрахан се сретна со претставници на Студентското движење и Студентската листа за да им честита за нивниот изборен успех и да разговара за следните чекори, соопшти амбасадата на САД во Србија. „Подготвени сме да работиме заедно за да постигнеме заеднички приоритети, да продолжиме да го подобруваме стратешкиот дијалог и дополнително да […]

НАТО го откажа самитот во Тирана во 2027 година


  Непријатен удар за албанскиот премиер Еди Рама како последица од повеќемесечните протести против неговата влада: НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година. Тоа денеска во Даблин, од самитот на Европската политичка заедница, го објави премиерот Рама, пренесе Ројтерс. „Проблемот е што сè уште не постои заеднички став за тоа […]

Долгото седење влијае на вашето здравје дури и кога редовно вежбате


  Редовното вежбање не ја поправа целосно штетата од долгите периоди на седење, покажуваат повеќе студии објавени во последниве години. Затоа, научниците советуваат, покрај тренингот, седењето во текот на денот треба да се прекинува со движење што е можно почесто. Истражувачи од Универзитетот Далхаузи во Канада следеле 21 здрав млад човек. 11 од нив правеле […]