Папата Лав успешно опериран во Рим


Папата Лав денеска е опериран при што му беше отстранет мал израсток на едното белодробно крило. Операцијата помина добро и според однапред утврден план, објави Ватикан. Ова е првиот сериозен здравствен проблем на папата во 17-те месеци од неговиот понтификат. Папата Лав (71), беше подложен на процедура во болницата „Џемели“ во Рим за отстранување на […]

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана


Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија попладнево во Тирана, во близина на зградата на албанското Министерство за образование, каде што дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите. По првичното растерување на демонстрантите, студентите и другите собрани луѓе се прегрупираа по улицата „Драч“, во близина на Министерството за образование, продолжувајќи ги […]

Кога ќе се налутат, престануваат да зборуваат: Три знаци кои казнуваат со молчење


  Некои луѓе кажуваат сè што мислат за време на расправија. Други ќе се повлечат, ќе престанат да одговараат на пораки и ќе се однесуваат како лицето што ги повредило повеќе да не постои. Според популарните астролошки стереотипи, три хороскопски знаци се особено склони кон повлекување и молчење кога се лути или разочарани. Бик Биковите […]

Тиквата е кралица на есента: Колку е добра за човековото здравје?


Со доаѓањето на есента, тиквата повторно станува една од најпосакуваните намирници на трпезата. Нејзината впечатлива портокалова боја, природната сладост и богатството од витамини ја прават многу повеќе од обичен сезонски зеленчук. Тиквата е хранлива, нискокалорична и лесно се вклопува во секојдневната исхрана, а нутриционистите ја препорачуваат како одличен избор во студените месеци. Есента мириса на […]

Голем чекор на Украина кон ЕУ. Отвори четири од шест преговарачки кластери


Денес, Украина направи нов чекор кон членство во Европската Унија. На меѓувладината конференција во Луксембург беа отворени уште два преговарачки кластери, откако Унгарија се откажа од блокирање на нивното отворање. Со ова, Украина отвори четири од шест кластери во преговорите за пристапување кон ЕУ. Ова се кластери што го вклучуваат внатрешниот пазар и конкурентноста и […]

Романскиот претседател најави распуштање на парламентот доколку до четврток нема договор за владата


Романскиот претседател Никушор Дан им соопшти на лидерите на политичките партии дека во петок ќе презентира декрет за распуштање на парламентот и започнување предвремени избори доколку до четврток не се постигне транспарентен договор за поддршка на владата на актуелниот претседател Лука Никулеску, соопштија денеска неименувани извори. Според изворите, нема да има петти кандидат за премиер […]

Швајцарците градат стадион каков што светот досега не видел, вреден 480 милиони евра, а ќе има и воз на смртта


  Швајцарскиот фудбалски клуб Сион презентираше амбициозен план за изградба на нов стадион кој би можел да стане најскапиот спортски објект од ваков вид во историјата на оваа земја. Сепак, она што го издвојува овој проект од другите не е само неговата вртоглава цена, туку и атракцијата што ќе ја опкружува целата арена, вистински ролеркостер, […]

Од филм до ТВ проект: Тоше пак е голема вест во регионот


Снимањето на филмскиот и телевизиски проект посветен на Тоше Проески, во продукција на „ОХО Продукција“, е планирано за 2027 година, додека премиерата се очекува во 2028 година, стои во соопштението од продукцијата по првото јавно претставување на проектот на фестивалот „Weekend.19“ во Ровињ. Од „Охо Продукција“ додаваат дека точниот почеток на снимањето, актерската екипа и […]

Судот не му го врати пасошот на Груби, има и забрана да го напушта Скопје


Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на А.Г., второобвинет во предметот „Лотарија на Македонија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за […]

Зверев: Посебен момент ќе биде кога ќе бидам број 1


Од 2.ноември Германецот Александер Зверев ќе биде тенисер број 1 на АТП листата и како број 1 ќе ја заврши 2026 година. Ова е познато откако Карлос Алкараз беше елиминиран во воведните кола на Мастерсот во Шангај. На тој начин Зверев и математички ќе биде број 1. Но, голема „заслуга“ има и Јаник Синер, кој […]

Полска тврди дека Русите наредиле палење на станицата Старлинк


Полска го обвини руското разузнавање дека предизвикало пожар во копнената станица Старлинка на 23 септември, а двајца осомничени се уапсени во Германија на барање на Полска. Полскиот премиер Доналд Туск објави на платформата X дека двајца турски државјани се уапсени на 10 октомври под сомнение дека подметнале пожар во станица во градот Вола Кробовска во […]

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба со учество на војници од 17 земји


НАТО ја започна својата годишна вежба за одбрана на територијата на Алијансата со употреба на нуклеарно оружје, потврди денеска портпарол на воената команда на одбранбениот сојуз, лоцирана во белгискиот град Монс, јави ДПА. На вежбата „Steadfast Noon“, која ќе трае до крајот на следната недела, ќе учествуваат војници од 17 земји, изјави тој. Германија за […]

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива


Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина, двајцата од Кочани. Како што се наведува во соопштението од МВР, лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став […]

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h


Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Најниска температура до 17 и 30 часот беше измерена на Попова Шапка четири степени, во Крушево и Маврови Анови пет, во Берово и во Прилеп 9, во Претор, Крива Паланка и во Битола […]

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата, ќе биде распишана меѓународна потерница


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата, а во текот на денов по неа ќе биде распишана меѓународна потерница.  – Согласно информациите кои ги имам меѓународна потерница ќе биде распишана денес, јавното обвинителство побара определување мерка притвор. Доколку судот донесе таква одлука веднаш Министерството ќе ја процесуира […]

Како една од најголемите светски економии падна во должничка стапица


Францускиот парламент во вторник ја започнува расправата за буџетот за 2027 година, додека високите дефицити, растечкиот долг и студентските протести ја зголемуваат политичката цена на фискалната консолидација. Според многу аналитичари на пазарот, втората по големина економија во еврозоната незапирливо се движи кон должничка криза и ризикува да го повлече целиот континент со себе, доколку не […]

Белата куќа побара од Гилфојл да поднесе оставка


Белата куќа побара од Кимберли Гилфојл да се повлече од функцијата амбасадор на САД во Грција, откако „Волстрит џурнал“ објави дека таа побарала 100.000 долари од донатор на Трамп во периодот пред нејзиното сослушување за потврдување на функцијата минатата година. „Ја замоливме амбасадорката Гилфојл да поднесе оставка. Таа беше одличен член на тимот и ѝ […]

Дурмиши мртов, Михаилова дочекана како жртва во Бугарија!


  Семејството на  33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен, кој загина во сообраќајната несреќа во која учествуваше Ива Михаилова, не сака да излегува со изјави во јавноста бидејќи случајот премногу се исполитизирал, поради што ќе чекаат судот да ја заврши постапката – пред да кажат што ќе преземат. Дурмиши бил вработен во голема компанија за монтирање […]

Маск досега потрошил 366 милиони долари на американските среднорочни избори


  Милијардерот Илон Маск досега потрошил приближно 366 милиони долари за американските среднорочни избори во ноември 2026 година, при што 276 милиони долари од таа сума се потрошени од јули наваму за да им се помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот. Според податоците за финансирање на кампањите, дарежливите финансиски донации на Маск […]

Над 500 гледачи го проследија филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ во Кочани


Филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума предизвика интерес кај кочанската публика, со повеќе од 500 продадени влезници на трите проекции во кино-салата на Центарот за култура „Бели мугри“. Првата проекција се одржа на 9 октомври, а денеска филмот беше прикажан уште двапати, во дневни термини наменети за средношколците. На двете денешни […]