Слаб земјотрес кај Љубаништа


Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата. Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри. Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското […]

Пратениците Емилија Ангелова и Кире Божиновски на средба со учесници на Младинскиот образовен форум


Пратениците во Собранието, Емилија Ангелова и Кире Божиновски, остварија средба со учесници на Младинскиот образовен форум (МОФ), во рамки на која беа презентирани истражувања посветени на повеќе актуелни прашања од значење за младите и нивната иднина. Презентираните истражувања опфатија теми поврзани со дигиталната и зелената транзиција, медиумската и информациската писменост, вработувањето на младите лица со […]

Зелената индустрија во фокусот на вториот ден на TECHMECH 2026: нови шанси за младите инженери


Денес, во рамките на вториот ден од Саемот TECHMECH 2026, во просториите на Машинскиот факултет се одржа трибината „Зелена индустрија: нови предизвици и претприемачки можности за младите“. Настанот, модериран од проф. д-р Радмил Поленаковиќ, беше отворен од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и собра експерти од енергетскиот сектор, стопанските комори и […]

Божиновска: Идејата за рестартирање на „Окта“ е во рана фаза, но е опција


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска изјави дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати, вклучувајќи го и дизел-горивото во земјата е стабилно, а за идејата за рестартирање на „Окта“ и повторно производство на дизел-гориво вели дека е во рана фаза и оти е опција. – Тоа е нешто што е многу […]

Барбов демантира: Бил „човек на ВМРО-ДПМНЕ“, не на Заев


  Д-р Иван Барбов ја урна целата пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ дека бил човек на Заев и Филипче. Во поткастот „Претрес со Ландов“, д-р Барбов, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека единствена членска книшка што ја имал била таа на ВМРО – ДПМНЕ и дека случајот „Метастази“, во кој беше гонет, вусшност бил политички мотивиран процес […]

Најдобрите студенти ќе добиваат предност при вработување на факултетите


Во Скопје денес започна четвртиот IV Интернационален медицински конгрес во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на УКИМ. На отворањето на собирот се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во високото образование, науката и истражувањата, многу се важни меѓународните вмрежувања и мобилноста и дека тоа […]

Град Скопје: Новиот луна-парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, старите реквизити ќе се употребат


Скопје ќе добие современ луна-парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. […]

Меган и Хари со прво појавување во Британија: „Убаво е да се вратиме“


Меган Маркл и принцот Хари го имаа своето прво јавно појавување заедно откако нивното семејство се врати во Обединетото Кралство во четврток, 15 октомври. Војводата и војвотката од Сасекс го посетија Нотингем, град кој има посебно значење за нивната врска и каде што започна нивното кралско патување пред речиси девет години. Топло добредојде во Нотингем […]

Џошуа Хак на местото на Кимберли во Атина


Американскиот дипломат Џошуа Хак, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-шеф на мисијата на САД во Грција, го презеде привременото раководење со Амбасадата на САД во Атина по заминувањето на Кимберли Гилфојл. Како кариерен дипломат со 25-годишно искуство во Стејт департментот, Хак извршувал раководни функции поврзани со политиката на САД кон Јужна Европа и Кавказ. Неговото […]

Пит Хегсет ѝ досади на американската јавност и може да стане жртвено јагне на Трамп


Неодамна Пентагон повлече околу десетина бомбардери на американските воздухопловни сили од воздухопловната база Ферфорд во Британија. Според извори кои разговарале со *The Wall Street Journal* и други медиуми, американската војска стравувала од напад со ирански беспилотни летала – веројатно по примерот на минатогодишната смела операција „Пајакова мрежа“ (Spiderweb), во која Украинците користеле беспилотни летала скриени […]

Засега без хрватски компании на белградското ЕКСПО


Организаторите на ЕКСПО 2027, кој следната година ќе се одржи во Белград, вчера ги поканија хрватските компании да соработуваат и да учествуваат во деловните можности што треба да ги отвори овој меѓународен саем. Иако сè уште немаат договор со ниту една хрватска компанија, се надеваат дека туристичкиот сектор ќе покаже интерес, имено агенциите и туроператорите […]

Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто


Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет […]

Колку го користиме потенцијалот на е-трговијата и вештачката интелигенција? Најновите трендови, предизвици и можности во фокусот на деветтата регионална конференција за е-трговија


И покрај напредокот во дигиталната поврзаност, Западен Балкан сè уште заостанува во искористувањето на можностите на е-трговијата. Дигиталните вештини, навиките за плаќање и подготвеноста на компаниите за дигитална трансформација се меѓу клучните предизвици што ќе бидат во фокусот на деветтата Регионална конференција за е-трговија, на 3 ноември во Скопје. Земјите од Западен Балкан бележат значителен […]

Хилари Свонк очекува трето дете на 53 години


Лос Анџелес – Хилари Свонк објави дека е бремена и дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер го очекуваат своето трето дете, кое треба да се роди во декември. 52-годишната актерка ја сподели веста на Инстаграм во среда, со видео од нејзиното танцување со семејството. На неа и на нејзиниот сопруг во видеото им се […]

Фестивал на улична уметност French Connection на 16 и 17 октомври – прв проект на Француски институт и Фондацијата „„Скопје ЕПК 2028“


Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Град Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, го најавуваат првото издание на Фестивалот на улична уметност French Connection, кое ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2026 година во Скопје. Фестивалот е прва иницијатива во рамките на соработката помеѓу […]

Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција


Повеќе од 160 здравствени работници и соработници од целата држава минаа низ регионални обуки за борба против корупција во здравството. На обуките учествуваа доктори, медицински сестри, акушерки, психолози, социјални работници и административен персонал, а се одржаа во осум градови во сите плански региони во Македонија. Ова е дел од активностите за зголемување на капацитетите на […]

Емилија Алексовска и Џоко Диков – кандидати за член на Судскиот совет


 Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласови „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната седница ги утврди предлог кандидатите – Емилија Алексовска, адвокат од Куманово и Џоко Диков, адвокат од Струмица за член на Судскиот совет. Кандидатката му коментирала на премиерот „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“ […]

Во Охрид нападнати ученици на екскурзија со своите професори


Група непознати ноќеска нападнале ученици од Скопје додека се движеле со своите професори на екскурзија во Охрид. „На 15.10.2026 во 01 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата ‘Св.Климент Охридски’ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се движеле по улицата. Се работи […]

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ утре ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет


Новата стручна книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана утре (петок, 16 октомври), со почеток во 10:30 часот, во амфитеатарот на Стоматолошкиот факултет во Скопје. На настанот ќе се обратат деканката на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Соња Апостолска, промоторите проф. д-р Дејан Марковиќ, кој специјално за оваа пригода доаѓа од Белград, […]

Луна-паркот недостижен како Месечината


Само на ветувања остана изградбата на луна-паркот во Скопје! Покрај ветувањето за панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити, актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој и во предизборната кампања често ја споменуваше изградбата на луна-паркот, во декември лани најави дека почнува изградбата, а дополнително рече дека паркот ќе биде прилагоден и […]