Oтворено советувалиште на ХЕРА за жени во перименопауза


  Жените кои минуваат низ перименопауза ќе можат да добијат стручни информации, советување и индивидуални насоки за грижата за своето здравје во новото Советувалиште за перименопауза на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, кое денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. Преку разговор со гинеколог и матичен лекар, […]

Викенд исполнет со семејни насилства


Повеќе случаи на семејно насилство се пријавени во полиција во текот на викендот.  На 18.10.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.А. (48) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна […]

Дизелот поскап за 2 денари, бензините поевтини за 2,5 денари


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 96,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]

Марин Ле Пен се топли на огновите во Франција


  На прашањето дали немирите од овој викенд во Франција ќе ѝ донесат корист на неговата партија Национален собир на претседателските избори следната година, нејзиниот лидер Жордан Бардела истакна дека фокусот треба да биде ставен на материјалната и симболичната штета, а не на политичката добивка. Сепак, неколку часа подоцна, вистинскиот шеф на партијата, Марин Ле […]

Од 20 октомври, членовите на МАПАС со бенефициран стаж да приложат изјава за задолжителниот пензиски фонд


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 октомври 2026 година […]

Фотографијата која покажува како пука балонот на Трамп


  Понекогаш една единствена искрена фотографија ја доловува суштината на претседателствувањето и портретот на цела ера подобро од стотици анализи, пишува Морин Дауд, долгогодишна колумнистка за „Њујорк тајмс“. Тоа се случи кога Линдон Џонсон ги повлече ушите на своето куче пред камерите во знак на сурова доминација, или кога на Џорџ В. Буш му шепнаа […]

Од Тејлор Свифт до Шарлиз Терон: Гала вечер на Филмскиот музеј во Лос Анџелес


Лос Анџелес – Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ. Напредни модни стилови, директно од пистите за пролет 2027 година, беа искомбинирани со парчиња од архивите и креации изработени по нарачка кај ѕвездите што прошетаа на црвениот тепих на саботната гала-вечер на Музејот на Академијата. Ако постоеше некаква заедничка нишка во многу од […]

Усвоен Законот за државна ревизија, ДЗР самостојно ќе одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма


Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на  Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства. Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка […]

ПП обрасците ќе се менуваат, ќе се применат нови стандарди во платниот промет, но сметките на граѓаните и фирмите остануваат


Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки. Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната […]

МОН воведува функционални регистри за кариерни советници во училиштата


Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во […]

Ако административецот две години по ред добие оценка „1“ останува без работа


  Собранието ги донесе измените и дополнување на Законот за административни службеници и измени на Законот за административни службеници, двата по скратена постапка.  Предложените законски решенија имаат за цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво […]

Маск: На секое дете во САД ќе му подарам по една од своите акции во СпејсИкс


СпејсИкс на Илон Маск и компанијата за технологија за вештачка интелигенција Антропик објавија големи донации во форма на свои акции во време кога технолошките гиганти се соочуваат со зголемен притисок поради можните последици од вештачката интелигенција за човештвото. Маск објави дека следната година ќе му даде на секое дете во САД по една од неговите […]

ВМРО-ДПМНЕ ги објави гласовите на болните во Брвеница пред да бидат избројани од ДИК, обвини СДСМ


  Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска изјави дека на 17 октомври гласаа болните и изнемоштените во Брвеница. 85 од 88. Веднаш по гласањето, во сабота, на социјалните мрежи профилите на ВМРО-ДПМНЕ ги поделиле бројките. Таа наведе дека веднаш по затворањето на избирачките места порталот „Република“ ги објави резултати: 50 гласа за нивниот кандидат, 20 […]

Која е приказната зад сликата „Шахисти“ на Мартиноски, најскапата продадена на аукција во странство?


Сликата „Шахисти“ на македонскиот сликар Никола Мартиноски беше продадена за 44.000 евра на аукција во францускиот град Тулуз. Делото, кое претходно беше проценето на 4.000 до 6.000 евра, достигна цена десетпати повисока од проценaта, а со провизијата за аукциската куќа конечниот износ за купувачот изнесува околу 55.000 евра. Аукцијата ја организираше француската аукциска куќа „Camille […]

Алкалоид со втора максимална победа на ЕКК во шах


 Второто коло од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува во Будва, Црна Гора, донесе нови сигурни победи за фаворитите, меѓу кои и за ШК Алкалоид. Македонскиот шампион играше против 30-рангираниот клуб Бреидаблик, најдобриот претставник на Исланд, и на сите шест табли беа прокнижени сигурни победи. – По два часа игра, нашите шахисти на […]

Лагард: Инфлацијата во еврозоната ќе остане висока во првата половина од 2027 година


 Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека инфлацијата во еврозоната во првата половина од 2027 година, ќе остане далеку над целното ниво  главно поради зголемувањето на цените на енергенсите, истовремено предупредувајќи на последиците од конфликтот на Блискиот Исток и неизвесноста во глобалната трговија што би можеле да го забават економскиот раст. „Се […]

Владата ќе преговара со ОКТА за дополнителен попуст за горивата


Владата денеска има седница и продолжуваат преговорите со снабдувачот ОКТА за дополнителен попуст, најави денеска од општина Чешиново-Облешево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој даде одговор на прашањето  дали ќе продолжат мерките за поевтина нафта по 20 октомври. Премиерот Мицкоски рече дека се блиску до постигнување договор за намалување на цената на дизелот. – Денеска […]

Искршени заби и други сериозни повреди: Група од околу 15 малолетници со метал претепале 13-годишник во Влае


13-годишно дете било претепано од група малолетници во скопската населба Влае, објави порталот „Скопје1“. Според информациите до кои дошол порталот, во нападот учествувале околу 15 малолетници, а детето се здобило со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Во настанот, според сведоштва за „Скопје1“, детето било тепано со метал. Нападот се случил во саботата на плоштадот […]

Разорно невреме ја погоди Шпанија: Загинаа две лица, евакуации во повеќе региони


Разорно невреме ја погоди Шпанија: Загинаа две лица, евакуации во повеќе региони Силно невреме проследено со обилни врнежи и разорни поплави ја погоди Шпанија, при што загинаа две жени, а во повеќе региони е причинета голема материјална штета. Надлежните служби и војската се ангажирани во спасувачки акции и расчистување на последиците од невремето. Поројните дождови […]

“Сѐ што остана беше приказна“ – нов филм на Лидија Мојсовска снимен на Јабланица, во Слоештица и во Струга


На 1700м надморска височина, на Јабланица, заврши снимањето на краткометражниот игран филм “Сѐ што остана беше приказна“ инспириран од контроверзни вистински настани, во режија на Лидија Мојсовска, а во продукција на МИНИМАЛ КОЛЕКТИВ И КОПРОДУКЦИЈА НА СИКОНИА ФИЛМ И КОНТРАСТ ФИЛМ. Лидија Мојсовска, режисерката која е еден од основачите, креативен продуцент на филмскиот фестивал “ДРИМ ШОРТ […]