Приватните автобуси повторно ги нема, скопјани се начекаа утрово


Скопјани утрово беа оставени само на автобусите од јавниот градски превоз, додека приватните автобуси воопшто ги немаше. Имено, дел од граѓаните се пожалија на социјалните мрежи. Еден жител на волково пишува дека  од 6:15 часот чекал автобус, а повеќе од 40 минути немало превоз. „Приватните превозници изгледа не возат денес. Од 6:15 чекаме автобус. Во […]

Платформата го напаѓа СДСМ и за Брвеница. СДСМ ги обвини дека се сателити на Мицкоски


  СДСМ ретко имал некој поголем успех на локалните избори во Полог, а особено во општината Брвеница. Сегашниот резултат од првиот круг на изборите за градоначалник (кандидатот на СДСМ е четврти) за Платформата за промени во партијата беше дочекан како можност за нов силен напад врз раководството. Од СДСМ ѝ одговорија на Платфромата дека е […]

Светската програма за храна ќе ја прекине помошта за 500.000 лица во Газа поради недостиг на средства


Газа – Светската програма за храна (WFP) на ОН денеска  соопшти дека ќе ја прекине месечната помош за 500.000 луѓе во Газа поради недостиг на средства, притоа предупредувајќи дека потребите остануваат критични. „Почнувајќи од овој месец, ја укинуваме помошта за половина милион луѓе од вкупниот број на оние на кои им помагаме“, изјави Шон Хјуз, […]

Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени херои на ФАО, признание за нејзиниот придонес во земјоделството


Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е меѓу 100-те жени од целиот свет избрани во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. На 15 октомври таа ја претставуваше Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето […]

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжува до 20 април 2027


 Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година. Во рамки на 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за […]

Писателката Ане Бјорн од Данска доаѓа во Скопје со четири работилници за деца


Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн на 20 и 21 октомври ќе престојува во Скопје, каде што ќе одржи четири креативни работилници за деца во соработка со училишта и библиотеки, а инспирирано од нејзината книга „Магичен поглед“. Работилниците ќе им овозможат на најмладите читатели да ја истражуваат моќта на цртањето и раскажувањето, да ја развиваат […]

Фолксваген планира да ги замрзне платите до 2030 година


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на голем дел од своите вработени низ целиот свет до 2030 година како дел од својата програма за штедење, објави весникот „Зидојче цајтунг“ во своето денешно издание, повикувајќи се на интерни документи. Според публикацијата, одбивањето да се зголемат платите може да доведе до пад на […]

Германија и Франција бараат продажбата на бензински и дизел автомобили да продолжи и по 2035 година


Германија и Франција постигнаа договор за ублажување на европските правила со кои беше предвидено практично да запре продажбата на нови автомобили со бензински и дизелски мотори од 2035 година. Двете најголеми автомобилски сили во Европската Унија сега предлагаат ваквите возила, како и хибридите, да можат да се продаваат и по утврдениот рок. Договорот е постигнат […]

(Видеа) Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз. Туристите не можат да влезат во музејот


Демонстрантите денес ги блокираа влезовите во музејот Лувр во Париз за да покажат поддршка на националното движење на средношколците и да ја осудат полициската репресија. Управата на музејот и синдикатите потврдија дека институцијата не може да се отвори во закажаното време поради ова, пишува Euronews. Администрацијата додаде дека протестот го воделе студенти на Ecole du […]

Дојави за бомби во училишта во Белград и Нови Сад: Учениците евакуирани од зградите


Заканувачки пораки пристигнале на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Србија. Полицијата ги проверува објектите, а во дел од училиштата учениците се евакуирани од претпазливост. Повеќе училишта во Белград и во Јужнобачкиот округ, вклучително и во Нови Сад, денеска, 19 октомври, добиле дојави за поставени бомби, објави „Еуроњуз Србија“. Во Белград, пораките […]

Кучиња нападнаа мајка и дете кај Цементара, преполната Лајка апелира на одговорност


Скопјанка со седумгодишно дете избегнала напад со бегство на сообраќајница кај Цементара, додека стационарот со 180 кучиња работи со полн капацитет. Мајка со своето седумгодишно дете за влакно избегнала сериозен напад од три кучиња на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода. За да се спасат од животните, тие биле принудени да истрчаат директно […]

ФМУ – Скопје со концерт на Катедрата за популарни жанрови одбележува 60 години постоење


По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер, во 19, 30 часот ќе се одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, во рамки на концертната серија под мотото „Една сцена, шест децении музика“. На сцената ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички […]

Се разведува познатиот тениски пар Свитолина – Монфис


  Украинската тенисерка Елина Свитолина објави дека се разведува од францускиот тенисер Гаел Монфис, по пет години брак. Таа ја сподели веста преку објава на социјалните мрежи. „Ова е најтешката работа што некогаш сум морала да ја споделам со јавноста“, напиша Свитолина, откривајќи дека војната во Украина оставила сериозни последици врз нејзината емоционална состојба. „Гаел […]

Кои се омилените брендови на македонските потрошувачи? Почна јавното гласање за Superbrands Macedonia 2026/2027


Секојдневно избираме производи и услуги на кои им веруваме, се враќаме на брендовите со кои имаме добро искуство и ги препорачуваме оние што ги исполнуваат нашите очекувања. Токму овие искуства и перцепции се важен дел од приказната за секој успешен бренд, а од вчера, 18 октомври, потрошувачите имаат можност и директно да го искажат своето […]

Студија: Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините


Климатските промени сè посилно ги погодуваат европските градови и сериозно го загрозуваат здравјето на нивните жители. Смртноста поврзана со големите жештини расте во речиси сите градови, а посебно е погодена Јужна Европа, покажува новото научно истражување објавено во списанието The Lancet Public Health. Истражувањето го спроведе конзорциумот Lancet Countdown Europe, кој анализираше 28 показатели поврзани […]

Улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче без вода поради дефект


 Поради уличен дефект на улицата „Тодор Чангов“, прекинато е водоснабдувањето за дел од нејзините корисници, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според соопштението, водоснабдувањето е прекинато од 10 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

ДУИ презадоволна од резултатот во Брвеница


  Опозициската ДУИ го поздравува резултатот постигнат од кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, на изборите за градоначалник на Општина Брвеница. Во соопштението од партијата се вели дека „пласманот во вториот круг е доказ за поддршката од граѓаните и за важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што им […]

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти


Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2.000 шахти. Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, соопштија денеска од Општина Центар. – Ова е редовна дератизација […]

Промоција на книгата „Венец за Искра“ од Милан Јазбец во КИЦ Скопје


Во Културно-информативниот центар – Скопје, вечер, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Венец за Искра – Venec za Iskro“ од словенечкиот дипломат, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец.  Станува збор за двојазична словенечко-македонска стихозбирка, посветена на Искра Чоловиќ (1960–2023), доајен на македонското радио-спикерство, новинар, публицист и личност препознатлива по својата харизма, ведрина и […]

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја. Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот […]