Германската „Циганска супа“ – навреда за Ромите и Синтите
Натписот „Циганска супа“ („Zigeunersuppe – Зигојнерзупе“) на еден автомат за продажба, којшто според наводите, се наоѓа во Градската болница „Дрезден-Фридрихштат“ во Дрезден, Германија, предизвика дебата на социјалните мрежи во Германија. Критиките се однесуваат на поимот што многу етнички Роми и Синти го сметаат за навредлив и дискриминаторски, со оглед на неговата историска поврзаност со предрасуди и прогон.
Името „Зигојнер“ („циган“) историски се користел за означување на Ромите и Синтите. Денес, сепак, многу припадници на овие заедници денес го доживуваат како погрден збор. „Зигојнерзупе“ е супа или чорба со мелено месо, кромид, пиперки, доматен сос и зачини. Изразот долго време е присутен во готварските традиции на германското говорно подрачје, но неговата употреба сè почесто се доведува во прашање. Управата на Градската болница во Дрезден реагираше на јавните критики, наведувајќи дека сериозно пристапуваат кон ова прашање. Според наводите, покрената е истрага за да утврди каде точно апаратот се наоѓа и одговорноста за него.
– Сакаме активно да придонесеме за расчистување на овој случај. Апаратот прикажан на фотографијата за нас е непознат. Откако ќе се соберат потребните информации, ќе се разгледаат околностите и ќе се преземат соодветни мерки, изјави претставничка на болницата за германскиот портал „TAГ-24“.
На контроверзниот натпис укажаа профили на социјалните мрежи коишто се сосредоточуваат на разоткривање на говорот на омраза и дискриминацијата. Во својата објава, тие го критикуваа фактот дека производ со такво име наводно се нуди во автомат за продажба во болницата.
Авторите на објавата, со доза иронија, забележаа дека понудата во апаратот како да е заглавена во 1970-тите години – иако веќе е 2026 година. Тие истакнаа дека е неприфатливо современа медицинска установа да користи назив што одреден дел од населението го доживува како навредлив, и ја повикаа болницата да ги преиспита натписите на своите автомати.
По одговорот од болницата, граѓаните и интернет-кориниците ја пофалија брзата реакција на болницата.