Шефот на АфД: Не плашете се


  Копретседателот на AfD, Тино Чрупала, утрово изјави дека луѓето кои се плашат од неговата партија не треба да се плашат. Во интервју за германскиот јавен радиодифузен сервис ARD, една водителка го праша за родителите на деца со попреченост, кои би можеле да бидат исклучени од редовните училишта според политиката на AfD, како и за […]

Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија


Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го започнаа првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во земјава, активност што ќе обезбеди попрецизни податоци за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на овој строго заштитен вид. Генетскиот мониторинг ќе ја опфати динарско-пиндската популација на кафеавата мечка, која се протега од […]

Поранешната данска кралица која абдицираше повторно е хоспитализирана


Поранешната данска кралица Маргарет II, која абдицираше пред две години, повторно е хоспитализирана, објави вчера кралското семејство. Данската новинска агенција Рицау објави дека Маргарет е однесена во болница поради хематом во колкот и блага дехидратација. Палатата соопшти дека поранешната кралица ќе биде задржана за понатамошни прегледи и набљудување во Универзитетската болница Ригшоспиталет во Копенхаген. Таа […]

Гори нискостеблеста шума и сува трева во пожарот кај кумановско Руѓинце


Околу 200 хектари сува трева и нискостеблеста шума биле опожарени во атарите на селата Руѓинце и Орах, во Општина Старо Нагоричане. Во гаснењето на пожарот интервенирале пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, ТППЕ Куманово и ТППЕ Ранковце. Од РЦУК Куманово информираат дека интервенцијата траела од 14:00 до 03:00 часот, при што биле ангажирани три противпожарни возила […]

Иран најави „зона на забрана“ вон Ормуската Теснина, ќе опфаќа делови од Заливот


Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, денеска изјави дека Техеран во наредните денови ќе прогласи „зона на забрана“ вон Ормуската теснина, почнувајќи од линијата на американската поморска блокада. Тој исто така рече дека Иран за првпат тестирал противбродски проектил против американски воен брод. Резаи за иранската државна телевизија изјави дека […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


  АРМ информира дека денес, 7 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единицата на Артилерискиот баталјон на Армијата, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.  Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат […]

Влатко Стефановски најави специјална Acoustic Night со пријатели во декември во Филхармонија


Откако ја воодушеви публиката на големиот концерт во Скопје, каде што настапи заедно со светската оперска легенда Хозе Карерас во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Северна Македонија, Влатко Стефановски најави нов музички настан кој на 17 декември повторно ќе ја собере неговата публика во Македонската филхармонија. Еден од најзначајните гитаристи од овие простори […]

(Видео) Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД


Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ вчера се урна на аеродромот во Мајами, соопштија американските власти. Уште пет лица се повредени и хоспитализирани, соопштија властите на округот Мајами-Дејд на прес-конференција. Авионот излетал од пистата по слетувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами по летот од Порторико, соопшти Американската федерална управа за авијација (ФАА). Портпаролката на […]

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје – апел да се доаѓа без возила, предвреме, а вратите ќе бидат отворени од 17 часот


    Во координација со МВР, „Авалон“ информира дека замената на влезници за нараквици за концертот на David Guetta на 8 септември на стадионот „Тодор Проески“, ќе биде возможна и во вторник (08.09.), од 10 до 17 часот, на локацијата Градски парк – Вембли во Скопје. ВАЖНО: ВРАТИТЕ НА СТАДИОНОТ „ТОДОР ПРОЕСКИ“ НА 8 СЕПТЕМВРИ […]

Германија до 2029 година би можела да се соочи со недостиг од 723.000 квалификувани работници


Германија до 2029 година би можела да се соочи со недостиг од околу 723.000 квалификувани работници, што е речиси двојно повеќе во споредба со регистрираниот недостиг од околу 370.000 работници во 2025 година – покажува најновата студија на Институтот за германска економија (ИВ / IW), кој е поврзан со работодавачите. Според проекциите на ИВ, најголем […]

Сите гласови се преброени. АфД има историска победа, но и проблем


Партијата Алтернатива за Германија (AfD) постигна историска победа во источногерманската покраина Саксонија-Анхалт. Партиските лидери и нејзиниот кандидат беа воодушевени кога ги видоа објавените резултати. Со овации и поздравувања, тие ја прославија историската победа. Според прелиминарните, речиси конечни резултати, тие освоија 43,8 проценти од гласовите, што им даде 39 од 83 места во покраинскиот парламент, само […]

Ким Џонг-Ун планира да ја развие севернокорејската морнарица во нуклеарна силаe


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на натамошно развивање на морнарицата на земјата во сила способна за носење нуклеарно оружје, јавија денеска државните медиуми. Ким ги дал овие коментари вчера додека го пушташе во употреба новиот поморски разурнувач „Канг Кон“, јави државната новинска агенција КЦНА. „Разурнувачот од новата генерација треба да им зададе смртоносен одмазднички удар […]

Фон дер Лајен ќе објави инвестиции на ЕУ во Гренланд


Европската Унија и Гренланд денеска треба да потпишат договор со кој се зајакнува нивната соработка, пренесе ДПА. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојува во посета на главниот град Нук за да потпише нова декларација меѓу ЕУ и Гренланд. При потпишувањето се очекуваат и ветувања за инвестиции од ЕУ во трицифрен милионски износ. […]

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“


По езерото, протокот и заливот, Доналд Трамп предложи да биде преименувана и една американска сојузна држава, односно Њу Мексико да стане „Нова Америка“. „Многу луѓе предложија да го промениме името на Њу Мексико (…) во НОВА АМЕРИКА“, напиша републиканскиот претседател на својата социјална мрежа Трут соушл. „Тоа е толку попрестижно и поубаво за жителите на […]

Индонезија: Поради ерупција на вулканот Анак Кракатау затворени осум аеродроми


Ерупцијата на вулканот Анак Кракатау и денеска предизвикува големи нарушувања во авионскиот сообраќај во Индонезија, при што повеќе од 1.500 летови и околу 170.000 патници досега се погодени, соопшти индонезискиот министер за транспорт Дуди Пурваганди. Осум аеродроми, меѓу кои и меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“ во Џакарта, привремено го прекинаа авиосообраќајот поради густиот облак од вулканска пепел. […]

Без струја денеска дел од корисниците во Сопиште и Ѓорче Петров


Без струја денеска од 9 до 13 часот ќе останат дел од корисниците од селото Ракотинци, во месноста Црвена Прс, во Општина Сопиште. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 9 до 14 часот ќе останат и корисниците лоцирани во близина […]

Талентирани ученици на прием кај претседателката Сиљановска-Давкова по повод Денот на независноста


По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од независноста на државата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Водно ќе прими талентирани ученици и нивните ментори од основните и средните училишта, кои во учебната 2025/2026 година учествувале на меѓународни научни олимпијади и натпревари, при што дел од нив освоиле медали, награди и признанија. […]

Во Загреб ќе биде одбележан Денот на независноста со изложба на Државниот архив и концерт на хорот „Про Арс“


По повод 8 Септември – Денот на независноста, Државниот архив на Македонија, во соработка со Хрватскиот државен архив, Амбасадата на Македонија во Хрватска и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, денеска ќе организира свечен културен настан во хрватската престолнина. Настанот ќе се одржи во Хрватскиот државен архив во Загреб со почеток во 19 часот, а […]

Наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар ќе има две изведби во МНТ


Поради големиот интерес на публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе биде изведена денеска и на 9 септември во 20 часот во Македонскиот народен театар. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а главната улога ја толкува Никола Ристановски. Драматизацијата е работена според текстот на Стеван Копривица, инспириран од романот […]

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби. На претходното рочиште, Судот ја одложи главната расправа со образложение дека на обвинетите и нивните бранители треба да им се овозможи дополнително време за увид во […]