Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години


Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми. Во писмото, Макрон побара мерки за „заштита на сите деца во Европската Унија“, нагласувајќи дека смета на „експертизата и активното учество“ […]

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.  Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на државава, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот […]

Виткоф: Постигнат е значаен напредок во преговорите за Украина


Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека, по разговорите на високо ниво во Москва и Киев, е постигнат значителен напредок во напорите за прекин на конфликтот во Украина. Виткоф на социјалната мрежа X изјави дека разговорите на американската делегација во Киев се одржале во две рунди. За време на втората рунда, […]

Во Тирана одржан 100-тиот протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан


Синоќа во Тирана се одржа 100-от граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, кои се заштитени подрачје. Учесниците првично се собраа на плоштадот Скендербег, каде што го изразија своето незадоволство, потоа, со национални знамиња и силни повици против владата, тие се упатија кон булеварот „Народни херои”, задржувајќи се, како и до […]

Москва не чекаше долго: Балистички ракети врз Киев по заминувањето на американските преговарачи


Русија и денеска изврши напади од воздух врз украинскиот главен град Киев, кратко по заминувањето на американските мировни преговарачи, напаѓајќи го градот со балистички ракети при што се ранети шест лица, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Пожари избувнаа низ целиот Киев, изјави Кличко на апликацијата за пораки Телеграм, по како што нагласи – руски напади со […]

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека цените на нафтата ќе паднат кога САД ќе ја добијат војната против Иран. „Цените на нафтата ќе паднат, како и се друго, но уште повеќе кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе биде 3 долари за галон, но на крајот ќе биде под 2 долари за галон. […]

Канада воведе царини за американски производи, одговор на тарифите на Трамп


  Канада потврди дека нејзините царини за увоз од Соединетите Американски Држави ќе стапат на сила денес, објави ДПА. Овој потег доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го засили притисокот врз Канада, повикувајќи на исфрлање на канадскиот производител на авиони „Бомбардие“ од американскиот пазар доколку не го премести производството во Соединетите Американски Држави. Министерството за […]

Сообраќајот непречено, нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Хронологија: 35 години независна Македонија – клучни датуми и настани


11 ноември и 25 ноември 1990 – Први повеќепартиски избори Во Македонија се одржуваат првите повеќепартиски парламентарни избори, со што започнува демократската трансформација на политичкиот систем и се отвора патот кон осамостојувањето. 25 јануари 1991 – Првиот повеќепартиски состав на Собранието ја усвојува Декларацијата за сувереност на Република Македонија, со што се постави правната основа […]

Македонија одбележува 35 години независност


На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, дипломатска мрежа, безбедносен систем и економски политики. Три и пол децении подоцна, 35 години независност сведочат […]

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност


Три и пол децении откако граѓаните на Македонија на историскиот референдум од 8 септември 1991 година се изјаснија за суверена и самостојна држава. 35 години независност – јубилеј што ја сумира една од најбурните, но и најзначајни етапи во современата македонска историја. Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“, преку мирното осамостојување и тешката […]

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе […]

Рекордно висока цената на бензинот во САД за Денот на трудот


Просечната цена на бензинот во САД достигна 4,15 долари за галон (околу 3,57 евра) на Денот на трудот, што е околу 0,94 евра за литар, објави денеска Американската автомобилска асоцијација ААА. Тоа е највисокото ниво досега забележано за тој празник. Цените на бензинот се речиси еден долар повисоки за галон отколку што беа на Денот […]

Што да правите со мувла на џем и дали треба да ја фрлите целата тегла?


Сте подготвиле домашен џем, а по некое време забележувате мувла во теглата… Се поставува прашањето: што да правите – да ја фрлите целата тегла или да се обидете да го зачувате намазот? Иако порано советот беше дека отстранувањето на расипаниот дел е доволно, денес експертите не се согласуваат. Зошто отстранувањето на површината не е доволно […]

ЗНМ го осуди односот на Бобан Милошески од „Авалон“ кон новинарите


ЗНМ за односот на сопственикот Бобан Милошески кон новинарка на „Слободен печат“ реагираше со допис до „Авалон продукција“, откако на конференција за медиумите посветена на концертот на Дејвид Гета по повод 35 години независност, кој се организира со државни пари, тој возврати со лична квалификација на прашање за финансиската конструкција на настанот.     Реакцијата […]

Лина Ѓорческа со убедлив старт во Анталија: Македонската тенисерка ја елиминираше седмата носителка


Лина Ѓорческа со одличен настап го започна турнирот од ВТА 125 во Анталија, забележувајќи убедлива победа против седмата носителка Миа Ристиќ од Србија. Македонската тенисерка славеше со 2-0 во сетови, 6-1 и 6-3, во меч во кој од самиот почеток ја презеде контролата. Иако Ристиќ на ВТА-листата е пласирана околу 60 места подобро од Ѓорческа, […]

Финска заврши со поставување ограда на границата со Русија


Финска, членка на НАТО, заврши со поставување ограда од 200 километри по должината на границата со Русија по две години изградба, објавија денеска финските власти. „Најважната задача на државата е безбедноста на своите граѓани“, изјави финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен. „Во овие непредвидливи времиња, оградата на источната граница е клучна компонента на ефикасен […]

Протести во Португалија поради рекордно високите цени на бензинот и дизелот


Со новиот бран поскапување на горивата во Португалија цената на дизелот е на рекордно високо ниво, поради што почнаа протести низ целата земја. Зголемувањето на цените трае цела година, а денешното зголемување на цените предизвика блокади и протестни акции. Возачите протестираа денеска со масовно свирење на мостот „25 април“, клучен за сообраќај што ги поврзува […]

Државниот завод за статистика објави публикација „35 години независна Македонија“


По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја објави публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении. -Триесет и пет години независност се повеќе од јубилеј. Тие се приказна за една држава, за нејзините луѓе, за […]

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН, билетите од четврток во продажба


Продажбата на влезниците за воведниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во Б – дивизијата во УЕФА Лигата на нации (ЛН) против Швајцарија во Скопје ќе почне в четврток, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Натпреварот е закажан за 26 септември со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Цената на влезниците изнесува […]