Земјотрес во Грција


Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,5121 и географска должина 21,3522, на 13 км од Патра. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 […]

Стартува фудбалската Лига на шампиони, минута молк за жртвите во Непал


Новата фудбалска сезона во Лигата на шампиони започнува денеска, а титулата, како и минатата сезона, ја брани француски ПСЖ. Форматот останува ист со вкупно 36 екипи кои во лигашката фаза ќе одиграат осум натпревари, по четири на домашен и гостински терен. Осумте најдобро пласирани екипи ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека екипите од деветтото […]

Божиновска за грчки енергетски портал: Со Вертикалниот коридор се позиционираме како енергетски центар за снабдување на ЈИ Европа


Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот ЛНГ. Ова е важно за граѓаните и нашата економија, но истовремено ја надградува нашата земја во транзитен центар за снабдување на Југоисточна Европа. […]

Модернизиран охридскиот аеродром, инвестирани 2,7 милиони евра, подобрени услуги за патниците


Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран е аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, којшто, доби реконструиран патничкиот терминал, со зголемен број  шалтери, проширени чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците. Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на пуштањето во употреба на […]

Главниот обвинител на Украина поднесе оставка


Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко, поднесе оставка по обвинувањата за корупција поврзани со заштита на нелегални телефонски центри и перење пари. Оставката следува откако украинските антикорупциски истражители викендов извршиле претрес во неговите канцеларии и соопштиле дека откриле криминална шема во која бил вмешан функционер од Oбвинителството. Според Националното биро за борба против корупцијата […]

Мбапе: Мислам дека годинава би можел да ја освојам „Златната топка“


Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, изрази надеж дека оваа година би можел да ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот. Минатата сезона, Мбапе постигна 42 гола на 44 натпревари, но не освои ниту еден трофеј со Реал. На Светското првенство кое ова лето се одржа во САД, Канада и Мексико, францускиот […]

Непал бара работници заробени во тунели. Кислород се внесува преку цевки


Спасувачите во Непал го фокусираа своето пребарување на три тунели за хидроелектрани каде што веруваат дека десетици работници може да бидат заробени, соопштија властите во вторник, две недели откако катастрофалните поплави загинаа стотици, а илјадници се водат како исчезнати во Непал и соседниот кинески регион Тибет. Најмалку 11 хидроелектрични проекти беа погодени на 26 август кога […]

Само пет земји-членки на ЕУ го применуваат правилото за транспарентност на платите


Повеќето европски баратели на работа не знаат колку плата можат да очекуваат бидејќи огласите генерално не ги содржат овие информации. Кандидатите вложуваат време и труд во апликации, интервјуа и тестови, а честопати ја дознаваат висината на платата дури на крајот од процесот на селекција. Европската комисија проценува дека таквата практика поттикнува дискриминација и го зголемува […]

Украле четири слики од Музејот на Реноар во Франција: Едната по пат ја изгубиле


Двајца крадци рано утрово провалиле во Музејот на Реноар во Кањ сир Мер на Азурниот Брег и украле три слики. Градоначалникот Брајан Масон го пријавил грабежот на Фејсбук. Според Масон, крадците влегле во музејот кратко пред 6 часот наутро. Тие првично зеле четири слики, но полицијата ги забележала и тргнала по нив. Крадците успеале да […]

Анкета: Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем


Задоволството на Американците од квалитетот на образованието во САД, од предучилишна возраст до крајот на средното училиште, падна на најниско ниво, поради растечките политички поделби и загриженоста дека училиштата не ги подготвуваат децата за понатамошно образование и идни работни места, јавија американски медиуми. Само 32 проценти од возрасните Американци велат дека се „целосно“ или „делумно“ […]

Бордо кармин во Венеција стана симбол на отпор кон насилството врз жените


Венеција – На црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, меѓу блицови, фустани и камери, Грета Скарано одбра да се фокусира на нешто многу поважно од модата. Таа повлече линија преку лицето со бордо кармин – гест кој стана препознатлив симбол на отпор кон насилството врз жените. Токму таму каде што обично се зборува за гламур, […]

Конгресната библиотека во Вашингтон побогата за 23 македонски книги


Конгресната библиотека во Вашингтон деновиве е збогатена со 23 нови македонски книги, што ѝ ги донира Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје публицист, автор, коавтор, приредувач и уредник на осумдесетина книги од различни области. На пригодната свеченост, одржана по тој повод на 4 септември во Секцијата за Централна и Југоисточна […]

Мјузиклот „Као какао“ ја почнува новата театарска сезона со две изведби во МНТ


Мјузиклот „Као какао“ ја почнува новата театарска сезона со две изведби, на 10 и 11 септември, во Македонскиот народен театар. -Тие ќе бидат први изведби по премиерата во јуни, кои беа проследени со исклучителен интерес од публиката и позитивни реакции, и по фестивалското лето во Битола, Охрид и Будва. Двете септемвриски изведби веќе се пред […]

Изложба од Родољуб Анастасов за 35-годишнината од независноста во КИЦ Белград


По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија, вечер во 20 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Белград, ќе биде отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на истакнатиот македонски уметник Родољуб Анастасов. Со пригодни обраќања, изложбата ќе ја отворат македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров и […]

Македонски државјанин убиен во Германија


Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија е застрелан и убиен во Берлин во раните утрински часови во понеделникот, јавуваат германските и албанските медиуми Убиството се случило околу 2:40 часот на раскрсницата меѓу улиците „Планетенштрасе“ и „Зоненалее“ во берлинската населба Нојкелн. Берлинската полиција официјално потврди дека биле испукани повеќе куршуми кон 27-годишниот маж. Тој бил […]

Скопје под силно полициско обезбедување заради диџеј Дејвид Гета: МВР нема точен список на затворени улици


МВР сè уште нема објавено кои улици точно ќе бидат затворени денес, по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје. Официјално е потврден само посебен сообраќаен режим на приодите кон Националната арена „Тодор Проески“ и на дел од булеварот „Илинден“, без прецизирани делници, часови и обиколни правци. Музичкиот настан, со кој ќе заврши програмата за […]

Речиси половина од Германците се против формирање влада на AfD во Саксонија-Анхалт


Речиси половина од Германците се противат на тоа крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) да формира покраинска влада во Саксонија-Анхалт со поддршка на други партии, и покрај убедливата победа на изборите во недела, покажува репрезентативна анкета на YouGov. Триесет и шест проценти од испитаниците веруваат дека AfD „под никакви околности“ не треба да формира влада […]

Левица: Граѓаните плаќаат, а власта се уште крие колку чини прославата за 35 години независност


Тешко дека ДПМНЕ можеше да приреди посимболична прослава на 35 години независност. Наместо државноста да ја покаже преку зрели институции, јавна одговорност и почит кон граѓанинот како носител на суверенитетот, власта избра спектакл без потреба за каква било отчетност. Така, народот повторно е третиран како декор – важен да ја финансира државата, но очигледно недостоен […]

“Скопје 2028” ги поврзува Македонија и Јапонија преку културата


Македонските уметници и културните организации добиваат можност за соработка со јапонски колеги и организации преку повикот на EU–Japan Fest Japan Committee, отворен до 30 септември 2026 година. Станува збор за поддршка на заеднички културни проекти меѓу Европа и Јапонија, што за македонската културна сцена е особено интересно во пресрет на Скопје – Европска престолнина на […]

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара


Рачни гранати беа фрлени денеска врз две продавници во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени. Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон, а во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, […]