Новите членки на ЕУ на пробација од 10 години?


  Пратениците на Европскиот парламент се доста задоволни од идејата помладите земји од ЕУ да се држат на поблиско јаже како што блокот станува поголем. Европската комисија сака драстично да го ревидира начинот на кој функционира донесувањето одлуки во ЕУ и да го прошири клубот. Најинтересно е што новите земји од ЕУ ќе бидат ставени […]

Судовите имаат 149.415 нерешени предмети во вториот квартал – неажурни се


На ниво на државата судовите во вториот квартал не успеале да го совладаат приливот на нови предмети и го зголемиле заостатокот за 2.127 предмети, беше констатирано на денешната седница на Судскиот совет кој денеска ги усвои тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април-јуни 2026 година. Согласно извештаите, судовите го започнале вториот квартал со […]

Додека не стигнат 100 автобуси за Скопје, нема да се праќаат возила во другите градови


Завршена е постапката за набавка на новите автобуси и потпишан е договорот, а во тек е рокот за нивна испорака – изјави денеска градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека главниот град ќе има приоритет во распределбата на возилата. – Скопје од тие 150 автобуси го има приоритетот, односно додека не се исполни квотата […]

„Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена“: Игор Ивановски од Платформата за членството во Унијата


  Некои работи станаа појасни од дејствувањето на Платформата за промените во СДСМ по синоќешното гостување на нејзиниот предводник, Игор Ивановски, во емисијата „Директно“ на Телма. Освен општите залагања за креирање нови политики, формирање на опозициски фронт, во кој СДСМ ќе биде само еден дел, Ивановски го претстави неговиот став околу приближувањето кон ЕУ и […]

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи, откако признала вина


Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добиле затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци, додека второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на по една година и три месеци затвор. За сите тројца е […]

ЕУ ќе им даде на земјите-кандидати пристап до единствениот пазар – ако не споделуваат со „непријателските земји“


  ЕУ планира да им даде на земјите-кандидати поран пристап до единствениот пазар, истражувачките програми и индустриската соработка пред полноправното членство. Придобивките би зависеле од усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, санкциите, контролата на извозот и заштитата на чувствителните технологии, а би можеле да бидат суспендирани доколку земјите не ги исполнат условите. Украина, Молдавија, Албанија […]

„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии


Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41.издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Организаторите во соопштението информираат дека повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во […]

Левица Град Скопје: Да се укине групното поставување советнички прашања – трет пат нема да дозволиме нормална седница


Утре Советот на Град Скопје повторно ќе одржи седница посветена на советнички прашања, a пред нејзиното одржување, советничката група на Левица уште еднаш јавно бара да престане практиката на групно поставување и групно одговарање на советничките прашања, против која реагираат веќе две последователни седници. „Советничките прашања постојат за советникот непосредно да побара отчет, да го […]

Кои културни проекти ќе добијат државни пари? Отворени конкурсите за 2027 година, еве ги новите правила


Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Системот за електронско пријавување ќе биде отворен до 30 октомври 2026 година, […]

Ѓорѓиевски бара комунална полиција – изречени казни од 80.000 евра за фрлање отпад


    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека во изминатиот период се изречени казни во вредност од над 80.000 евра за правни субјекти кои несовесно постапувале со отпадот. Според него, за поефикасна борба против дивото депонирање неопходно е формирање комунална полиција. Одговарајќи на прашање за забраната за фрлање отпад по 22 часот, Ѓорѓиевски […]

Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум


Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави денес министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево.  На […]

Грејната сезона започнува на 15 октомври


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека грејната сезона 2026/2027 година официјално ќе започне на 15 октомври 2026 година и ќе трае до 15 април 2027 година. Сепак, греењето може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е […]

Тргнати решетките од Македониумот во Крушево


Тргнати се решетките од галериите со витражните композиции на сликарот Борко Лазески на Македониумот во Крушево, уметничко-архитектонско ремек дело на тандемот Јордан и Искра Грабулоски кој се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот, каде се наоѓа и гробот на револуционерот Никола […]

Македонија2025 доделува стипендии за Универзитетот Квинс во Канада


Mакедонија2025 го објавува новиот отворен повик за стипендии за образовната програма за извршно образование во Канада за 2027 година, наменета за искусни професионалци, менаџери и лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и стратешки вештини и да стекнат нови знаења применливи во нивните организации. Преку оваа програма, Mакедонија2025 ќе додели до 6 деловни стипендии […]

По речиси 50 години ТС „Дуброво“ конечно впишана во државна сопственост


По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа. […]

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од гласање на дијаспората, СДСМ – од бојкотот


ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за гласање на дијаспората електронски или по пошта и подготвена е да даде поддршка за јавното финансирање на политичките партии, предлог што доаѓа од Левицата и ДУИ – изјави претпладнево Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работната група за реформи во изборното законодавство, која има работен состанок […]

Јордан Симонов e новиот уметнички директор на МНТ


  Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар. Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него […]

Убиен бугарскиот бизнисмен Илијан Филипов, сопственик на ФК Ботев Пловдив


Бугарската јавност е вознемирена по убиството на 53-годишниот бизнисмен Илијан Филипов, кој во текот на ноќта бил застрелан во Пловдив. Филипов беше еден од сопствениците на транспортната компанија „ПИМК“, една од најголемите во Бугарија, а воедно беше и сопственик на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив. Според првичните информации од истрагата, нападот се случил околу 1 часот […]

И Велика Британија размислува за враќање во ЕУ


Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека обидот за повторно зачленување во Европската Унија би можела да биде една од опциите што неговата влада ќе ги разгледува, додека земјата се стреми кон суштинска промена во односите со блокот. На годишната конференција на владејачката Лабуристичка партија во Ливерпул, Бернам изјави дека договорот за брегзит постигнат од Конзервативците […]