(Видео) Обилни дождови ги опустошија Индија и Непал: Најмалку 19 мртви, десетици исчезнати


Обилни дождови и бури предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од Индија и соседен Непал, при што загинаа најмалку 19 лица, а 10 работници се водат како исчезнати, откако реките се искачија над опасното ниво, соопштија властите. Во индиската федерална држава Утар Прадеш, 15 лица загинаа, а пет се повредени во изминатите 48 […]

Конфликт во Северна Ирска: Протестантите дојдоа во католички град за да одржат парада, 2.000 луѓе блокираа улици


Близу 2.000 демонстранти ја блокираа рутата до католичката населба во северноирскиот град Портадаун, низ која требаше да помине протестантска парада во недела наутро, марш кој историски е жариште на конфликт меѓу овие групи. Комисијата за паради на Северна Ирска во петокот ѝ дозволи на протестантската група „Оринџ ред“ да маршира по патот Гарваги, католичка енклава […]

Хаос во Италија поради одлуката на синџир бензински пумпи


Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема вознемиреност на италијанскиот пазар на горива. Компанијата одлучи да ги ограничи цените на бензинот и дизелот на своите бензински пумпи во текот на 30 дена, што возачите го поздравија, но конкурентите предупредуваат дека овој потег би можел сериозно да го наруши пазарот. Ени објави дека од 28 септември […]

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат


 Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, и извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеј, се повикани да се појават пред австралиска сенатска анкетна комисија за вештачката интелигенција. Повиците доаѓаат по откритието дека автономен агент на OpenAI пристапил до базата на податоци на системот за здравстено осигурување Medicare. Јавните расправи ќе се одржат во Канбера в четврток, […]

Претседателот на Казахстан го разреши министерот за одбрана откако настрадаа 14 војници


Претседателот на Казахстан, Касим-Џомарт Токаев, го разреши министерот за одбрана Даурен Косанов, неколку дена откако 14 припадници на армијата на земјата настрадаа за време на воена вежба. Според друг претседателски декрет, Аидос Мирзахметов, поранешен командант на силите за специјални операции, е назначен за нов министер за одбрана на Казахстан. Министерството за внатрешни работи на Казахстан […]

Инцидент во близина на воена база во Британија, уапсени шест лица евакуирани и жители


Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи во близина на воена база (РАФ Фаирфорд) под сомнение за подготовка на напади со експлозив. Воени експерти проверија неколку возила откако беа заострени безбедносните мерки во британската воздухопловна база Ферфорд, што ја користат американските воздухопловни сили. Британската влада им дозволи на САД да ја користат базата во југозападна […]

Батлер и Грин изразија желба да се пензионираат во Голден Стејт


Кошаркарите Џими Батлер и Дрејмонд Грин, изразија желба да се пензионираат во Голден Стејт. Сепак, задржувањето на двајцата ветерани во составот на Вориорс би можело да бара од нив да прифатат „значително намалени“ плати. Батлер, кој продолжува да се закрепнува од скинат преден лигамент, влегува во последната година од неговиот договор, кој ќе му донесе […]

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема


Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам, при што се оштетени повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема. Од Општина Карпош посочуваат дека секоја година се издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, како и за поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема. Сепак, вложувањата во […]

Автобус со туристи се преврте во Баварија, Германија, има загинати и повредени


уристички автобус се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое во Баварија рано утрово. Две лица загинаа, а 26 се повредени, од кои едно е во животно загрозувачка состојба. Несреќата се случила кратко по 6 часот, објавува „Билд“ . Автобусот, со италијанска регистрација, превезувал помеѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од […]

Светски ден на туризмот: 741.446 туристи ја посетиле Македонија за седум месеци


 По повод 27 септември – Светскиот ден на туризмот, Министерството за култура и туризам упатува искрени честитки до сите туристички работници, чинители во туристичкиот сектор и граѓани кои со својата посветеност, знаење, труд и гостопримство придонесуваат за развојот и меѓународната промоција на македонскиот туризам, пишува во денешното соопштение. – Овогодишната тема, утврдена од Светската туристичка […]

Суд во Северна Ирска одобри протестантска поворка низ католичка област


Протестантска поворка може да помине низ католичка област, пресуди Високиот суд на Северна Ирска рано утрово, поништувајќи ја привремената забрана за високо чувствителната поворка во област што историски е место на судири. Високиот суд го отфрли новото барање за спречување на Портокаловиот ред да помине низ областа Портадаун откако Апелациски суд ја укина привремената забрана, […]

Швајцарија ќе гласа за забрана за соработка со НАТО и воведување санкции


Швајцарците денес гласаат на референдум за уставни измени што драстично би ја заостриле нејзината политика на неутралност. Предлогот би ѝ забранил на земјата да соработува со НАТО и да воведува економски санкции што не се одобрени од Советот за безбедност на ОН. Иако Швајцарија е меѓународно призната како неутрална држава од 1815 година, начинот на […]

Двесте и десет „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“


Под мотото „Збор на денот: заедница“ вчера во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња. Како што се наведува во соопштението на „Лајка“ благодарение на заедничкиот труд, беа подготвени и поделени вкупно 210 оброци. Со полна чинија […]

„Насмеани капки“ од Тарапуза во „Матица македонска“: Стихови што се паметат со насмевка


  Новото издание на „Насмеани капки“ од Стојан Тарапуза е достапно во книжарниците на „Матица македонска“. Објавена од „Панили“, оваа препознатлива книга од македонската поезија за деца и од лектирниот избор за најмладите читатели повторно го отвора светот на поетот кај кого и најмалото нешто може да стане големо откритие. Звучна, разиграна и полна со […]

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово


 Девет лица се уапсени на северот во Косово под сомнение дека извршиле воени злосторства, јави приштинската телевизија Клан Косова, пренесе Бета. Обвинителскиот систем објави дека Дирекцијата за истрага на воени злосторства, со поддршка на други специјализирани полициски единици, по наредба на Специјалното обвинителство на Косово, рано утрово спроведе операција под кодното име „Досие 23“ во […]

Две панди испратени од Кина во САД по самитот Ши Џинпинг-Доналд Трамп


Две панди се испратени од Ченгду во југозападна Кина рано утрово во нивниот нов дом во Атланта, САД, како дел од договорот меѓу владите на САД и Кина, а ова доаѓа веднаш по завршувањето на самитот меѓу двајцата претседатели во Вашингтон. За време на тридневната државна посета на Вашингтон и разговорите со американскиот претседател Доналд […]

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и ССНМ промовираа алатка за пријавување онлајн вознемирување на новинарки


Новинарките и жените во медиумите отсега директно со неколку клика можат да пријавуваат онлајн вознемирување поврзано со нивната работа. Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска ја промовираа алатката за онлајн вознемирување врз жените во медиумите со која се овозможува полесно и побрзо адресирање на овој проблем. Алатката […]

Хеликоптер се урна југоисточно од Монтреал, загинаа четири лица


Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа што се случила во близина на градот Сент-Брижид-д’Ибервил, југоисточно од Монтреал, соопшти покраинската полиција на Квебек. Несреќата се случила во сабота околу 14:30 часот по локално време. Кога службите за итни случаи пристигнале на местото, хеликоптерот бил во пламен. Полицијата потврдила дека сите четворица патници во хеликоптерот го загубиле […]

Во Јужна Африка пронајдено десетто тело на потенцијална жртва на сериски убиец


Јужноафриканската полиција на гробишта во местото Екурхулени, источно од Јоханесбург, пронајде уште едно тело на убиена жена. Со ова, бројот на тела на убиени жени откриени во тој реон во изминатите два месеца се искачи на 10. Станува збор главно за млади жени, на возраст меѓу 20 и 30 години. Некои од нив, како и […]

Иран ги предупреди бродовите за последици доколку ги користат рутите низ Ормуската теснина означени од Техеран како нелегални


 Иранскиот орган за контрола на Ормуската теснина ги предупреди бродовите за последици доколку користат рути што Техеран ги означил како нелегални. „Ова претставува ризик од финансиски загуби и штети за бродот, неговиот сопственик, капетанот и екипажот и сериозно ја ограничува можноста на бродот да транзитира низ Ормуската теснина во иднина“, се вели во соопштението на […]