Нуделе бесплатно пиво ако почине Трамп: Одземена им е работната дозвола


Пиварницата „Minocqua Brewing Company“ во американската држава Висконсин се заканува дека ќе затвори еден од своите два објекти откако државните власти им ги одзедоа лиценците за производство и продажба на алкохол. Сопственикот Кирк Бангстад ​​тврди дека акцијата е политички мотивирана. Во последниве години, пиварницата стана позната по своите многу политички пораки насочени против американскиот претседател […]

Почина четиригодишниот син на пејачот Маријан Стојаноски


Почина четиригодишниот син на македонскиот пејач Маријан Стојаноски, Петар. Тажната вест денеска ја објави Стојаноски на својот профил на Фејсбук. Засега нема објавени информации за причината за смртта на детето, ниту други детали за трагичниот настан. Петар е роден во декември 2021 година. Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа имаа три деца. Семејството во изминатите години […]

Дел од Ново Лисиче, кај полициската станица, утре без вода


Дел од жителите од Ново Лисиче утре ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок. -На ден 28.09.2026 година (понеделник) поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на бул. Видое Смилевски – Бато б.б – кај полициската станица, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од […]

Цени на гас над 70 евра: ЕУ е поканета да ја намали потрошувачката


Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, предупреди дека земјите-членки на Европската Унија треба да размислат за намалување на потрошувачката на гас поради ненадејниот пораст на цените. Складирањата за гас во Европа во моментов се полни со околу 70 проценти, додека цената на гасот на холандскиот референтен пазар TTF е над 70 евра за мегават-час со […]

Граѓански форум во Скопје: Граѓаните во фокусот на европската иднина


Во Скопје се одржува Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на процесот на проширување на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и изборна координација на Европскиот парламент, во соработка со Собранието. На форумот учествуваат 50 избрани граѓани, членови на Европскиот парламент, пратеници во Собранието и национални експерти, кои преку отворен дијалог и дискусии разговараат […]

Поплави и прекини на струјата во североисточниот дел на САД – Њу Џерси под вода


Силно невреме што викендов го погоди источниот брег на САД – протегајќи се од Вашингтон до Мејн – ги принуди авиокомпаниите да откажат повеќе од 400 летови, а во еден момент во саботата остави над 100.000 домаќинства и деловни објекти без струја. Според податоците од сервисот за следење прекини во снабдувањето PowerOutage.com, заклучно со 21:37 […]

Десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите


Најмалку десет непалски алпинисти се водат како исчезнати на Хималаите утрово откако лавина го погоди нивниот базен камп. Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, објавува BBC. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во округот Мананг, во времето на […]

Сè повеќе возрасни во ЕУ продолжуваат да учат, покажуваат податоците на Евростат


Во 2025 година, 13,7 отсто од жителите на Европската Унија на возраст од 25 до 64 години учествувале во формално или неформално образование во четирите недели пред анкетирањето. Во 2015 година тој удел изнесувал 10,1 отсто, објави Евростат на 14 септември. Највисоко учество во учење кај возрасните е забележано во Шведска (38,2 отсто), Данска (31 […]

Граѓаните се изјаснија против порестриктивно толкување на неутралноста на Швајцарија


Швајцарците на денешниот референдум го отфрлија предлогот за построга дефиниција на неутралноста на земјата, што би го спречила Берн да воведе економски санкции или да соработува со НАТО. Над две третини од гласачите се изјасниле против иницијативата за порестриктивна верзија на неутралноста на Швајцарија. Иницијативата беше поддржана од десничарската националистичка Швајцарска народна партија (СВП), која […]

Пензионерите инсистираат минимална пензија да е 70 отсто од минимална плата


Партијата на пензионери бара минималната пензија во Македонија законски да се врзе со минималната плата и да изнесува најмалку 70 отсто од нејзиниот износ. Предлогот предвидува најниската пензија да се усогласува двапати годишно – во март и во септември. Според податоците што ги посочува партијата, минималниот износ на пензија во моментов е 20.228 денари, а […]

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања и амнестија за студентите кои ги предводеа протестите


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави дека ќе донесе одлука за помилување и аболиција на некои лица за настаните од изминатата година и пол, а во овој контекст ги спомена и „Новисадската група“ и студентката Мила Пајиќ. Вучиќ, на почетокот од своето гостување на Радио телевизија на Србија (РТС), не прецизираше по име за […]

Протестен марш во Скопје за поддршка на Тачи и осудените водачи на ОВК


Со почеток во 14 часот во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и за останатите тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, кои беа прогласени за виновени за воени злосторства и осудени од страна на Специјализираниот […]

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани


ЛДП бара Владата да ги субвенционира граѓаните, со оглед на нивниот стандард и ниските плати, и тоа во делот на горивата, како и на студентскиот оброк. „ЛДП беше меѓу првите партии која што излезе и кажа дека Владата навистина треба да преземе итни мерки, особено сега кога имаме изјави од страна на претседателот на Соединетите […]

Скопје домаќин на Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа


Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи на утре и задутре во Собранието, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот […]

Попладнево, почувствуван земјотрес во Битола


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.3. Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот […]

Кокев го освои Скопје: 20 години мода, гламур и спектакл под ѕвездите


Постојат вечери кои поминуваат. И постојат вечери кои стануваат дел од градската меморија. Таква беше и јубилејната вечер на Кокев, која во саботата вечерта, на Камениот мост во Скопје, ги спои couture, уметноста, музиката и архитектурата во една целосна визуелна приказна. Под отворено небо, во срцето на Скопје, Кокев одбележа 20 години создавање и препознатлив […]

Четири жени пријавиле насилство од своите сопрузи или поранешни партнери


Четири жени од Скопје и Неготино, последните 24 часа пријавиле некаков вид насилство, извршено врз нив, од страна на нивните сопрузи или поранешни партнери.  На 26.09.2026 околу 15:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(44) од Скопје. Тој, претходно физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а […]

Ноќеска во 3 часот, се тепале млади од 17 до 20-годишна возраст – полицијата ги приведе


Ноќеска, во 3 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Е.(19), Г.С.(19), И.Р.(20), А.М.(20). Л.Ѓ.(19), А.А.(19), В.Г.(19) и Ж.А.(20) и шест 17-годишници, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна  физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Филипче за „Платформа 12.05“: Мала група пучисти што седи заедно со Левица, тие не му останаа должни


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски. „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче. Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса […]

Кривична против двајца велешани осомничени за одземање 300.000 денари од 88-годишно лице


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велес поради сомнение дека извршиле измама врз 88-годишен жител на Струга. Според информациите од полицијата, пријавени се А.С. (67) и Д.С. (42), кои се сомничат дека на 6 август 2026 година во Струга го довеле во заблуда оштетениот и му одзеле 300.000 […]