Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето


Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Повеќето од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните што живеат во повисоките зони на градот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за МИА појаснува дека во текот на денот ќе има нормално водоснабдување во градот и во приградските населби. Вчера, поради висока матност на водата, која доаѓа […]

Патот Прилеп – Битола во целосен прекин


АМСМ информираше за состојбата на патиштата низ Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 05:15 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин […]

ОАЕ пресретнале ирански дрон


Министерството за одбрана на Обединети Арапски Емирати соопшти дека над територијалните води е пресретнато беспилотно летало кое се приближило од правец на Иран. Министерството за одбрана на ОАЕ не наведе повеќе детали. Во меѓувреме, иранската армија соопшти дека лансирала десетици беспилотни летала кон воздушната база Ал Минхад, југоисточно од Дубаи. Во базата се распоредени американски […]

Медицинска сестра од Чикаго е новата Мис Универзум на Србија


Белград – Николина Вујичиќ (24), медицинска сестра од Чикаго, е новата претставничка на Србија на изборот за Мис Универзум. Жирито ја прогласи за победничка меѓу 16 финалистки, а од почетокот на натпреварот беше позната како една од фаворитите. Вујичиќ работи во службата за педијатриска итна помош и е по потекло од Драгово. Професионални амбиции Николина […]

Цената на нафтата се зголеми откако Американците повторно го нападнаа Иран


Цените на нафтата пораснаа во понеделник поради зголемената загриженост за прекини во снабдувањето откако американските сили нападнаа два ирански лансери за ракети на островот Ларак во неделата. Меѓународните фјучерси за сурова нафта Брент за испорака во ноември се зголемија за 1,54% на 89,46 долари за барел. Фјучерси за сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар за […]

Филмот ,,17“во режија на Косара Митиќ ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови


По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови – еден од фестивалите со најдолга традиција во регионот. Ова признание доаѓа само неколку дена по големиот успех во Сараево, […]

Двократниот добитник на НИН-овата награда, Драган Великиќ, е лауреат на „Прозарт 2026“


Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Драган Великиќ, еден од најзначајните, најпреведуваните и најпрепознатливите современи српски писатели. Наградата ќе му биде доделена на Великиќ лично, на свеченото затворање на фестивалот, […]

Трамп: Иранскиот остров Харг е „разбиен на парчиња“


Иранскиот остров Харг, што претставува енергетски центар на Исламската Република, е „разбиен на парчиња“, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи, проследена со видео-снимка создадена со помош на вештачка интелигенција. Трамп не понуди други докази дека иранскиот енергетски центар е нападнат. Засега нема коментар од Белата куќа и американското Министерство за одбрана, […]

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија


Нуклеарната фузија произведе најмногу енергија досега во еден експеримент, во Лабораторијата „ЏЕТ“ во Оксфордшир, доближувајќи го светот еден чекор поблиску до неограничен пристап до чиста енергија. Резултатот е постигнат во најновиот експеримент на лабораторијата по повеќе од 40 години истражување на фузијата. Лабораторијата се наоѓа во Велика Британија, а европските научници кои работат во установата […]

Утре започнува новата учебна година, околу 14.500 првачиња првпат ќе седнат во училишните клупи


  Од утре започнува учебната 2026/2027 година за учениците во основните и средните училишта низ Македонија. За околу 14.500 првачиња ова ќе биде прва средба со училишните клупи, наставниците и новите соученици. Бројката на првачиња не е конечна, бидејќи дополнителното запишување ќе трае до крајот на септември, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. […]

Префектурите Осака и Хокаидо имаат намера да бидат „вторите престолнини“ на Јапонија


Властите на префектурата Осака во југозападна Јапонија и Хокаидо во најсеверниот дел од земјата потпишаа договор за заеднички акции за воспоставување „втори престолнини“ во тие региони, дизајнирани да преземат дел од функциите на јапонскиот главен град Токио. Во документот се наведува дека создавањето на такви нови административни центри ќе помогне да се избегне хаос во […]

Меркел ги повика Германците поактивно да се вклучат во одбрана на демократијата


Берлин – Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните поактивно да се вклучат во одбраната на демократијата, во време кога Алтернатива за Германија (АфД) има убедлива предност во анкетите пред покраинските избори во Саксонија-Анхалт. – Мислам дека сега повторно мора да направиме нешто што не моравме да го правиме со децении, навистина да се бориме […]

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен


Њујорк – Аргентинскиот тенисер Маријано Навоне ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во првото коло на Отвореното првенство на САД. Во меч што траеше 4 часа и 40 минути Аргентинециот славеше со 3:2 – по сетови 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ (рангиран број 5 во светот) сервираше 10 аса, […]

НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената


Орландо –    Моќен телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да ја истражува темната енергија, црни дупки и други мистерии на универзумот. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо […]

Без струја дел од Радишани


– Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улица 26 и улица 34 во населбата Радишани, Општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје


Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца.  Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје. Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, […]

Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Словенија. -Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет […]

Албанија воспоставува виртуелното дипломатско присуство


Тирана – Со цел подигнување на повисоко ниво на квалитетот и зголемување на брзината на конзуларните услуги, Албанија воведува виртуелно дипломатско присуство, изјави министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа. Тој додаде дека конзуларните услуги за Албанците во земјата и во странство како успешна приказна е поврзана не само со технолошката трансформација, туку и со […]

Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе


Виена– Во јуни и јули во Австрија од топлото време починале 646 луѓе, соопшти австриската Агенцијата за здравје и безбедност на храната (АФСА). Според податоците на АФСА, во јуни од топлотниот бран починале 395 лица, а во јули регистрирани се 251 смртен случај. Австриското Министерство за здравство наведе дека тоа е рекордна бројка на смртни […]

Ѓоковиќ пред УС опен: Подготвен сум колку што можам


Њујорк – Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ја оцени својата форма пред Отвореното првенство на САД 2026. – Да бидам искрен, не сакам да губам рано на ниту еден турнир. Но, раната елиминација од турнирот во Синсинати ми даде време да се подготвам најдобро што можам за Отвореното првенство на САД. Имав […]