Медицинска сестра од Чикаго е новата Мис Универзум на Србија


Белград – Николина Вујичиќ (24), медицинска сестра од Чикаго, е новата претставничка на Србија на изборот за Мис Универзум. Жирито ја прогласи за победничка меѓу 16 финалистки, а од почетокот на натпреварот беше позната како една од фаворитите. Вујичиќ работи во службата за педијатриска итна помош и е по потекло од Драгово.

Професионални амбиции
Николина има јасни планови за иднината, а тие се поврзани со нејзината професија. Неодамна ги откри своите амбиции за „Сербиан тајмс“. „Планирам да ги продолжам постдипломските студии по образование за медицински сестри, а потоа дополнително да се специјализирам во областа на лекување на неплодност. Мојот сон е да отворам инклузивна клиника каде што ќе им помагам на жените на патот кон мајчинството“, рече таа.

Мис Универзум со двете придружнички

Претходни успеси на натпревари
Победата на националниот избор не е нејзино прво искуство на избори за убавина. На 18 години, таа стана Мис Дес Плејнс Тин САД, а учествуваше и на изборот за Мис Илиноис Тин САД. Таму се пласираше меѓу 15 полуфиналистки и ја освои наградата „Спирит“.

Уште тогаш, таа објави дека повторно ќе се обиде на натпревари за убавина, а неколку години подоцна се врати и ја освои националната титула. „Тоа беше моето прво сериозно натпреварување, но сигурно не и последно. Планирам повторно да се натпреварувам наскоро“, изјави таа за Journal & Topics во тоа време. Во истиот разговор, таа истакна дека сака да се посвети на подигање на свеста за ретките болести кај децата.