ЕУ денес ѝ испрати 870 милиони евра на Хрватска


Европската комисија денес ја исплати осмата транша од Механизмот за закрепнување и отпорност на Хрватска, во износ од 869,9 милиони евра во грантови и заеми. Со оваа исплата, Хрватска досега доби 73 проценти од вкупната алокација од 10 милијарди евра, од кои 5,8 милијарди евра во грантови и 4,2 милијарди евра во заеми. 62 проценти […]

Шпанија го затвори воздушниот простор за летови кон Иран


Мадрид – Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови вклучени во операцијата „Епски бес“, што САД и Израел ја почнаа против Иран – објави шпанскиот весник „Паис“ повикувајќи се на неименувани воени извори. Шпанија не само што забранува користење на воздухопловните бази Рота во Кадис и Морон дела Фронтера во Севилја од страна на борбени […]

Филипче: Мицкоски ни најавува децении загарантирана сиромаштија


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порача денес на прес конференција дека со оваа влада нема интеграција на Македонија во ЕУ. „Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. По ова […]

Љутков го посети Спомен-домот на Разловечкото востание: Заштитата е клучна во пресрет на јубилејот


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода.  „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната […]

Ако Орбан победи на изборите ЕУ „ќе ги симне ракавиците“


БРИСЕЛ – ЕУ разговара за планови за вонредни ситуации во случај нејзиниот долгогодишен антагонист, Виктор Орбан, да добие уште еден мандат. Земјите на ЕУ разнесуваат неколку идеи за да го спречат унгарскиот премиер – а во некои случаи и кој било друг проблематичен лидер – да го попречи начинот на кој функционира блокот, изјавија 10 […]

Економските последици од војната ќе бидат долгорочни


Американско-израелските напади врз Иран ги зголемија цените, ги влошија перспективите за светската економија, ги дестабилизираа глобалните берзи и ги принудија земјите во развој да ја ограничат потрошувачката на гориво и да воведат субвенции за енергија за да го заштитат своето најсиромашно население. Континуираните напади и контранапади врз рафинериите, цевководите, гасните полиња и терминалите за танкери […]

РК Вардар одлучи влезот за дербито против ГРК Охрид да биде бесплатен!


Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. […]

Од утре до петок врнежи од дожд, а на планините од снег


 Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето, врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има восреда и в четврток кога локално се очекува да наврнат […]

Каква глетка: Астрофотограф направи спектакуларна слика од судирот на две галаксии


Астрофотографот Грег Мејер направи фотографија од судирот на галаксиите во соѕвездието Гавран, фаќајќи уникатен поглед на космичкиот танц што еден ден ќе создаде сосема нова галаксија. Судирот на двете галаксии се случило меѓ галаксиите NGC 4038 и NGC 4039, кои гравитационо се привлекуваат една кон друга стотици милиони години и постепено се спојуваат во една […]

Перински: Започна консултативниот процес за унапредување на меѓуопштинската соработка


Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и […]

Германските превозници бараат итна владина помош поради зголемувањето на цената на дизелот


Германската влада мора брзо да интервенира за да им помогне на превозниците да спречат прекини во синџирите на снабдување и трошоците за зголемување на цените на дизелот да се пренесат на потрошувачите, предупредува Германското здружение на шпедитери (BGL). Цената на дизелот се зголеми за околу 40 центи по литар од почетокот на војната во Иран, […]

Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак


На Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ одржан викендот во Чачак, Србија, настапија и 15 македонски каратисти. Тие освоија четири медали.  Андреј Стојчевски во категоријата -60 кг освои сребрен медал, додека членовите на Макпетрол, Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг) с езакитија со бронзени медали. На турнирот во Чачак, […]

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство


Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата […]

Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок


Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок. Целта на состанокот е да се испитаат можностите за координиран пристап во контекст на настаните на Блискиот Исток – се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Состанокот ќе се одржи онлајн и не се очекува да бидат одобрени никакви одлуки. Минатата недела министрите за […]

Фатен 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка


Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 […]

Латинскиот патријарх сепак доби пристап до Црквата на Светиот Гроб


о Ерусалим, највисокиот католички претставник беше спречен да учествува на литургијата за Цветоносна недела. Следеше бран критики – и од Германија. Сега се вмеша и израелскиот премиер.По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да му се дозволи пристап до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим на највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја. Тој ги задолжил […]

Стојанче Јовановски во судница вртеше со главата не согласувајќи се со грозните обвиненија


Во Кривичниот суд почна судењето за ужасното семејно насилство врз Ивана Јовановска кое заврши со трагичен крај и за неа и за нејзиното дете откако се фрли со неа од шестиот спрат од зградата во Карпош. Според обвинителката Адела Бојчевиќ до чинот на самоубиство обвинетиот Стојанче Јовановски цело време ја тепал, навредувал и се заканувал […]

Голема Албанија на фестивал на МРТ


Емитувањето на детска музичка изведба на каналот Македонска радио-телевизија (МРТ2) предизвика реакции во јавноста, откако во рамките на детски фестивал била прикажана песна со наслов „Тројет шкиптаре“ („Албански територии“) и знамиња на Голема Албанија. Настанот се случил вчера претпладне, околу 11 часот, кога во програмата на албански јазик на МРТ било емитувано музичко видео во […]

Третина од преживеаните и повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство


Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици – потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот […]

Универзитетската библиотека донираше книги на КИЦ во Загреб


По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје , предводена од директорот Јовица Никчевски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Во рамките на средбата македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје на македонскиот КИЦ […]