САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт


Вашингтон – Стејт департментот на САД денеска соопшти дека им наредил на владините службеници, кои немаат задолженија во вонредни ситуации, да ги напуштат Бахреин, Ирак, Катар, Јордан и Кувајт заедно со нивните семејства. Наредбата е донесена од безбедносни причини со оглед на разгорувањето на конфликтот на Блискиот Исток, кој почна со заедничката израелско-американска воена операција […]

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка


Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ на MS NOW, Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос. Споредба со инвазијата на Ирак „Мислам дека ова е […]

Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница – https://dfl.mzsv.gov.mk/


Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), орган на државната управа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), зачекори во дигиталната ера, со лансирање на официјалниот вебсајт https://dfl.mzsv.gov.mk/.  Како што соопшти, дигитализацијата ќе овозможи повисоко ниво на напредни и квалитетни лабораториски услуги, со цел обезбедување заштита на здравјето на растенијата, безбедноста на храната и контролата на […]

ЕЦБ предупредува дека војната со Иран може да ја зголеми инфлацијата во еврозоната


Брисел- Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. „Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен […]

Поимот Свифти стана дел од англискиот речник


Збирката зборови на Dictionary.com официјално го додаде зборот Swiftie. Во своето најново зимско ажурирање, популарниот онлајн речник официјално го призна огромното културно влијание на пејачката. Терминот се приклучува на други фан групи како што се Beyhive (фанови на Бијонсе), Janeite (фанови на Џејн Остин) и Trekkie (фанови на Star Trek). Dictionary.com го дефинира Swiftie како […]

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте


Поради посетата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Образованието е од суштинско значење за спречување на конфликти.


Њујорк– Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера стана првата сопруга на светски лидер која претседавала со состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, јави ДПА. Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации. САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко […]

Оштетена славната палата Голестан во Техеран, заштитена од УНЕСКО


Делови од палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранскиот главен град, беа оштетени во воздушен напад извршен од САД и Израел во текот на ноќта во понеделник, соопшти иранската влада. Делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци познати како орси и декоративни огледални делови, беа оштетени. Штетата ја потврди […]

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена […]

Американската амбасада во Саудиска Арабија нападната со дронови


Ријад – Два дрона ја погодија американската амбасада во саудискиот главен град Ријад, според прелиминарните информации од властите објавени рано утрово, Американската амбасада им порача на своите граѓани веднаш да најдат засолниште и да ја избегнуваат амбасадата до дополнително известување поради напад врз објектот. Исто така, беше издадено известување за засолнување во Џеда и Дахран […]

Сончево и топло до 20 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе се движи од 14 до 20 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 3 март 2026 година, 62-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  303 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 26 минути. Денов трае 11 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Путин го загуби сојузникот Хамнеи, но за него е добра вест нафтениот шок


  Рускиот претседател Владимир Путин можеби изгуби уште еден близок сојузник по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, но нафтениот шок од конфликтот на Блискиот Исток е потенцијално добра вест за неговиот воен фонд. Војната меѓу САД и Израел против Иран го затвори Ормутскиот теснец, тесниот воден пат што овозможува пристап до Персискиот […]

„Ејч-Би-О макс“ и „Парамаунт плус“ ќе се спојат во една стриминг услуга


„Ејч-Би-О макс“ (HBO MAX) и „Парамаунт плус“ (Paramount+) ќе се спојат во една стриминг услуга откако ќе биде завршено спојувањето на нивните матични компании, „Ворнер брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) и „Парамаунт“ (Paramount). Веста ја објави извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, за време на неговиот прв повик до инвеститорите откако неговата компанија ја доби […]

Иран го затвори Ормутскиот теснец: „Ќе го запалиме секој брод што ќе се обиде да помине“


Иран го затвори Ормутскиот теснец, објави Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). ИРГЦ додаде дека војската ќе го запали секој брод што ќе се обиде да помине. Блискиот Исток е водечки регион за производство на нафта во светот, а неговите водни патишта се клучен пат за поморска трговија. Ова е особено случај со Ормутскиот теснец, низ кој поминува […]

Николоски објаснува зошто автопатот Кичево-Охрид поскапе за нови 186 милиони евра


  Изоставени се клучни елементи и затоа Собранието го продолжи рокот за доизградбата на автопатот Кичево-Охрид и одобри дополнителни пари, вели министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Откако парламентот минатата недела ја одобри одлуката за продолжување на рокот до 31 мај 2027 година, при што беа одобрени уште […]

Пролетни алергии кај деца: Како да ги препознаете првите знаци


Пролетта носи подолги денови, повеќе време на отворено и, за жал, сезонски алергии. Кај децата, првите симптоми често се мешаат со настинка, што може да го одложи навремениот одговор. Во пролет, бројни дрвја и растенија цветаат, а поленот лесно се шири низ воздухот. Децата со чувствителен имунолошки систем можат претерано да реагираат на овие честички. […]

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер


Полицијата денеска информира за два случаи на насилтво врз жени. Дваесетитригодишна девојка подолг период била следена од поранешниот партнер, кој и упатувал и закани, а на 35 годишна жена од скопско мажот и нанел тешки телесни повреди. Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 […]

Евролигата одложи два натпревари поради воените дејствија на Блискиот исток


Кошаркарската Евролига објави денеска натпреварите од 30 коло меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хапоел Тел Авив се одложени. Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради моменталната безбедносна состојба на Блискиот исток и неможноста за патување по привременото затворање на воздушниот простор. Евролигата објави дека, во соработка со засегнатите клубови, ќе […]

Европската комисија со мерки поради зголемените тензии на Блискиот Исток


Европската комисија денеска ги презентираше мерките што ги презема по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток во последните денови. Европските комесари денеска одржаа вонредна седница за првична проценка на променетата безбедносна средина, а во петок е превидено повторно да се соберат за да разговараат за промените на пазарот на енергија поврзани со овие случувања. Работата […]