Мајката и детето биле сами и заклучени во станот пред трагедијата, партнерот задржан во полиција


  Едно лице е задржано во полициска станица по трагичниот настан во скопско Тафталиџе, кога мајка и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон од зграда. Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална негова кривична одговорност, кој е партнер на жената и татко […]

Нарко-босот Ел Менчо погребан во златен ковчег во Гвадалахара


Водачот на мексиканскиот картел Халиско, Немесио Осегуера Сервантес „Ел Менчо“ беше погребан во златен ковчег, со големи цветни венци, на гробиштата во Гвадалахара, а присуствуваа голем број воени лица. Погребната поворка наводно била придружувана од музичари и неколку десетици луѓе, од кои многумина носеле црни чадори и покрај сончевиот ден, објавува ABC News. Канцеларијата на […]

„Сила“ – концерт на Филхармонија со пијанистот Ендру фон Ојен по повод Денот на жената


Во четврток, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се  „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од […]

Куќата на Ивана Трамп во Њујорк конечно се продаде – по три години и со огромен попуст


Њујорк – Луксузната куќа во Њујорк на покојната позната личност од високата класа Ивана Трамп конечно најде купувач – повеќе од три години откако беше ставена на продажба за 26,5 милиони долари. Поранешната сопруга на претседателот Доналд Трамп живеела во куќата повеќе од 10 години, а токму во имотот на Апер Ист Сајд Ивана почина на […]

Апасиев бара построги казни за семејно насилство


Димитар Апасиев реагираше по трагичниот настан во Скопје во кој мајка со своето бебе падна од зграда, случај што во јавноста се поврзува со семејно насилство. Во објава на Фејсбук, Апасиев порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност. […]

Како изгледал Иран пред 1979 ? Земја на модерни улици, гламур и западно темпо на живот


Техеран – Од 1941 до 1979 година, Иранското Царство било управувано од кралот Мохамед Реза Пахлави, познат како Шах. Неговото владеење, кое траело речиси четири децении, довело до длабока социјална и економска трансформација. Тој систематски спроведувал секуларни реформи и поттикнувал конвергенција со западните политички, социјални и економски модели. Индустријата и образованието брзо се развивале, но […]

Калиопи се враќа со нов концерт на 17 октомври во „Борис Трајковски“


Македонската музичка сцена добива настан кој уште сега се позиционира како еден од клучните концертни моменти во 2026 година. На 17 октомври, во најголемата арена во државата, Калиопи ќе одржи голем солистички концерт. По целосно распродадената арена „Борис Трајковски“ во 2024 година и четирите последователно распродадени концерти во 2025 година во „Македонска филхармонија“, интересот за […]

Иранските беспилотни летала ги оштетија центрите за податоци на „Амазон“ во Емиратите и Бахреин


„Амазон Веб Сервисис“ соопшти во понеделник вечерта дека два од нивните центри за податоци во Обединетите Арапски Емирати и еден објект во Бахреин биле оштетени од напади со беспилотни летала, што ги направило објектите нефункционални. Инцидентот се случил во недела наутро, а компанијата објавила на својата контролна табла на AWS во тоа време дека „објекти“ […]

Што е црвената дамка на вратот на Трамп? Се огласи Белата куќа 


Вашингтон – По големите напади во Иран, претседателот Доналд Трамп не брзаше да се врати во Овалната соба за да ја надгледува воената офанзива. Наместо тоа, тој отиде во својот приватен клуб и резиденција Мар-а-Лаго во Флорида на она што Њујорк Тајмс го опиша како „раскошна донаторска вечера“. По слично отсуство од јавноста во неделата, […]

Златото расте петти ден по ред


Златото порасна петти ден по ред, бидејќи ескалацијата на војната на Блискиот Исток ги помести глобалните енергетски пазари и ги насочи инвеститорите кон побезбедни средства. Златото порасна за дури 1,1% на 5.380 долари за унца, дополнителен пораст од повеќе од 3% во однос на претходните четири сесии, бидејќи конфликтот одекнуваше низ регионот. Претседателот Доналд Трамп […]

На Трамп сега ќе му биде чест да присуствува на гала вечерата за дописниците од Белата куќа


Вашингтон — Претседателот Доналд Трамп вели дека ќе присуствува на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа на 25 април, што е прв пат да го стори тоа како врховен командант. Во првиот мандат Трамп не сакаше шеги на своја сметка, ниту се залагаше за медиумска поддршка. „Здружението на дописници акредитирани од Белата […]

Десетгодишен план за заштита на Дојранското Езеро: Управувачко тело, чуварска служба и зонирање на подрачјето


Формирање управувачко тело за заштита, воспоставување чуварска и инспекциска служба, зонирање на подрачјето околу Дојранското Езеро и распределба на дозволени и недозволени активности во зоните, како и строго управување со милот и талогот од пречистителните станици – се поважните мерки што ги пропишува предлог-планот за управување со споменикот на природата – Дојранското Езеро – за […]

„Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“ како најава за Моден викенд Скопје во март


Во периодот од 21-30 март 2026 година, Северна Македонија ќе биде домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“, која ќе обедини десет истакнати модни дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и Северна Македонија. Обединети околу заедничката заложба за одржливост како долгорочна и суштинска практика, учесниците ќе создадат платформа за креативна размена, иновација и […]

Слаб земјотрес регистриран утринава во близина на Тетово


Послаб земјотрес регистриран утринава во северозападниот дел на земјава со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Според информациите на European-Mediterranean Seismological Centre (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 05 часот и 21 минута. Епицентарот бил лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри. Станува збор за потрес со слаб интензитет, […]

„Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика: Премиера на македонскиот филм во Брисел


Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност. Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен […]

Патувачката изложба за балканскиот рис конечно во Скопје


Патувачката изложба за балканскиот рис којашто по седум посетени места низ Македонија, за првпат доаѓа и пред скопската публика ќе биде поставена во „Лабораториум“ во четврток, 5 март од  19 ч. „Изложбата ја организираме во рамките на регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис (Balkan Lynx Recovery Programme) со желба да ви ја доближиме убавината […]

(Реобјава) Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така


Теткстот првично е објавен во 2023 година, по убиството на 46-годишна жена во Кочани, од страна на нејзиниот љубовник… Но, не секогаш насилството завршува со убиство. Некогаш жртвата сама си го одзема животот, а нефункционалниот систем за социјална заштита, инертноста на институциите, вртењето глава на полицијата, социјалните служби, соседите, фамилијата, придонесува за вакви немили исходи. […]

Шкода стана најголем производител на системи за батерии за електрични возила во групацијата Фолксваген


  Шкода инвестираше 205 милиони евра во проширување на производството на системи за батерии во својата фабрика во Млада Болеслава, што ја прави најголем производител на овие системи за електрични возила (BEV) во рамките на групацијата Фолксваген. Главната производствена локација на Шкода стана првата во Европа меѓу компаниите од споменатата група, која воспостави производство на […]

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа


 Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека американските резерви на муниција се на историски максимум што аналитичарите го толкуваат како јасна порака до Техеран и светската јавност за воената моќ на САД. Трамп тврди дека САД се подготвени за долготрајни операции доколку тоа биде потребно. „Имаме практично неограничени резерви на муниција […]

Извршителите во 2025 година наплатиле над 137 милиони евра – раст на наплатата од граѓаните


Во 2025 година извршителите во Македонија присилно наплатиле 137.368.058 евра, што претставува реализација од 43,63 проценти од примените барања за наплата. Иако вкупната наплата е помала во однос на 2024 година за околу 23,3 милиони евра, податоците покажуваат раст на износот наплатен од граѓаните-должници. Според извештајот за работата на извршителите, најголем дел од средствата се […]