Петнаесет земји бараат Русија да ги ослободи политичките затвореници и да ја истражи смртта на Навални


  Во понеделникот, 16 февруари, на втората годишнина од смртта на Алексеј Навални, владите на 15 земји издадоа заедничка изјава во која ги обвинуваат руските власти за смртта на политичарот. Документот го потпишаа Австралија, Обединетото Кралство, Германија, Данска, Канада, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Финска, Чешка, Шведска и Естонија. Потписниците побараа Кремљ да […]

Филипче бара одговор од премиерот кој бил со него кога летал со државниот авион во Сплит и Белград


  Бил до Сплит лани во август. Бил и во Белград. Тоа се наведува за патувањето на премиерот Христијан Мицкоски со владиниот авион. Но службата за општи работи во одговорт до телма не наведува кои други патници биле покрај него во „лирџетот“. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара Владата да биде транспарентна и да одговори […]

Сиљановска и Николоски како да не се симнале од државниот авион – летале повеќе од сите


  Државниот авион изгледа најмногу бил наменет за превоз на претседателката на државата и за министерот за транспорт. Премиерот бил многу поскромен. Според податоците што ги објави Телма преку документи од Службата за општи и заеднички работи во Владата од јуни 2024 до декември 2025 главната дестинација на државниот „лирџет“ била Будимпешта: до таму имало […]

Армијата ќе објави конкурс за 300 нови војници


Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во […]

Барселона останува во календарот на Формула 1


Раководството на Формула 1 потпиша денеска договор за продолжување на соработката со патеката Барселона – Каталуња, која со тоа ќе остане во календарот на Ф1. Барселона ќе се менува со Белгија до 2032 година и ќе биде домаќин на трки во 2028, 2030 и 2032 година, додека на белгиската патека Спа-Франкоршамп ќе се возат трки […]

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност


Европскиот парламент (ЕП) ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција (ВИ) на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците, се наведува во имејл испратен денеска до европратениците, дознава Еурактив. Според имејлот, одлуката за блокирање на ВИ алатките, вклучително и помошниците за пишување и виртуелните асистенти, е донесена врз основа на […]

Шест земји-членки на ЕУ притискаат за побрза интеграција на пазарите на капитал


 Германија и пет други земји од ЕУ имаат за цел побрзо да се движат по клучните политички прашања, вклучително и за тоа како да се хармонизираат правилата на пазарот на капитал, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл. – Сè уште верувам дека темпото што моментално го доживуваме на европско ниво не е соодветно на […]

Брнабиќ: СДСМ да слуша повнимателно што зборува Вучиќ!


Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес изјави дека соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за српскиот претседател Александар Вучиќ е срамно бидејќи  Вучиќ не кажал ниту еден лош или несоодветен збор за заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Според написите на српските медиуми, по повод обвинувањата од  СДСМ  дека Вучиќ се однесувал […]

Почина оскаровецот Роберт Дувал, познат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“


Роберт Дувал, актерот добитник на Оскар, најпознат по своите улоги во „Кум“ и „Апокалипса сега“ и бројни други улоги на „опасен човек“ за време на неговата славна кариера што траеше шест децении, почина на 96-годишна возраст. Веста ја потврди неговата (четврта) сопруга, Лусијана Педраза, објави CNN. Нема да се одржи официјална погребна служба Според соопштението […]

Смртта на Џеки Кенеди, 31 година подоцна: Последните моменти на поранешната прва дама


Поминаа повеќе од 30 години откако светот ја загуби американската икона: Жаклин Кенеди Оназис. Поранешната прва дама – која беше во брак со претседателот Џон Ф. Кенеди до неговиот атентат во 1963 година – почина на 19 мај 1994 година, помалку од една година откако ѝ беше дијагностициран рак. „Џеки Кенеди Оназис беше модел на […]

Штип ќе добие Иновациски центар за поддршка на претприемништвото и иновациите


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска потпишаа Меморандум за основање на Иновациски центар – Штип, којшто ќе биде одржлив модел за соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој. Ректорот на УГД-Штип, Мираковски вели дека […]

Златен медал од EcoVadis за EOS Групацијата – ЕОС Матрих Македонија лидер во примена на ESG стандардите во финансискиот сектор


  Меѓународната EOS Групација е добитник на едно од најрелевантните глобални признанија, златниот медал од EcoVadis во доменот на исполнување на ESG стандардите. Ова глобално признание е потврда за висока свест за животната средина, општествена одговорност и управувачки перформанси, покрај солидните финансиските резултати. Оценувањето на EcoVadis опфаќа повеќе од 150.000 компании во светот, а се […]

18 ресторани од Кападокија вклучени во водичот на „Мишелин“, еве зошто


Позната по Самовилските оџаци, летањето со балони со топол воздух и античките пештерски живеалишта, Кападокија нуди дополнителна причина за посета, а тоа се незаборавните кулинарски искуства, кои минатата година беа забележани и од „Мишелин“, кој во својот водич вклучи 18 ресторани од Кападокија. Карактеристично за оваа гастрономска дестинација е што локалните јадења се подготвуваат со […]

КАРАКТЕР: Очајот на Мекграт – тој го загуби златото и отиде во шумата


  БОРМИО – Норвежанецот Атле Лие Мекграт ги виде своите надежи за златен медал како исчезнуваат во олимпискиот слалом и реши да ги испрати своите скијачки стапови да пловат заедно со нив. Откако ги фрли двата стапови преку мрежата, тој потоа се искачи на оградата од страната на патеката Стелвио за да ја започне својата […]

Дијалогот, а не протестите се клуч за минималната плата, вели Азески


Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Прашан за барањата за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече […]

Стопанската комора на Македонија дава поддршка на транспортерите


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска од Штип порача дека бизнис секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната. Азески истакна дека Комората со години активно учествува во дијалогот со европските институции, но, како што рече, досега нема доволно слух за […]

Земјоделците збунети и револтирани од новите програми за субвенции


  БИТОЛА – Новата програма за финансиска поддршка на земјоделието за 2026 година силно ги разбранува земјоделците. Новите правила колку треба да е  минималната површина за производство и кои се условите еден земјоделец да добие поддршка во субвенции од државата најпрво ги збуни, па ги разочара земјоделците. Ова ќе биде силен удар за поситните земјоделски […]

Поклон за кралицата: Федерика Брињоне освои две злата на Олимпијадата, засега


  Кралицата на Кортина – така ја нарекоа нејзините ривалки Федерика Брињоне откако го освои својот втор златен медал за три дена на Зимските олимписки игри. Откако го освои супер-велеслаломот во петокот, таа го освои и велеслаломот со нешто повеќе од шест десетинки од секундата во неделата. Колку и да звучи мала таа разлика, таа […]

(Галерија) Треска и Вардар се мирни – не се закануваат со поплава во Скопскиот регион


  По обилните дождови што зафатија поголем дел од Македонија, денеска реките Треска и Вардар се со нормално зимски водостој.  Треска е бистра, со нормално течение во мирниот дел, а оној дел каде се одржуваат натревари во кајак на диви води, е разбрануван, но не и опасен. Како што покажуваат фотографиите на нашиот фотограф Борис […]

„Макам-транс“ најавува нова средба за проблемите на превозниците, се бара преодно решение


Во наредните две недели ќе се одржи уште една средба на транспортерите со претставници на Европската комисијз за изнаоѓање на решение за престојот во Шенген зоната, најавија денес од асоцијацијата на македонските превозници „Макам-транс“. Од асоцијацијата известија за средбата што ја имаа минатата среда во која велат дека преземаат чекори со цел да се овозможи […]