Вторничка голгота во градските автобуси – ветувањата за нови не им помагаат на патниците


Со викотници, кавги и дофрлања, настегани како сардини во конзерва, утрово жители на Скопје кои решија до својата дестинација да стигнат со автобус, го поминаа патот од дома до работа, до лекар, до пазар, на училиште. „Што правите во вторник наутро во 8 часот? Седете дома! Излезете подоцна! На работа треба да стигнеме“, со повишен […]

ЛДП: „Одличните вести“ од Брисел за транспортерите не се одлични


  „Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, вели портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.  ЛДП уште пред две […]

Најмногу дожд во Пожаране, 23 литри на метар квадратен


Најмногу дожд изминатото деноноќие, до седум утрово, наврнал во Пожаране, 23 литри на квадратен метар, соопштија од УХМР. Потоа 22 – Mаврови Анови, 14 – Тетово, 12 – Охрид, 8 – Попова Шапка, 6 – Претор, Лазарополе, 5 – Крушево, 4 – Гевгелија, 2 – Берово, Битола, 1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани. Најстудено […]

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти кај Кичево


Во Тетовскиот Регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на другите водотеци, каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолскиот Регион преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата […]

Распоредувањето американски сили на Блискиот Исток не е само за заплашување на Иран


САД распоредуваат воздушни и поморски сили на Блискиот Исток со две цели-– заплашување на Техеран и да се осигури опција за евентуален напад врз Иран ако пропаднат преговорите за нуклеарната програма на Техеран, изјавија неименувани извори за Си-ен-ен. Според нив, американски воени авиони стационирани во Велика Британија, вклучително и танкери за дополнување гориво, се приближуваат […]

Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј


Сиднеј – Едно лице е убиено, а двајца други се тешко повредени синоќа во напад со нож во Сиднеј, објави ДПА, повикувајќи се на полициско соопштение. Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на […]

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9


Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година. Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).  Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 […]

Колкаво богатство остави зад себе Роберт Дувал?


Мидлбург – Во времето на смртта на славниот актер на 15 февруари 2026 година, нето вредноста на Роберт Дувал беше проценета на робусни 70 милиони долари. Оваа бројка е кулминација на седумдецениска кариера што го трансформираше пејзажот на американскиот филм и телевизија. За разлика од многу холивудски ѕвезди кои се потпираат на една ера на […]

Без струја делови од Илинден, Волково и Драчево


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денска од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат дел од ул. 19 во нас. Илинден, од 08:30 до 14:00 часот и дел од корисниците од улиците 95, 100, 101, 102 и 103 во населба Волково, информира РЦУК Скопје. Електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе немаат и […]

Кина со танц на роботите влезе во Лунарната година на коњот 


Кина ја пречека новата лунарна година – Годината на коњот – со спектакуларна гала програма. Прославата започна во вторник на полноќ, по локално време, и беше обележана со танцови изведби од хуманоидни роботи и низа шарени настапи. Настапија Лајонел Ричи и Џеки Чен Традиционалната новогодишна гала програма, емитувана од кинеската државна телевизија, повторно беше најгледаниот […]

ЗНМ одбележува 80 години постоење со свеченост во МОБ


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) вечерва со свеченост во Македонска опера и балет ќе го одбележи јубилејот – 80 години од своето основање. Како што соопштуваат од ЗНМ, во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, како и Наградата […]

Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски


Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат […]

Советот на јавните обвинители треба да даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител


Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]

Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо


Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати


Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.  Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа […]

Забрана за камиони на Стража и на патните правци Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места  во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. […]

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите


 Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 17 февруари 2026 година, 48-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  317 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 9 минути. Денов трае 10 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Вицепремиерот Николоски ги излажа транспортерите, вели Филипче


  Откако денеска Европската комисија објави дека нема договор за превозниците од регионот и останува во сила правилот 90/180 лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги излажал транспортерите велејќи им дека работата била средена. „Гледате како излажа вицепремиерот Николоски за транспортерите. Што велеше? Не секирајте се, завршен […]

Не биле шпекулации: ЕУ останува на правилата за превозниците


  Министерството за транспорт денеска им порача на медиумите да не наседнуваат на „шпекулации“ откако подгорички „Вијести“ објавија дека не бил постигнат договор меѓу Европската комисија и превозниците од Западен Балкан да се олабави правилот за престој 90/180. Европската комисија засега не покажува подготвеност да ги задоволи барањата на професионалните возачи поврзани со подолг престој […]