Прочуениот италијански Лак на вљубените се урна во морето на Денот на вљубените


  Познатиот лак од морски карпи во Сант’Андреа во Мелендуњо, Пуља, Италија, популарно познат како Лак на вљубените, се урна на Денот на вљубените по силните бури и обилни дождови што ја зафатија јужна Италија. Камениот лак, еден од најпознатите природни обележја на јадранскиот брег, го доби своето име бидејќи служеше како позадина за предлози […]

Куба остана без туристи, пари и гориво. Сè повеќе се спомнува американска интервенција


Во зелените градини на дипломатскиот кварт Сибони во Хавана, амбасадорите од земјите традиционално сојузнички на САД изразуваат растечко разочарување од обидите на Вашингтон да ја собори кубанската влада, додека подготвуваат планови за намалување на нејзините мисии. Куба е во длабока криза, закрепнувајќи се од четиригодишен економски пад влошен од хиперинфлацијата и егзодусот на речиси 20 […]

Гаши се заканува со излегување од коалицијата ако „Вреди“ има само два претседатели


  При трансформацијата на коалицијата „Вреди“ во партија, клучни се два принципа – рамноправноста и консензуалното одлучување, порача претседателот на Собранието и поранешен лидер на Алтернатива, Африм Гаши. Во спротивно, тој е дециден дека Алтернатива нема да биде коалициски партнер на партијата Вреди и во таков случај ќе поднесе оставка на претседателската функција во Собранието. […]

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка


 Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт. „Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија […]

ОЈО Скопје поведе постапка против менаџер осомничен за затајување речиси 2,8 милиони денари


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување, согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите […]

И за квази факултетите што ги отвори ВМРО-ДПМНЕ виновен е СДСМ!


  ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ дека предизвикале драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија, иако множењето на универзитетите како печурки и лажните дипломи беа иновација од нивниот претходен мандат. „Наместо кон прогрес, СДСМ е партија ориентирана кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, со Законот за високо образование, што го донесоа […]

Црна Гора го разгледува хрватскиот модел на сезонско вработување странци во туризмот


Претставниците на црногорската туристичка индустрија сметаат дека Црна Гора треба да ја поедностави постапката за вработување странски работници по примерот на Хрватска. Црногорската влада минатата недела го објави предлог-законот за постојани сезонски работни места, што не го решава клучниот проблем – бргу и лесно вработување странски сезонски работници, од кои зависи локалната сезона, сметаат претставниците […]

Филипче негира поврзаност со која било фирма за марихуана


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска негираше дека има некаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава. – Повторно тоа е обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање – како пет тони марихуана, четири-пет шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија? Со кој е таа фирма што е […]

ФАЦ: Како Џаред Кушнер го зголемува своето богатство преку глобални врски


Тој дејствува повешто и дискретно од другите членови на семејството Трамп, кои за време на вториот претседателски мандат речиси и не се трудат да ги кријат своите деловни интереси.Зетот на Доналд Трамп патува низ светот во име на претседателот. Ова носи најголема корист за неговата сопствена финансиска компанија, се наведува во анализа на авторитативното германско […]

„Хеленик“ и „Шеврон“ ќе бараат нафта и гас кај Пелопонез и кај Крит


Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Грција ги потпишаа договорите со американската „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ за доделување ексклузивните права за истражување и експлоатација на јаглеводороди во морските подрачја јужно од Крит и јужно од Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека четирите блока каде што ќе дејствуваат двете компании […]

БГНЕС: Откриена е „ирачката Александрија“


Ирачката пустина откри една од своите најубави тајни. Археолозите конечно ги открија остатоците од Чаракс Спасину, древна метропола за која се смета дека е засекогаш изгубена под влијание на времето, елементите и историјата. Оваа „ирачка Александрија“, врвниот доказ за безграничната амбиција на македонскиот освојувач, повеќе не е само име во античките текстови, пишува бугарски БГНЕС. […]

Во Крива Паланка ќе се протестира против „кравите низ градот“


На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, […]

На прилепскиот карневал „Прочка“ преку 500 учесници од земјава и странство


Околу 500 маскирани учесници ќе дефилираат низ Прилеп на годинашниов карневал „Прочка 2026“. Карневалките свечености почуваат в петок со традиционалната изложба на маските, в сабота е детското карневалско дефиле, а в недела од 13 часот во центарот на Прилеп е дефилето на маските со учесници од Прилеп, од земјава и од странство. – Карневалот „Прочка“ […]

Карлингот ги менува правилата по скандалот


Светската федерација за карлинг издаде ново соопштение во кое ја потврдува промената, која ќе стапи на сила веднаш, по низата обвинувања за „измама“ на Зимските олимписки игри во 2026 година. Првиот хаотичен момент се случи на натпреварот помеѓу Канада и Шведска, кој Канаѓаните го добија со 8:6. Канадскиот карлинг Марк Кенеди беше обвинет дека го […]

Четири деца од еден кауч – сите имаат олимписки медали: Неверојатната приказна за семејството Превц


Словенија го одбрани својот олимписки златен медал во мешано екипно натпреварување на средниот рид, но приказната што следеше стана глобална сензација. Кога Домен Превц го освои својот олимписки медал, една од најневеројатните семејни приказни во историјата на Зимските игри беше завршена. Сега, сите членови на познатото словенечко скијачко семејство – Петер, Домен, Ника и Урша […]

„Морам да го објаснам тоа“: Изјавата на Обама за вонземјаните привлече големо внимание


Поранешниот американски претседател Барак Обама ги разјасни своите неодамнешни коментари за вонземските видови кои привлекоа големо внимание на интернет, велејќи дека шансите вонземјани да ја посетат Земјата се „мали“. Неговото објаснување следеше по изјавите што ги даде во подкаст, пишува Би-Би-Си. „Тие се вистински, но јас не сум ги видел“ Појавувајќи се во подкастот на […]

Останки на девојче од пред 11.000 години ја менуваат историјата, но едно е исто и сега


Во пештерата Хининг Вуд Коун во близина на Грејт Урсвик во Камбрија, Англија, во 2023 година археолозите ги открија остатоците од најстарото девојче некогаш пронајдено на северот од Велика Британија, кои се стари 11.000 години. Осик Лас, што на локалниот јазик значи девојче од Урсвик, беше откриено во верзија на „Чудниот случај на Бенџамин Батон“. […]

ССМ утре ќе ја блокира Владата од 11 часот за зголемување на платите


 Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.  Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите […]

Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!


  Законот за високо образование е катастрофално лош и бараме да се повлече, порача денес од прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој нагласи дека освен внатре во СДСМ законот бил оценуван и од голем број универзитетски професори надвор од нивната партиска структура и притоа сите без исклучок имале исти забелешки.  „Сметаме дека предложените измени […]

Вештачката интелигенција не се само стратегии и закони, потребни се проекти: Колку јавниот сектор е подготвен за ВИ


Во делот на можноста за употреба на вештачката интелигенција во јавниот сектор, мора да бидеме свесни дека доаѓа ера во која без ВИ нема да можеме да го сфатиме развојот на нашите институции во јавниот сектор, ниту развојот во приватниот сектор ниту, пак, секојдневното наше живеење и говорење, порача денеска главниот државен ревизор Максим Ацевски […]