Девет автомобили се забија во шлепер на автопат во Србија


Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 8 часот на автопатот „Милош Велики“, каде во верижен судир учествуваа девет патнички возила и еден камион. Според првичните информации, во несреќата нема жртви, но четири лица се здобиле со повреди. Од итните служби потврдуваат дека две лица се веќе хоспитализирани, додека две се пренесени во болницата во […]

Бугарија оди на избори – осми за шест години


„Одиме на избори“ – е заклучокот на бугарскиот претседател Румен Радев откако утрово го врачи третиот и последен мандат за формирање влада на Алијансата за права и слободи (АПС), чии претставници веднаш му го вратија неисполнет. Со враќањето на мандатот од страна на АПС, која е третата политичка партија, односно коалиција што го стори тоа […]

Европската демократска партија на Аријанит Хоџа се спојува со ДУИ


  Европската демократска партија предводена од Аријанит Хоџа се спојува со ДУИ на Али Ахмети. Централното собрание на партијата ја разгледало поканата на ДУИ за обединување на политичките сили, информира партијата на Фејсбук.   „Сметајќи го политичкиот моментум како важен во однос на најголемото можно политичко обединување на Албанците и за што посилно артикулирање во […]

Македонија одобри 10.000 работни дозволи за странци за годинава


Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани. Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние […]

Лондон го отфрли предлогот на Франција и Италија за разговори со Путин


  Велика Британија не го поддржува предлогот на лидерите на Франција и Италија за започнување разговори со рускиот претседател Владимир Путин за Украина, изјави британската министерка за надворешни работи Ивет Купер. „Мислам дека ни требаат докази дека Путин навистина сака мир, а во моментов не го гледам тоа“, изјави Купер во интервју за „Политико“. Според […]

Летаат со брзина од 320 км/ч: Комерцијалните летови со воздушно такси ќе започнат во Дубаи до крајот на годината


Електричното воздушно такси развиено од „Џоби Авиејшн“ треба да започне со комерцијална работа во Дубаи до крајот на оваа година, изјави во петок претседателот на Управата за патишта и транспорт на Дубаи, Матар Ал Таџер. „Џоби Авиејшн“ го спроведе првиот тест лет на своето целосно електрично воздушно такси во емиратот во јуни 2025 година, што […]

Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село


„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и […]

Хемичарот Панче Наумов стана член на Европската академија на науките


  Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences) и тоа во Одделението за хемија. Наумов за МИА вели за членство во Европската академија на науки бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД,  а неговата номинација била поддржана […]

Што се случи со окото на Макрон?


  Францускиот претседател Емануел Макрон се појави пред вооружените сили на неговата земја со необичен детаљ: отечено црвено око. Појавувајќи се пред француските војници во воената база во Истр на југот на Франција, Макрон се пошегува за својата состојба и објасни дека станува збор за „сосема безопасен изглед“. „Ве молам извинете за изгледот на моето […]

Стратешка шлаканица од стратешкиот партнер: Левица за суспензијата на имигрантските визи на САД


  Левица тврди дека Владата дека со својот вазалски однос кон САД директно придонела за одлуката да се запре постапката за издавање имигрантски визи за македонските граѓани. Во соопштението, партијата тврди дека актуелната власт со години градела илузија за наводно „стратешко партнерство“ со Вашингтон, но дека реалноста покажала отсуство на каква било вистинска поддршка. Според […]

Американски инвестициски фонд бара Русија да исплати 225 милијарди долари долг на Руската империја


  Американскиот инвестициски фонд „Нобл Капитал РСД“ поднесе тужба во американскиот федерален суд против руската влада, барајќи Русија да биде признаена како должник по обврзниците на Руската империја издадени во 1916 година, објавува руското издание РБK. Руската Федерација, Министерството за финансии и Националниот фонд за благосостојба на Руската Федерација се именувани како обвинети во случајот. […]

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп


Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо на вчерашната средба во Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп му го врачи својот медал за Нобелова награда за мир. Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето. – Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен […]

Патиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени до понеделник


Атина – Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Да останат отворени патиштата и автопатиштата е и еден од предусловите поставени […]

„Москва на Медитеранот“ ѝ го врти грбот на Русија


  Кипар, поделена островска земја во која рускиот капитал играше голема улога со години, во голема мера се дистанцира од Русија по нејзината агресија врз Украина. „До 2023 година беа затворени речиси 43 илјади фиктивни руски компании, како и близу 130 илјади банкарски сметки на руски граѓани. Помеѓу 2015 и 2024 година, руските депозити се […]

Јулија Тимошенко: Блокирани ми се банкарските сметки


Лидерката на партијата Баткившчина (Татковина) и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осомничена од истражните органи за нудење мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се блокирани. Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од 50 милиони гривни (околу еден милион евра) […]

Најголемата вселенска трагедија! Луѓето со неверување гледаа како умираат астронаутите


Вселенскиот шатл „Колумбија“ беше првиот вселенски шатл на НАСА и симбол на технолошкиот напредок на САД. Првпат лансиран на 12 април 1981 година, Колумбија успешно заврши серија мисии и служеше како клучна алатка за истражување на вселената. За жал, неговото патување заврши трагично на 1 февруари 2003 година, кога беше уништен за време на повторното […]

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители


Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а […]

Ши Џинпинг до Карни: Кина и Канада треба да бидат партнери


Кина и Канада треба да бидат партнери кои се почитуваат и веруваат едни на други, да се развиваат заедно и да соработуваат, му порача денеска кинескиот претседател Ши Џинпинг на канадскиот премиер Марк Карни кои се сретнаа во Пекинг. -Суштината на економските и трговските односи меѓу Кина и Канада лежи во взаемната корист и соработката […]

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба


Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска е осуден на пет години затвор поради воведување на вонредна состојба во земјата кон крајот на 2024 година. Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против Јун. Тој е осуден и по други обвиненија, вклучително и пружање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за […]

Објавена е првата фотографија од Софи Тарнер во улогата на Лара Крофт


PRIME Video ги објави првите официјални фотографии од претстојната играна серија „Tomb Raider“. На нив се појавува Софи Тарнер како иконската Лара Крофт. Снимањето е во тек, а серијата е базирана на популарната франшиза за видео игри. Prime Video го одобри проектот во мај 2024 година, а во ноември истата година беше потврдено дека Тарнер […]