Без вода дел од Чаир


Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка


 И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, […]

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска […]

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка


Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад.   Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Втор ден – македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска


Хернинг – Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски […]

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 16 јануари 2026 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  349 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 9 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Германија славеше против Австрија, Норвешка ја совлада Украина


Следниот натпревар на Германија ќе биде против Србија во сабота откако вечерва ја совладаа Австрија со 30:27. Германците водеа целиот натпревар, но никогаш со разлика од повеќе од пет гола. На крајот, стигнаа до рутинска победа. Јоханес Гола ги предводеше до неа со седум гола. Лукас Зербе додаде шест, а Шлуров и Ушинс додадоа по […]

Почна Европското ракометно првенство, стартни победи на Франција и Шпанија


 Франција ја совлада Чешка, додека Шпанија беше поуспешна од Србија, во двата воведни натпревари со кои вечерва официјално стартуваше 17. Европско првенство за ракометари во организација на Данска, Шведска и Норвешка. Франција во доминантен стил триумфираше над Чешка во Осло со 42-28 за стартна победа во групата Ц, додека Шпанија во Хернинг не дозволи изненадување […]

Ерупција од гнев на Исланд по шегата на идниот американски амбасадор дека земјата ќе стане држава на САД


  Илјадници луѓе потпишаа петиција во која изразуваат гнев откако кандидатот на Доналд Трамп за амбасадор во Исланд наводно се пошегувал дека нордиската земја треба да стане 52. држава на САД. Во средата, неколку часа пред високите претставници од Гренланд и Данска да се сретнат со САД со надеж дека ќе ги одвратат заканите на […]

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone


Доколку имате iPhone 11 или понов модел, ажурирањето на вашиот телефон може да ве заштити од „екстремно софистициран“ сајбер напад. Доколку сте корисник на iPhone и, како и огромното мнозинство луѓе, не сте го ажурирале вашиот софтвер на iOS 26 или понова верзија, можеби ќе сакате повторно да размислите. Apple сега силно ги охрабрува сите […]

Ристо Никовски: Ние сме стратешки партнер на САД, но тие не се наш


  Вклучувањето на Македонија на списокот од 75 земји  за кои е суспендирано издавањето на имигрантски (иселенички) визи предизвика политички шок-бранови во земјата, затоа што беше неочекувано нашата земја да се најде во друштвото на земји од третиот свет. Плус и заради тоа што сме членка на НАТО и што имаме потпишано стратешко партнерство со […]

Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари


По декември со претежно униформно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови. Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон […]

Нов инцидент со ICE во Америка. Агент пука во човек, тој го удира со лопата


Федерален агент застрелал маж во ногата во Минеаполис откако бил нападнат со лопата за време на обид за апсење, соопшти Министерството за внатрешна безбедност (DHS). Инцидентот ги зголемува тензиите во градот, кои се високи откако агент на Службата за имиграција и царина (ICE) застрелал и убил жена минатата недела, предизвикувајќи протести низ САД, објавува BBC. […]

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп


Воен персонал од неколку европски земји пристигна на Гренланд за да учествува во заеднички вежби, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повторува своето барање арктичкиот остров да биде ставен под контрола на САД. Контингент од 15 француски војници се истовари во главниот град Нук, а им се придружуваат персонал од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и […]

Руте и Зеленски разговараа за енергетската ситуација во Украина по последните руски напади


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска соопшти дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за последните руски напади врз Украина, кои предизвикаа масовни прекини на електричната енергија во земјата. – Разговарав со Зеленски за енергетската ситуација во Украина, каде што руските напади предизвикаа ужасно човечко страдање, како и за тековните напори за ставање крај […]

Голема акција против даночна мафија – МВР апси


Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Неофицијално, досега се уапсени повеќе од 10 лица осомничени за организирано затајување данок […]

Русија предупреди дека и таа има интереси на Арктикот


 Со оглед на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот, пренесе ДПА повикувајќи се на извештајот на државната новинска агенција Тас. – Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат […]

Ваква еуфорија е невидена: Со помалку од 60 илјади жители се хит репрезентацијата на Евро


На Европското првенство во ракомет, една репрезентација одамна престана да биде аутсајдер. Иако доаѓа од земја со само неколку десетици илјади жители, денес никој не ја дочекува без максимална претпазливост. Еуфоријата околу ракометот и исклучително талентираната генерација не стивнува на Фарските Острови. Иако оваа островска земја има само околу 60 илјади жители, интересот за репрезентацијата […]

Грција испрати воена опрема – донација за Либан


Со транспортен брод на грчката воена морнарица, од Атина за Бејрут, денеска биле пренесени 13 оклопни возила за транспорт на персонал (M-113), десет возила за општа намена (STEYR 680M) од два и пол тони, како и материјали и резервни делови за нивна поддршка, во рамките на донацијата од Грција за Либан. Од Министерството за национална […]