Мамдани денеска ја презема функцијата градоначалник на Њујорк


Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка […]

Од денеска поскапува струјата, од 2,45 отсто во првиот блок до 3,84 проценти во четвртиот


Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13:00 до 15:00 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за […]

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула


Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев […]

Од патарини лани биле наплатени над 67 милиони евра, М-ТАГ ќе биде достапен и во малопродажба


 Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и […]

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура


Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција […]

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози


 Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата […]

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата


Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе […]

Ведро и студено на првиот ден од новата година


Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен […]

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров


Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на […]

Бугарија го воведе еврото


  Бугарија од денеска официјално станува 21-ва членка на Еврозоната со што бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како нова национална валута на земјата. Иако, еврото од денеска е во официјална употреба во Бугарија, сепак до 31 јануари во промет ќе може да биде користен и левот, при што за плаќањата во левови, кусурот […]

Експлозија во познат швајцарски ски-центар, најмалку 10 лица загинале


Неколку лица загинаа, а неколку други се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а причината сè уште не е позната, објавува Би-Би-Си. Во изјава за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се […]

Женско е првото бебе во новата година


Точно на полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, се роди првото бебе во новата година. На Клиниката за гинекологија во Скопје првото бебе во новата година е  девојче.