Родригез најавува реформи што ќе овозможат странски инвестиции во нафтениот сектор на Венецуела


Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез,  вчера презентираше законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат нови странски инвестиции во енергетскиот сектор, изјави Родригез во говорот пред националното собрание на јужноамериканската земја. Таа најави дека мерките ќе овозможат инвестиции во нови нафтени полиња, во полиња каде што никогаш немало инвестиции, како и […]

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната година и пол


Во последните една и пол година Владата инвестирала повеќе од 65 милиони евра, информира премиерот Христијан Мицкоски и додава дека ќе продолжат со инвестиции во образованието, кое, како што нагласува, е еден од нивните главни приоритети. – Последното што го разгледувавме беше податокот дека за година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани […]

Децата в училиште на 20 јануари – само државата може да одлучи да не биде така


 Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.  – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки […]

Што треба да прави секој хороскопски знак еднаш дневно за да го подобри секојдневниот живот


  Не ви требаат нови планери, утрински рутини од 12 чекори или „тотално ресетирање на животот“. Понекогаш, една мала, повторувачка навика дневно е доволна за да ви се случи неделата да почне сама да си доаѓа на свое место. Овој хороскоп не ветува чуда, но нуди мали чекори што се реални за спроведување – дури […]

Македонците и Албанците најмногу се смрзнуваат во Европа


Евростат објави податоци колку домаќинства во европските земји не успеваат да ги загрејат своите домови. Според мапата што е објавена, испаѓа дека најголем процент грашани што не можат да си дозволат греење преку зима има во Македонија и во Албанија – над 30 отсто. Спроред Евростат процентот на луѓе кои не можат да го одржуваат […]

Уметност за надеж: Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“


Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана од семејството на трагично починатата Фросина со цел да гради долгорочни и системски решенија во борбата за поголема безбедност во сообраќајот, подигнување на јавната свест и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии. Преку кампањи за општествена одговорност, едукација, застапување и директна помош, Фондацијата има за […]

Стојановски останува во Вардар уште две сезони


Ракометниот клуб Вардар продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако е постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони. Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа […]

Мадона ги поддржа демонстрантите во Иран додека Холивуд молчи


Вашингтон – Американската пејачка Мадона на Инстаграм го поддржа демонстрантите во Иран. – Додека размислувам за својот престој во Мароко за време на празниците, мислам на сите луѓе во Иран кои се борат за многу потребната револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат, објави Мадона. Таа додаде дека задушувањето на слободите во […]

Мечка четврти пат ограби иста слаткарница


Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис  (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг, јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи. Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Струга


Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.

За викендот променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање


 За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на […]

“Head High” на Крили Џајковски како најава за новиот албум


Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски има нов материјал. Неговиот нов албум “Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички […]

Адеми се жали од црна црна кампања против ДУИ


Се води систематски црна кампања против ДУИ каде што се оцрнуваме дека сме најголемото зло во државата, додека ние нудиме конкретни и издржани решенија, рече синоќа генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми. Тој истакна дека целото општество влегло во стапица дека „неговата партија е најлошото нешто во државата“. Адеми го критикуваше и ставот на Претседателот […]

Македонски кол-центри се вмешани во една од најголемите сајбер измами во Европа


  Македонски кол-центри се вмешани во една од најголемите сајбер измами во Европа, со штета што надминува 230 милиони евра. Германија веќе го започна судењето против наводниот лидер на мрежата „Mилтон груп“, Михаил Биниашвили, познат и како Мишка, кој е обвинет за организирана измама и управување со најмалку 400 лажни финансиски платформи. Според германските истражители, […]

Луксузното BMW што го возеше Касами било позајмено од роднина


  Возилото марка BMW со тетовски регистарски таблички, со кое тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА Биљал Касами дојде на лидерската средба во Клубот на пратеници, е во сопственост на негов близок роднина со инцијали Р.А, кој поседува компанија за бетонски елементи со седиште во Желино, дознава „Фокус“. На лидерската средба што завчера се одржа […]

Хрватска пратеничка ја стресе струја во Парламентот


Пратеничката Далија Орешковиќ ја стресе струја за време на вчерашната парламентарна дебата. Тоа се случи за време на говорот на членот на ХДЗ, Марко Павиќ. Орешковиќ во еден момент се наведна под пратеничката клупа, а кратко потоа гласно вресна и почна да мавта со раката. „Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто […]

И германската крајна десница од АфД се дистанцира од Трамп


  Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) долго време бара блиски врски со администрацијата на Трамп во потрагата по моќни меѓународни сојузници и крај на политичката изолација дома. Но, како што јавното расположение во Германија сè повеќе се свртува против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот странски интервенционизам – особено неговите намери за […]

Фон дер Лајен и еврокомесарите нема да присуствуваат на гласањето недоверба на ЕК во Европарламентот


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не се очекува да присуствува на дебатата во Европскиот парламент по иницијативата за изгласување недоверба на извршното тело на ЕУ покрената од десничарската група Патриоти за Европа, што треба да се одржи в понеделник во Стразбур. Според извори во Европската комисија, покрај Фон дер Лајен на дебатата […]

Аеродромот „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродромите – ниво 3


Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод – ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI), глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и на одржливоста во воздухопловството, во рамките на нивната глобална програма Airport Carbon Accreditation – […]

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада


Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Трајановски, во вчерашното гостување на телевизија Алсат нагласи дека лидерската средба, чија главна цел била укинување на техничката влада, не претставува вистински дијалог и дека СДСМ нема намера да биде алиби на однапред подготвените сценарија на власта.   „Апсолутно немаме намера да даваме легитимитет и алиби на владејачката […]