Кој имаше најдобро новогодишно украсен двор во Скопје?


Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот.   Во прилог објавата […]

Ќе ги тргнат ли САД визите за Македонија?


По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „во деновите што следат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани однашиот стратешки партнер“, се огласи на социјалните мрежи поранешниот министер за надворешни работи Бујар османи, потсетувајќи дека во рамките на Стратешкиот дојалог со САД, што го обнови тој, има дел кој предвдува чекори за ослободување на […]

Украденото оружје од „Паркови и зеленило“, најдено на ГП „Богородица“


На ГП „Богородица“ откриени службените пиштоли украдени од обезбедувањето на скопското ЈП „Паркови и зеленило“. Вкупно 9 службени пиштоли кои биле предмет на кривично дело – Тешка кражба извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје се пронајдени во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска […]

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава


Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.   Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата Визер,  ќе придонесе за подобра […]

Јаневска во УГД да ги поттикне на подобрување


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, проректорот Дарко Лазаров, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и директорот на Педагошката служба во МОН, Роберт Аџипетров. Главна тема на разговорот беше донесувањето на трите нови закони – за високо образование, за квалитет во високото […]

Македонија увезува работници: Владата одреди квота од 10.000 работни дозволи за странци


  Едни се иселуваат од државата, а други доаѓаат место нив. Работната сила снемува и таа треба да се надополни. Владата донесе одлука за квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци, а […]

Стефанов: Малку репрезентации во Европа можат да се пофалат со ваков континуитет


Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште големо натпреварување или од 2012 година продолжуваат настапите на Европските и Светски првенства. Нашиот национален тим вечерва го стартува деветтото ЕП, а противник ни е еден од првите фаворити селекцијата на Данска. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека овој настап го доживува како […]

Десничарски лидери го поддржаа Виктор Орбан во видеото за изборната кампања во Унгарија


  Десничарските лидери од целиот свет се здружија за да го поддржат Виктор Орбан од Унгарија, алудирајќи на симболиката што изборите во земјата ја носат за глобалните крајнодесничарски движења, дури и кога популистичкиот лидер заостанува во анкетите. Видео од кампањата објавено онлајн од Орбан оваа недела вклучува поддршка од речиси десетина лидери, вклучувајќи ги Италијанците […]

Мики Рурк тврди дека треба да врати 90.000 долари на луѓето што му испратиле пари


  Мики Рурк рече дека сè уште треба да врати 90.000 долари од кампањата GoFundMe што беше започната за да се спречи неговото иселување. Рурк претходно сподели серија објави на Инстаграм велејќи дека е вознемирен поради собирањето средства, кое го нарече измама. Тој изјави дека повеќе од 90.000 долари се собрани на страницата GoFundMe и […]

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје


Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети […]

Градските автобуси за Богојавление по неделен возен ред


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред. Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат […]

Мицкоски: Ќе има добри вести од САД следните денови


Во наредните денови за македонските граѓани ќе има добри вести од нашиот стратешки партнери Соединетите Американски Држави (САД), соопшти премиерот Христијан Мицкоски при неговата посета на Кратово, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за суспендирањето на иселеничките визи од САД за 75 држави, меѓу кои и Македонија. Според него, Министерството за надворешни работи и […]

Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител


Откако беше суспендиран и со сопствена оставка го напушти Јавното обвинителство, адвокатот и поранешен виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи најави дека ќе се кандидира за републички јавен обвинител, нагласувајќи дека обвинителството мора да се прочисти за да се врати неговиот углед и функционалност. Во гостување на „За или против“ на Алфа телевизија, Хајрулахи рече дека […]

Мицкоски нема датум за средбата со Ахмети


Премиерот Христијан Мицкоски очекува измените во Законот за прекршоци да се изгласаат веќе на следна собраниска седница за да системот „Сејф сити“ стартува на 1. февруари. -На лидерската средба беше безусловно договорено дека ќе се поддржат измените во Законот за прекршоци. Спомна дека постоеле некои амандамни кои што потоа во разговорот со министерот за внатрешни […]

Толку од периметарот на Мицкоски, целата држава е на црната листа на САД, велат од СДСМ


  Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска на прес-конференција изјави дека „Мицкоски го надмина Груевски и за жал ја стави целата држава на црната листа на САД“ откако Вашингтон го суспендира издавањето на иселенички визи за нашите граѓани. Одлуката, која беше шокирачка за политичките кругови во Македонија Жерновски ја оцени не како […]

(Видео) Страшна експлозија во Холандија – се урнаа неколку згради


Експлозија предизвика голем пожар во Утрехт. Неколку лица беа повредени откако голема експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија, во четврток попладне. #Utrecht pic.twitter.com/bSB4qf3PDW — Fokko Mulder (@wappiewerpen) January 15, 2026   „Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица беа повредени и однесени во болница на […]

Дваесет лица под истрага за даночно затајување и измама од 4,8 милиони евра


Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражителите од Истражниот центар при Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, извршија претреси на 16 локации низ државата. Акцијата, како што информираат од Обвинителството, се одвивала вчера до доцните вечерни часови, при што биле пронајдени и […]

На Шар Планина со ратраци носеле скијачи без дозвола – контролата попречувана


Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот констатирале вршење дејност превоз на скијачи со ратраци која била во спротивност со важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот. Според управата на паркот, операторот немал склучено договор и спогодба со нив, како што е предвидено со Одлуката за режимот […]

Во времето на Трамп секој е оставен сам на себе


Дел од поткастот „Добра борба“, разговорот го водеше Јаша Мунк. Еднаш рековте дека Белата куќа на Трамп е центар на револуционерно движење, дека револуциите секогаш се радикализираат и дека не може да се знае каде ќе завршат. Во исто време, се чини дека Белата куќа на Трамп е заглавена во последните неколку месеци. Што всушност […]

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку […]