Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет


Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје, особено здравјето на младите и непушачите, е приоритет, во изјава за МИА потенцираше пулмо-алергологот, примариус доктор специјалист Оливер Зафировски, директор на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Со доктор Зафировски разговаравме околу новиот закон против пушење. – Според спроведените анализи […]

Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за злоставување ученички во неговата школа за глума


Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина вчера, 18 јануари, во Белград, на 73-годишна возраст. Против Алексиќ во изминатите години се водеше кривична постапка поради сомнение за силување и сексуално злоставување на неколку ученички во неговата школа за глума, случај кој предизвика силни реакции во јавноста и отвори поширока дебата за злоупотребите во културниот и образовниот […]

Оксфам: Милијардерите се збогатуваат со рекордна брзина и сè повеќе ја преземаат политиката


Богатството на светските милијардери порасна три пати побрзо минатата година отколку во претходните години, достигнувајќи рекордно високо ниво, предупредува Оксфам во својот последен извештај за нееднаквоста. Во извештајот, објавен пред Светскиот економски форум во Давос, се вели дека комбинираното богатство на глобалните милијардери ќе се зголеми на 18,3 билиони долари во 2025 година, продолжувајќи го […]

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба


Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, […]

Почнува Светскиот економски форум во Давос


Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум под слоганот „Духот на дијалогот“, на кој ќе учествуваат светските лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и академската заедница, со цел преку дијалог да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите за […]

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на земјоделците од 62 блока од цела Грција, кои веќе 50 дена протестираат, а во пресрет на состанокот, како во изминатите денови, така и во текот на денешниот ден, патиштата и граничните премини ќе останат отворени, што воедно беше и главен предуслов на Владата за […]

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа


 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа. – Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не […]

Растот на Кина забави на 4,5 отсто, најслаб во речиси три години


Економскиот раст на Кина во четвртиот квартал лани забави на најслабо темпо во речиси три години, бидејќи домашната побарувачка ослабе, иако растот во текот на целата година се совпадна со целта на Пекинг и покрај зголемените трговски тензии со САД и продолжениот пад на пазарот на домување. Бруто домашниот производ порасна за 4,5% во периодот […]

Избрана нова Влада на Република Српска


Пратениците на владејачкото мнозинство на посебна седница на Народното собрание на Република Српска избраа нова Влада предводена од Саво Маниќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). На гласањето присуствуваа 51 пратеник од вкупно 83 пратеници, а за новата Влада гласаа 49, додека опозицијата не гласаше. Во новата Влада на РС има пет нови министри. Вчера […]

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд. – Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе […]

Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД


Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се договорија да му дадат шанса на дијалогот со САД, пред да преземат какви било мерки како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 1 февруари кон осум европски земји, кои, според него, се противат на неговата намера за преземање на Гренланд. Според дипломатски […]

Златото и среброто скокнаа на рекордно високо ниво поради заканите за царини поради Гренланд


Златото и среброто скокнаа на рекордно високо ниво, бидејќи засилениот притисок на претседателот Доналд Трамп да го преземе Гренланд ги разгоре стравувањата од штетна трговска војна меѓу САД и Европа. Спот златото се тргуваше близу 4.670 долари за унца, додека среброто порасна за дури 4,4%, бидејќи агресијата на Трамп влијаеше на доларот и ја поттикна […]

Железничка несреќа во Шпанија: Бројот на загинати се зголеми на најмалку 39 лица, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните


Судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, одзеде најмалку 39 животи, а повеќе од 150 лица се со повреди. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседна пруга. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој […]

Бројот на загинати во пожарите во Чиле се зголемува


Најмалку 18 лица загинаа, а најмалку 20.000 се евакуирани поради катастрофалните шумски пожари на југот на Чиле, поради што претседателот Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа во два региона, пишува Си-Ен-Ен. Чилеанскиот претседател Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа рано наутро во неделата во регионите Нубле и Био Био, кои се наоѓаат околу 500 километри […]

Цените на нафтата пораснаа минатата недела


На светските пазари, цените на нафтата пораснаа минатата недела, но побавно отколку една недела претходно, бидејќи тензиите околу протестите во Иран сè уште се намалуваат. Цената на барел на лондонскиот пазар се зголеми за 1,2 проценти минатата недела, на 64,13 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 0,5 проценти, на 59,44 долари. Цените […]

РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи. Од РСБСП информираат дека се […]

Собраќајот по наместа влажни коловози, нема задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти изутринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Најмалку 24 загинати во судир на возови во Шпанија (видео)


Најмалку 24 лица загинаа, а 73 се повредени кога два брзи возови излетаа од шините вчера вечерта во градот Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Претседателот на андалузиската влада, Хуанма Морено, изјави дека 15 лица се во сериозна состојба и не ја исклучи можноста бројот на жртви да се зголеми бидејќи еден од вагоните е „многу […]

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7:30 до 15:30 часот. Од утре ќе се продолжи со редовно работно време.

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда


Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба. – Со хуманитарен, натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – […]