Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии


ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а […]

Православните верници го слават Богојавление-Водици


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на […]

Студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6


Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од […]

Лазаров: Да не беа повредите сигурен сум дека ќе ги победевме Португалците


По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Ова се математиките за пласман на македонските ракометари во второто коло


Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата.  Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот […]

Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи


Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. –  Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и […]

Драматично до крај: Македонија и Португалија играа нерешено


Хернинг – Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а […]

Чиле погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени


Сантјаго– Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето западно од пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 10 километри и на 775 километри од градот Пуерто Монт. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување […]

Трка за Париз: Рашида Дати најави оставка во владата


Париз – Рашида Дати, француската министерка за култура и кандидатка за следниот градоначалник на Париз, денес објави дека ќе ја напушти владата пред локалните избори во Париз. „Денес потврдувам дека ги почитувам сите етички правила. Нема потреба да се грижите, секако дека ќе ја напуштам владата пред локалните избори во Париз. Знам што треба да […]

Два гола негатива за македонските ракометари против Португалија (полувреме)


Хернинг – Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, а Никола Маркоски доби и црвен картон во 15.минута. […]

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија


Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Како што […]

Олга Даниловиќ ја победи Венус Вилијамс на отворањето на Австралија Опен


Мелбурн – Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. –  Беше феноменален меч, со многу енергија од […]

Митревски и Пешевски во составот, место Галевски и Ристевски


Хернинг – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел со Португалија. Тој направи две замени во однос на дуелот со Данска одигран во петокот. На денешниот натпревар на теренот ќе се појават голманот Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради ситни повреди „одмораа“ со Данска, а денеска на трибините во […]

Двојна победа за Домен Превц во Сапоро


Сапоро – Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата.  Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и […]

Пендаровски му возврати на Мицкоски


Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владат, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски. “Навистина мислев да не му давам на […]

Балсамот не помага? Дерматолог објаснува зошто усните пукаат 


Зимата си има свој шарм, но студот, ветерот и сувиот воздух честопати ја носат таа класична мака – суви, затегнати и испукани усни. Многумина потоа посегнуваат по балсам, но ако проблемот постојано се враќа, лесно е да се падне во вртлогот на „советите“ од социјалните медиуми и да се почне да се сомнева во сè. […]

Норвежанецот Мек Грат победник на слаломот во Венген


Венген – Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута. Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот. Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од […]

Мета отпушта 1.500 вработени, го затвора проектот Метаверс


Мета отпушта околу 1.500 вработени од својата дивизија Reality Labs, која е одговорна за развој на производи за виртуелна реалност. Овој потег е дел од поширокото отстапување на компанијата од Метаверс, проект кој беше толку клучен што компанијата го смени своето име од Фејсбук во Мета во 2021 година, објавува Futurism. Префрлање на фокусот од […]

ООУ „Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик


Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на […]

Германските војници се повлекоа од Гренланд


Берлин – Портпаролот на германската армија изјави дека германскиот воен разузнавачки тим од 15 војници, неодамна испратен на Гренланд, денеска го напушти арктичкиот остров и се упати кон Копенхаген. Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд. – Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени […]