Во смачканите вагони во Шпанија уште има заробени луѓе. Загинаа најмалку 39 лица


  Најмалку 39 лица загинаа, а 12 се на интензивна нега откако два воза се судрија во јужна Шпанија во неделата вечерта, во она што премиерот Педро Санчез го нарече „ноќ на длабока болка за нашата земја“. Брз воз „Ирјо“, кој сообраќаше од Малага до Мадрид, излета од шините во близина на општината Адамуз во […]

Мицкоски: Да ја градиме државата со чесност


Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.  – Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како […]

Кога политичарите ги кажуваат тивките работи на глас


Кога Виктор Орбан од Унгарија пристигна на самитот на ЕУ во 2015 година, Жан-Клод Јункер рече „диктаторот доаѓа“ и го поздрави со разиграна шлаканица по лицето. Забелешката на тогашниот претседател на Европската комисија беше откривачки поглед во политичката динамика што обично се чува зад затворени врати, или дури и само во главите на лидерите. Без […]

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација


Хернинг – Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, […]

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје – еве кои улици се затворени


Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце […]

Како Давос стана MAGA


ДАВОС, Швајцарија — Кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе пристигне во снежното алпско село Давос, тоа ќе означи и кулминација на едногодишно додворување — и пресвртница за форумот некогаш синоним за либералниот глобализам. Овогодинешниот Светски економски форум, кој започнува в понеделник, навестува голема  промена од  настан долго време карикатуриран како „разбуден“: Климата и разновидноста се […]

Започнува тестирањето на камерите на „Безбеден град – од утре ќе се затвораат сообраќајници низ Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата […]

Тетоважите можат да имаат долгорочно влијание врз имунитетот


Тетовирањето може да остави траен белег не само на кожата, туку и на имунолошкиот систем, според меѓународна студија во која учествувале истражувачи од Биолошкиот центар на Чешката академија на науките, чии резултати покажуваат дека најчесто користените пигменти за тетовирање можат да влијаат на функционирањето на имунолошкиот систем, да предизвикаат воспалителни процеси, па дури и да […]

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид


Годинава Мартин Гоџо е среќниот фаќач на Светиот Крст од водите на Охридското Езеро.  Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив Чесниот крст го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. На манифестацијата меѓу многубројни верници присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.  Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа […]

(Видео) Неквалификуван работник од Индија скокнал во замрзнато езеро и спасил петгодишно девојче во Романија


Драматично видео од спасувањето на петгодишно девојче од замрзнато езеро во паркот „Николае Романеску“ во романскиот град Крајова се појави на социјалните мрежи. Видеото го прикажува моментот кога индиски државјанин, вработен во блискиот ресторан, скока во ледената вода без да размислува да спаси дете кое паднало во езерото. Негодување на присутните Инцидентот се случил во […]

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан


Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар што избувна во трговски центар во пакистанскиот град Карачи. Околу 60 луѓе се водат како исчезнати во огнот што го зафати објектот со повеќе катови. Противпожарната служба соопшти дека гаснењето на огнот во трговскиот центар, со повеќе од 1.200 продавници, било отежнато поради густиот чад.  Синоќа се урнаа […]

Бугарија се мобилизира по Кочани, Македонија не


Смртоносните инциденти во ноќните клубови во Северна Македонија и Швајцарија, во кои загинаа млади луѓе, И во Бугарија го покренаа прашањето за безбедноста на местата за масовна забава. „Ваквите трагедии покажаа колку може да биде фатална комбинацијата од лоша организација, блокирани излези, преполни сали и доцнење во одговорот на пожар. Во оваа позадина, БГНЕС побара […]

Блер негира дека имал улога во одредувањето на цената за членство во „Одборот за мир“


Поранешниот британски премиер Тони Блер негираше дека имал каква било улога во одредувањето на цената од 1 милијарда долари за земјите кои сакаат трајно да се приклучат на новиот „Одбор за мир“ (БММ) на американскиот претседател Доналд Трамп. Одборот за мир во Газа ќе биде задолжен да го надгледува спроведувањето на втората фаза од планот […]

Данска убедлива против Романија, Словенија со пресврт до победа


Хернинг – Ракометарите на Данска ја остварија втората победа на Европското првенство откако синоќа ја надиграа Романија и ја совладаа со 39:24. До втор триумф стигна и селекцијата на Словенија, која и покрај негативата од девет разлика на почетокот на вториот дел ја совлада Швајцарија со 38:35. Резултати на вчерашните натпревари: Македонија – Португалија 29:29; […]

Сиљановска: Осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното […]

Американските сили „целосно се повлекоа“ од Ирак


Владата во Багдад синоќа соопшти дека „целосно се повлекле“ американските сили од Ирак, но оти остануваат во полуавтономниот регион Курдистан. Ирачкото Министерство за одбрана соопшти дека последниот контингент американски советници ја напуштил воздухопловната база Ал Асад во западната ирачка покраина Анбар. Во соопштението се додава дека Коалицијата за борба против групата Исламска држава, предводена од […]

Најдоброто од „Киненова“ од 21-24 јануари во Кинотека


Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови. Под […]

Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите […]

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула


Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат. Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра. Речиси е неверојатно што се случуваше […]

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка


Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип,  – […]