Вака Осака влезе на теренот на Австралија Опен. „Воау“


Наоми Осака (28), поранешната најдобра тенисерка во светот и моментално 16-та на ранг-листата на ВТА, имаше импресивен почеток на својот настап на Отвореното првенство на Австралија, кое го освои во 2019 и 2021 година. Пред натпреварот со Антонија Ружиќ од Хрватска (23, рангирана на 65-то место на ранг-листата на ВТА), таа излезе на централниот терен […]

Македонскиот филм „17“ на Косара Митиќ во селекција на Берлинале


  Дебитантскиот долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ – „17“ е селектиран во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, еден од најпрестижните светски филмски настани. Филмот ќе ја има својата светска премиера во Берлин, каде ќе се натпреварува со уште 13 дебитантски остварувања за наградата Најдобар дебитантски филм. По сценариото на Митиќ и […]

Зеленски ќе остане во Киев, нема да оди во Давос


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега останува во Киев по масовните руски напади во текот на ноќта и засега нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на анонимен украински функционер. Според извор близок до украинската администрација, Зеленски би можел да оди во Давос само […]

Снежна апокалипса во Камчатка – снегот достигнал 12 метри!


Рекордни снежни врнежи ги затрупаа градовите низ рускиот далечен источен полуостров Камчатка, што е најсилниот снежен нанос во последните околу 130 години. Екстремното време ги блокираше патиштата, ги затвори училиштата и бизнисите и предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и недостиг на електрична енергија низ целиот регион. Снежните наноси што се издигаа помеѓу 3 […]

Норвешка ги предупредува граѓаните: Во случај на војна, војската може да ги преземе вашите домови и возила


Во последните денови, норвешките власти испратија официјални известувања до илјадници граѓани, предупредувајќи ги дека, во случај на вооружен конфликт со Русија, државата би можела привремено да им го преземе недвижниот имот и транспортните средства за потребите на армијата. Станува збор за превентивна мерка со која сопствениците однапред се информираат дека нивниот имот, доколку околностите го […]

Радев и коалицијата ПП-ДБ ќе се здружат за нова влада во Бугарија


  Во Бугарија трескавично се анализираат последиците од оставката што ја поднесе претседателот Румен Радев и какво влијание ќе има во политичкиот пејсаж неговото најавено учество на предвремените избори. Социологот Прван Симеонов сугерира дека следната влада на земјата би можела да ја предводи претседателот Руман Радев и десничарската коалиција „Продолжуваме со промената – ДемократскаБугарија“. Според […]

Кој ќе ја наследи империјата на Валентино Гаравани од 1,5 милијарди долари?


Рим- Валентино Гаравани, честопати нарекуван италијански моден император, почина на 19 јануари 2026 година во Рим. Имаше 93 години и беше опкружен со своите најблиски во неговата римска резиденција. Погребот ќе се одржи на 23 јануари. Роден на 11 мај 1932 година, Валентино Клементе Лудовико Гаравани остави неизбришлив белег во светот на модата. Маестрото, исто […]

Лавров: Продажбата на НИС на унгарски МОЛ е во интерес на Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече прелиминарниот договор за продажба на блок акции во српската компанија НИС, која му припаѓа на „Газпромнефт“, на унгарската компанија МОЛ за заемно корисен. „Отворени сме за соработка со сите“, рече Лавров на прес-конференција за резултатите од руската дипломатија, пренесува Спутник. Тој додаде дека Русија е подготвена […]

Зошто Европа треба да продолжи да го финансира американскиот долг?


Со децении, глобалниот финансиски систем се врти околу едноставен, но неизговорен договор: Соединетите Американски Држави трошат слободно, имаат големи дефицити, а остатокот од светот тоа го финансира со купување американски средства. Европа, особено, е еден од најголемите учесници во овој договор. Сега, со политичкиот хаос во Вашингтон и обновените закани со царини под Доналд Трамп, […]

Какви се шансите Македонија да се пласира во главната фаза на ЕХФ Еуро?


Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Романија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци одат до прва победа на шампионатот, откако против Португалија освои голем бод. Македонија и натаму е во игра за главната рунда, но патот е комплициран и […]

Анел Фидоски на чело на скопското обвинителство


  Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, одлучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа. Со оваа одлука, Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, […]

Две момчиња завршија во болница вчера поради премрзнување во Вардар


Две млади момчиња, на возраст од 20 и 26 години, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување, откако учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици. Иако биле пренесени во болница, нивната здравствена состојба е стабилна. Оваа година условите во реката беа особено предизвикувачки, а студената вода и високиот […]

Трамп сега му се сврте на Макрон – 200 отсто царини за француското вино


  Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна францускиот лидер Емануел Макрон за одбивањето на поканата да ја поддржи неговата најнова мировна иницијатива и посочи дека може да воведе огромна царина на шампањското како одмазда. „Никој не го сака затоа што многу наскоро ќе биде надвор од функцијата“, им рече Трамп на новинарите во понеделникот по […]

Четири лица затруени во базен на охридски хотел


Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел. Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот. Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и […]

Сѐ за драмата на Бекамови, ако досега не сфативте


Кавгата на Бруклин Бекам со неговите родители Викторија и Дејвид е најголемата глобална вест за шоубизнисот овие денови. Ако не ви е сосема јасно што се случува, еве еден преглед. Во мај 2025 година, Бруклин првпат јасно стави до знаење дека има проблеми во неговиот однос со неговите родители, откако тој и сопругата Никола Пелц […]

Четири деца оставени во скијачки центар, агенцијата заминала без нив: Нивниот одговор е бизарен


  Туристичката агенција „Геа Турс“ донесе шокантна одлука да ги остави децата сами на врвот на популарен скијачки центар во Србија, бидејќи испратиле мал комби за група скијачи, кој може да собере осум патници, но само шест куфери. Иако децата имале редовни повратни билети за Белград, агенцијата рекла дека ќе ги земат, но дека мора […]

Гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, станува потпретседател на ЕЦБ. Политико: Шокантна победа за Хрватска


Гувернерот на Хрватската национална банка, Борис Вујчиќ, ја доби поддршката од министрите за финансии на еврозоната за позицијата потпретседател на Европската централна банка, а преостанатите чекори до формална потврда се сметаат за формалност. Премиерот Андреј Пленковиќ му честиташе на Вујчиќ на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека ова е голем меѓународен успех и силно признание за […]

Почина Гледис Вест, математичарката чии модели ги поставија темелите за GPS


Пионерската математичарка д-р Гледис Вест почина на 96-годишна возраст. Нејзиното име можеби не им е познато на повеќето, но придонесите на д-р Вест секако се. Нејзината работа ги постави темелите за глобалниот систем за позиционирање, или GPS. Како што е добро познато, GPS е суштинска компонента на денешните индустрии, од авијацијата до итни интервенции, а […]

Левица прашува: Остана ли роднина на Меџити што ДПМНЕ не го стави на функција?


Најновото именување на зетот на Изет Меџити, Бесим Кока, за директор на Агенцијата за стокови резерви, е уште една коцка во мозаикот на отворен, дрзок и системски непотизам што го практикува актуелната власт на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ. Претходно, прв братучед на поранешниот прв вицепремиер, а актуелен градоначалник, Меџити, беше поставен за директор на МЕПСО. Друг негов братучед […]

„Јинг-Јанг“: Врвните Теди Папаврами и Маки Окада на концерт со Македонска филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“ на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија, Велика Британија) и пијанистката Маки Окада (Јапонија, Швајцарија). Диригент е Олси Кинами, а на програмата се увертира од операта „Крадливата страчка“ од Џоакино Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. […]