Независниот синдикат на полицијата реагира дека новите возила завршиле кај командири и началници


Претседателот на Независен синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов, денеска доставил писмена реакција до Министерство за внатрешни работи, во која реагира на распределбата на новите службени возила во МВР. Според синдикатот, и оваа набавка, како и претходните, во голем дел завршила кај командирите и началниците, наместо кај полициските службеници кои секојдневно работат на терен. „Доколку […]

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување


Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа Чернобил во Украина е прекинато поради тековните воени дејствија, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува ДПА. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, информираше дека неколку украински електрични подстаници, кои се од витално значење за нуклеарната безбедност, биле погодени од широките воени активности во текот […]

Белгискиот премиер го „извади ножот“ на маса: „Ние не сме робови на Трамп. Доста е“


  Европа мора јасно да му стави до знаење на американскиот претседател Доналд Трамп дека „ е веќе доста“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер во Давос. „Колку сте поблаги кон него, толку станува подрзок “, изјави Де Вевер на маргините на Светскиот економски форум, објави новинската агенција Белга во вторникот. Во понатамошни експлозивни коментари, […]

Општ хаос на крајот на откупот на тутунот, тврдат тутунарите 


  БИТОЛА – Тутунари обвинуваат дека владее општ хаос на крајот од откупот на тутунот, додека од Сојузот на тутунопроизводителите убедуваат дека откупот е успешен, но дека тутунарите се враќаат да го досушат тутунот. Откупни компании ги затвориле пуктовите на многу места низ државата иако тутунопроизводителите сѐ уште имаат тутун за предавање, а откупот законски […]

Факиќ: Ако останат измените на Кривичниот закон за јавните набавки, корупцијата ќе „процвета“


Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, организација која со децении ги следи јавните набавки, ги оцени негативно предложените измени во Кривичниот законик во делот за јавните набавки, со забелешка дека ако влезат вака како што се предложени, ќе доведат до поголема неказнивост на корупцијата во државата.  „Во однос на предложеното решение за кривичното дело […]

Нема повеќе поевтини цигари: Фри-шопот на Евзони ја укина продажбата на тутун


Фри-шопот на граничниот премин Евзони ја укина продажбата на цигари и тутун од 31 декември 2025 година, поради израмнување на цените и регионални мерки против шверцот. Патниците кои со години купуваа цигари и тутун од фри-шопот на граничниот премин Евзони отсега ќе останат без таа можност. Според информации од медиумите во соседството, од 31 декември […]

Се бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК. -Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази […]

Илон Маск навести дека сака да го купи „Рајанер“ по јавната кавга со нејзиниот извршен директор


Најбогатиот човек во светот Илон Маск навести дека може да ја купи авиокомпанијата „Рајанер“ по јавната расправија со нејзиниот извршен директор Мајкл О’Лири. На својата платформа X, која ја купи во 2022 година и го промени долгогодишното име од Твитер, тој навести дека може да го купи и „Рајанер“, со прашање во кое им остави […]

Оваа криза не е за Гренланд туку за нешто многу поголемо


Во последните 72 часа, во европските престолнини се кристализираше прашање: дали американскиот претседател Доналд Трамп е луд, лош или и двете? Ова не е ниту лекомислено ниту хиперболично прашање. Ниту, се разбира, може да се понуди некаков клинички одговор. Но, избалансираните и рационални поединци не им пишуваат на сојузничките премиери како што направи Трамп оваа […]

Почнува реконструкција на јавните згради по европски стандарди – енергетски ефикасни


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата. Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за […]

Мајката што го уби своето дете во Сава доби 15 години затвор


Судскиот совет на Загрепскиот окружен суд незаконски осуди 35-годишна жена на 15 години затвор за тешко убиство на нејзината тригодишна ќерка, која ја фрлила во реката Сава во близина на мостот Јанкомир во јануари минатата година. Дополнително, судскиот совет одреди психијатриски третман за неа, додека по издржувањето на затворската казна таа ќе биде под засилен […]

Почина пејачката Бети Ѓорѓевиќ, позната по хитот „Почнимо љубав испочетка”


Пејачката Благица Бети Ѓорѓевиќ почина на 80-годишна возраст, потврдија за Танјуг кругови блиски до уметницата. Публиката најмногу ќе ја памети по незаборавниот хит „Почнимо љубав испочетка”. Благица Бети Ѓорѓевиќ е родена во Куманово во 1946 година. На музичката сцена на тогашна Југославија се појави кон крајот на 1960-тите. Својот прв сингл „Kraj moje tuge“ го […]

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка


  На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека […]

Новата ера на американската империја


Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бран критики за неговите постапки во Венецуела, кршење на меѓународното право, презир кон долгогодишните норми и закани кон други земји – не само сојузници како Данска и Канада. Низ целиот свет, постои опипливо чувство на неизвесност и претчувство. Но, веќе треба да биде очигледно дека работите нема да завршат добро, […]

Петицијата Данска да ја купи Калифорнија собра повеќе од 200 илјади потписи


Сатиричната петиција со која се повикува Данска да ја „купи“ Калифорнија собра повеќе од 200.000 потписи како одговор на повторените повици од администрацијата на Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд, објавува Newsweek. Кампањата, започната на Denmarkification.com, предвидува свет во кој Данска ќе ја купи најнаселената држава во Америка, ќе ја преименува во „Нова Данска“, […]

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар


Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.  Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна […]

Од полноќ поскапуваат горивата


Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт […]

Трамп на социјалните мрежи ги „обои“ Канада и Гренланд во американски бои


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката за територијално проширување, споделувајќи манипулирани фотографии на социјалните мрежи кои сугерираат проширување на американската контрола врз Канада и обновувајќи ги повиците САД да го преземат Гренланд. На една од фотографиите, Трамп е прикажан во Овалната соба со европски лидери, покрај табла со мапа на Западната хемисфера, […]

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба


На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со […]

Британската влада одобри Кина да започне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот


 Британската влада денеска ѝ одобри на Кина да започне со изградба на својата нова амбасада во Лондон, која е дизајнирана да биде најголемата кинеска Амбасада во Европа, објавија британските медиуми. Амбасадата ќе биде изградена во близина на Лондонската кула по три години одложувања поради противењето на локалните жители, некои британски пратеници и активисти од Хонг […]