Лајен му прати порака на Трамп во Давос: Светот ја избира Европа!


„Нова Европа веќе се појавува“, порача денес претседателката на  Урсула фон дер Лајен во Давос, поздравувајќи ги новите трговски договори и пофалувајќи ја „фер трговијата наместо царините“. Таа практично, посочи на неодамнешното потпишување на трговскиот договор ЕУ-Меркосур, завршен по четврт век преговори, со кој се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот. „Овој договор […]

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци


Лондон – Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање информации“, со цел објавување статии за нив. Во тужбата, војводата од Сасекс изјава дека бил подложен на „застрашувачко нарушување на приватноста“, […]

ЕУ има моќна финансиска алатка против Трамп, еве за што станува збор


Додека Европската Унија разгледува опции за одмазда против најновите царини на претседателот Доналд Трамп, нејзиното најмоќно оружје би можело да биде на финансиските пазари. Франција веќе ја повикува ЕУ да го користи својот „инструмент против принуда“, кој може да ги таргетира странските директни инвестиции и финансии, како и трговијата. Ова доаѓа откако Трамп објави нови […]

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното


Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното. Од грчката полиција информираа дека досега […]

Трамп ја наведе „глупоста“ на Велика Британија околу островите Чагос како причина за преземање на Гренланд


Доналд Трамп посочи дека одлуката на Велика Британија да ги отстапи островите Чагос на Маврициус е меѓу причините зошто сака да го преземе Гренланд.Претседателот на САД, кој патува во Давос во Швајцарија за Светскиот економски форум, го изнесе ова тврдење додека ја засили својата реторика за стекнување на арктичката територија. Пишувајќи на веб-страницата, Трамп рече: […]

Лидерот на Зелената партија бара протерување на САД од британските бази


Велика Британија треба да размисли за протерување на САД од британските воени бази, изјави лидерот на Зелената партија, додека се залагаше за напуштање на НАТО и намалување на трошоците за американско оружје како дел од поширокото расклопување на одбранбениот сојуз на двете земји. Зак Полански изјави за „Гардијан“ дека Велика Британија треба да се одвикне […]

Агенцијата за развој (УНДП) на ОН преместува 400 вработени од Њујорк во Европа


Програмата за развој на Обединетите нации ќе премести речиси 400 вработени од своето седиште во Њујорк во Германија и Шпанија, соопшти синоќа, откако САД го намалија финансирањето. „Овој потег е дел од континуираните напори за прилагодување кон променливата финансиска и развојна средина, зајакнување на партнерствата и максимизирање на способноста на УНДП да ги поддржи најранливите […]

„Гардијан“ објави голема репортажа од Вевчани


Британскиот угледен веснуик „гардијан“ објави репортажа од фестивалот во Вевчани, оценувајќи дека е уникатен настан во Европа. Притоа, весникот споменува дека традицијата започнала пред повеќе од 1.400 години и целото село е трансформирано во театар на отворено, привлекувајќи илјадници посетители. Низ повеќе фотографии медиумот ја доловува атмосферата на фестивалот. „Се носат маски и вклучуваат ѓаволи, […]

Најлошата зима во последните 146 години: Камчатка затрупана со снег (видео)


Камчатка доживува снежен колапс каков што не се памети 146 години, а видеа од огромни снежни наноси и затрупани улици кружат на социјалните мрежи. Сепак, познавачите предупредуваат дека дел од тие видеа и фотографии се генерирани од вештачка интелигенција. A perfect song for this Kamchatka 2026 snow compilation. Amazing how people solve all the snow […]

Синер се пласира во второто коло на Австралија опен


Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија опен. Во првото коло, Италијанецот го победи Французинот Уго Гастон, откако при резултат 6:2 и 6:1, 93. светски тенисер го предаде мечот. Претходно, тој побара медицинска помош во првиот сет откако падна на лакт. Противник на Синер во второто коло ќе биде победникот […]

Невидена снимка. Макрон го буди Трамп – Трамп: „О, одлично, Нобелова награда за ова!“


Објавена е снимка што никогаш порано не е видена и го прикажува моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон му се јавува на Доналд Трамп за да ја соопшти веста за можно примирје во Украина, предизвикувајќи ентузијастички одговор од американскиот претседател кој одговори: „О, одлично, Нобелова награда за ова“. Newly released footage by France, from May […]

Продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони


По паузата поради празниците, денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите на УЕФА. На распоредот се девет натпревари од 7. коло. Двојките се: Каират – Клуб Бриж (почеток 16:30 часот) Боде-Глимт – Манчестер сити (18:45) Реал Мадрид – Монако (21) Спортинг – ПСЖ Копенхаген – Наполи Виљареал – Ајакс Олимпијакос – Баер Леверкузен Тотенхем – […]

Земјотрес близу брегот на Грција, југозападно од Атина


Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми. Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини. Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 […]

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат


По вчерашната четиричасовна средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјоделците попладнево на состаноци на блоковите ќе го разгледаат исходот од разговорите и ќе донесат одлука, дали ќе продолжат со протестите и блокадите што траат веќе 52 дена или ќе се повлечат, јави дописничката на МИА од Атина. Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на средбата […]

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја


Земјотрес со јачина од 6,39 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Земјотресот се случил на длабочина од 106 километри, соопшти ГФЗ. Нема непосредни информации за жртви или потенцијална штета.

„Мерцедес“ разви решение за намалување на бројот на жици во автомобилите со помош на механички прекинувач


Мерцедес-Бенц регистрираше патент во Германија за оригиналниот дизајн на поврзување на сијалиците во вратата или капакот на багажникот со електричната мрежа на возилото. Според патентната пријава објавена од Германската канцеларија за патенти и трговски марки (DPMA), Мерцедес-Бенц би можел да ги елиминира флексибилните кабелски снопови во хаубата или задната врата, заменувајќи ги со механички пружински […]

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите


НБА-лигата ги објави почетните состави на тимовите на Западот и Истокот за „Ол стар“ натпреварот. Стартната постава на тимот од Западната конференција ќе ги вклучува Стефен Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Лос Анџелес лејкерс), Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио). Во почетниот состав на Истокот се најдоа: Јанис Адетокунбо […]

Ново истражување открива зошто некои луѓе полесно настинуваат од другите


Нова студија на научници од Медицинскиот факултет на Јеил открива дека не е самиот вирус на настинка (риновирус) тој што одредува дали ќе „преживееме“ или ќе завршиме со тешки симптоми. Клучот е во раната имунолошка реакција на телото, поточно во тоа како нашето назално-мукозно ткиво реагира на инфекција. Водачот на истражувањето, д-р Елен Фоксман, долго […]

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот


Мелбурн – Модерен екран на допир во нов автомобил може да изгледа како врв на луксузот. Но, некои стручњаци предупредуваат дека тоа може да доведе во сериозна опасност, бидејќи пренасочувањето на вниманието во миг на возење е можеби поризично и од користењето телефон зад воланот. Истражувањата, имено, укажуваат дека времето на реакција на возачот се влошува […]

Форбс: Кајли Џенер е најмладата самостојно стекната милијардерка во светот


Вашингтон – Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан, на само 21 година стана најмладата милијардерка во светот која самостојно го стекнала своето богатство, објави магазинот „Форбс“. Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер […]