САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11 милијарди долари


 Соединетите Американски Држави одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од околу 11,1 милијарди долари, со цел да се зајакне одбранбената способност на островот. Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на САД (DSCA), во осум посебни соопштенија со детали за продажбите, наведе дека тие „ќе помогнат во подобрувањето на безбедноста на примателот и ќе помогнат […]

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот


 Американската војска соопшти дека вчера извршила нов напад врз наводен брод за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи, пренесе ДПА. Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции […]

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина


Случувањата поврзани со Украина, следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, проширувањето, геоекономската ситуација во Унијата, состојбите на Блискиот Исток, европската одбрана и миграцијата ќе бидат темите за кои, според најавата, ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија на Самитот што почнува денеска во Брисел. Сепак, главното прашање околу кое ќе […]

Без струја делови од Аеродром, Сарај и Сопиште


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Аеродром, Сарај и Сопиште. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека од 08 до 09 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Јане Сандански бр.70 во општина Аеродром, а од 10 до 13 часот корисниците од селото Долно Лисиче […]

Променливо облачно, магла во котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе […]

Руте во посета на Полска, а Шекеринска на Ерменија


 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе ја посети Полска, додека неговата заменичка Радмила Шекеринска ќе престојува во посета на Ерменија, соопшти Прес-службата на Алијансата. Според најавата, предвидено е Руте во Варшава да се сретне со полскиот претседател Карол Навроцки, како и со вицепремиерот и министер за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш. Руте ќе […]

Магла на патот Неготино – Демир Капија


Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто […]

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција


Европската воздухопловна и одбранбена компанија „Ербас“ соопшти денеска дека добила договор вреден 30 милиони евра (35,25 милиони долари) од европска агенција. Станува збор за рамковен договор со Европската агенција за поморска безбедност (EMSA) за обезбедување услуги со далечински управувани воздухопловни системи (RPAS) за повеќенаменски поморски надзор, преку беспилотниот летален систем Flexrotor. Овие услуги ќе ги […]

Кошта: ЕУ мора да ги исполни очекувањата што ги создава


Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. […]

„Берлинер цајтунг“: Германија, Шведска, Финска, Хрватска, Бугарија и балтичките земји главни скептици за Србија


  На самитот на Европската унија и Западен Балкан, српското столче беше празно, а демонстративното отсуство на претставниците на Србија може да се припише и на политиката на претседателот Александар Вучиќ и на растечката сомнеж на земјите од ЕУ кон неговите политики, како и на европското непознавање на геополитичката реалност, пишува денес весникот „Берлинер цајтунг“. […]

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи


Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена […]

Венецуела: Извозот на нафта продолжува нормално и покрај американската блокада


Венецуела денеска соопшти дека нејзините извозни операции се одвиваат нормално, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од земјата. Танкерите поврзани со државната нафтена компанија ПДВСА продолжуваат со своите пловидби „во легитимно остварување на правото на слободна навигација и слободна трговија“, се наведува […]

„Декларација од Брисел“: Треба да ги забрзате реформите


Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите […]

Зеленски ќе присуствува на Самитот на ЕУ во Брисел


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе присуствува на Самитот на лидери на Европска Унија во Брисел. Зеленски на Самитот ќе се обиде да обезбеди поддршка за заемот поддржан од рускиот имот. Лидерите на ЕУ неколку недели се обидуваат да постигнат согласност за користење на замрзнатиот руски имот, како поддршка за заемот за Украина, на […]

Сенатот на САД изгласа рекордни воени трошоци, меѓу нив 800 милиони долари за Украина


  Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска со големо мнозинство усвои закон за национална одбрана вреден 901 милијарда долари и го испрати во Белата куќа на потпис. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе изјави дека ќе го потпише законот, со што тој ќе стапи во сила. Сенатот го одобри предлог-законот со 77 гласа „за“ и 20 […]

Петре Шилегов побара оставка на Венко Филипче


  Еден ден по изборот на новото раководство на СДСМ поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, побара оставка од лидерот Венко Филипче. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со […]

Мицкоски со нереални очекувања во Брисел, Бугарија да не поддржува место да блокира


  Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и […]

Украинската армија ја гази елитната руска дивизија во близина на Покровск


  Откако минатиот месец го освои поголемиот дел од Покровск и соседниот Мирноград во источниот регион Донецк, руската армија ја повика својата резерва, моќната 76. гардиска дивизија за воздушен напад, да помогне. Сепак, иако беше помалку вооружен, помалкуброен и принуден да се повлече од Покровск и Мирноград, украинскиот 7. корпус за брза акција лесно ги […]

БиХ ја зголеми старосната граница за професионална воена служба на 45 години


Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, попознат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба на војниците се зголемува на 45 години, јавува регионалната телевизија Н1. Законот, кој беше разгледан на вонредна седница, беше предложен од […]

Протест пред Бугарската народна банка против воведувањето на еврото


Група граѓани денеска се собраа на протест против воведувањето на еврото пред зградата на Бугарската народна банка (БНБ) во Софија. Организатор на собирот, кој е уредно пријавен во Градската општина, е здружението „Дојран 2025“. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки: „Не за еврото“, „Време е да те слушнат, не за еврото“, „Што ќе ни е еврото, […]