„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“


Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамки на програмските активности на Националната галерија, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска. Како што информира Националната галерија, „Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како […]

Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија


Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм. Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и […]

Промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“


 Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“.  Монографијата излегува од печат во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење. – Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. […]

Скопје презагадено – нема препораки од властите


  Нема убави вести за воздухот во Скопје, како што минатата недела премиерот Христијан Мицкоски побара од новинарите да пишуваат. Тогаш во еден час во еден ден Скопје било почисто со воздухот од Виена, но ветерот од тој момент стивна и сите денови потоа е од загадено позагадено. Па и  утрово Скопје урива рекорди во […]

Земјотрес од 4 степени според Рихтер во близина на Дубровник


Земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран вчеравечер во 23:07 часот во Јадранското Море во близина на островот Мљет, потврди Сеизмолошката служба на Хрватска. „Вечерва, 17 декември 2025 година, во 23:07 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар во Јадранското Море во близина на островот Мљет. Јачината на земјотресот беше […]

ФБИ на Каш Пател се распаѓа: Заменик-директорот поднесе оставка, се враќа на подкастот


Ден Бонгино објави дека ќе ја напушти својата позиција како заменик-директор на ФБИ во јануари, пишува Би-би-си. Неговата оставка доаѓа откако Трамп претходно во среда изјави дека поранешниот водител на подкаст одлично си ја завршил работата и дека сака да се врати во својата емисија. Бонгино, кого Трамп го назначи на позицијата во февруари, претходно […]

Пријави за поставени бомби во неколку основни училишта низ Република Српска


Утрово, неколку основни училишта низ Република Српска добија е-пошта со заканувачка содржина за можна експлозија. Полициските службеници постапуваат по горенаведените пријави во согласност со Упатствата за однесување на припадниците на МУП во случај на закана со експлозивна направа или некое друго опасно средство. Училиштата прво ќе бидат проверени од субверзија, објавува РТРС. Утрово, училиштата во […]

Волстрит: Индексот СиП 500 паѓа четврти ден по ред


Средата го одбележа четвртиот негативен ден по ред за СиП 500 и 30-члениот Дау Џонс. Акциите паднаа во средата, бидејќи инвеститорите продолжија да ги отфрлаат клучните имиња во областа на вештачката интелигенција, поттикнати од извештајот дека најголемиот инвеститор на Оракл се повлекол од еден од неговите проекти за центри за податоци. СиП 500 падна за […]

Трамп е во досиејата на Епштајн, но не прави ништо страшно, вели шефицата на кабинетот на Белата куќа


Неколку дена пред истекот на рокот за објавување на владини документи за Џефри Епштајн, шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, во интервју за „Венити фер“ откри дека претседателот Доналд Трамп е „во досиејата“, но дека тој „не прави ништо страшно“ таму, пишува ABC News. Нејзините коментари беа објавени како дел од серија од […]

Енрике по мечот со Фламенго: Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали


Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, го пофали настапот на рускиот голман Матвеј Сафонов по победата над Фламенго синоќа во финалето на Интерконтиненталниот куп. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри. – […]

Момче (14) прободе во гради врсник во Белград – жртвата молчи!


Белградската полиција го уапси 14-годишниот Ф. Г. под сомнение дека го прободел својот врсник В. М. (14) во градите со нож по тепачка во населбата Вождовац минатиот викенд. Инцидентот, кој резултираше со сериозни повреди на едното момче и апсење на другото, се случи во саботата, јавува Н1. Опасно по живот, одби да соработува Според информациите […]

Израел го одобри договорот за извоз на гас во Египет, вреден 35 милијарди долари


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја. Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас […]

Земјите-членки на ЕУ и ЕП се усогласија со новите правила за депортирање на баратели на азил во трети земји


Претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент рано утринава постигнаа договор за новите правила што им дозволуваат на земјите-членки да ги депортираат барателите на азил во „безбедни трети земји“, јави ДПА. Спогодбата ќе овозможи испраќање на барател на азил во земја надвор од ЕУ што се смета за безбедна, дури и ако нема претходна […]

Конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС и избор на ново претседателство


 Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница. Како што инфомираат од институцијата, конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот […]

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет


Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.  На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на […]

Американскиот Сенат го потврди милијардерот Ајзакмен за нов шеф на НАСА


Американскиот Сенат го потврди претприемачот милијардер Џаред Ајзакмен за шеф на Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), со што завршија неколкумесечните неизвесности околу раководството на вселенската агенција. Ајзакмен, близок соработник на технолошкиот милијардер Илон Маск, беше потврден со 67 гласа „за“ и 30 „против“. Тој сега ќе ја надгледува амбициозната лунарна програма на американскиот претседател […]

Украинa со дрон нападна танкер во јужна Русија, загинаа неколку лица


Украински напад со дрон врз танкер во јужното руско пристаниште Ростов на Дон наводно усмртил неколку лица и го оштетил бродот, соопштија регионалните власти, пренесе ДПА. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Слјусар, рано утрово соопшти дека меѓу загинатите има членови на екипажот на бродот, а уништена е и блиска станбена зграда во изградба во западниот […]

Трамп им се обрати на Американците по една година на власт. За сè го обвини Бајден


Наспроти каминот и Белата куќа украсена со божиќни мотиви, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на Американците во живо, а во 20-минутниот говор најмногу ја нападна поранешната влада и неговиот претходник Џо Бајден. Откако ги наведе и наброја сите достигнувања на себе и на неговата администрација, тој започна со обвинувања против претходната демократска влада […]

Кина ќе ги оданочува кондомите од 1 јануари: Од политика на едно дете на три


Кина ќе воведе данок на додадена вредност (ДДВ) на кондоми и други контрацептивни средства за прв пат по три децении, во обид да ја зголеми стапката на наталитет. Од 1 јануари, производите ќе подлежат на стапка на ДДВ од 13%, од која се ослободени од воведувањето на националниот ДДВ во 1993 година, објавува „Гардијан“. Мерката […]

Американскиот Конгрес одобри годишна помош од 400 милиони долари за вооружување на Украина


Американскиот Конгрес вчера го одобри буџетот за одбрана што вклучува и 400 милиони долари годишна помош за Украина во следните две години, јави ДПА. Одлуката, усвоена и од Претставничкиот дом и од Сенатот, ќе му овозможи на Пентагон да ја снабдува Украина со оружје за да се одбрани од руската агресија. Законодавците сега го чекаат […]