Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез


Американскиот фудбалски првак Интер Мајами го продолжи договорот со напаѓачот Луис Суарез до крајот на сезоната 2026. „Откако ја заврши историската сезона 2025, Суарез потпиша нов договор, негов втор со клубот. Огромното искуство и лидерските квалитети на напаѓачот одиграа одлучувачка улога во третата и четвртата титула на Интер Мајами – Лигата на шампионите во Источната […]

Нов пакет даночни олеснувања и рекордно вложување во хрватскиот спорт


Нови даночни олеснувања за инвестирање во спортот, воведе денеска Владата во Загреб, најавувајќи дека за идната година се обезбедени над 180 милиони евра за домашниот спорт што е за седум пати повеќе споредено со 2016 година. Хрватскиот министер за туризам и спорт Тончи Главина посочи дека со владината одлука, а врз основа на Законот за […]

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“ 


Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена […]

МОК ги додели наградите „Златна Олимпија 2025“


Синоќа, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“.] На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, […]

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време


Земјоделците од северниот дел на Грција кои веќе 16 дена нивните трактори ги имаат паркирано на граничниот премин Евзони, попладнево повторно ја блокираа границата за сообраќај на сите возила на влез и излез од Грција кон нашата земја во периодот од 18 до 22 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Ник Рајнер официјално обвинет за убиство на своите родители. Се соочува со смртна казна


Лос Анџелес – Ник Рајнер (32) е официјално обвинет за двојно убиство од прв степен на своите родители, познатиот режисер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел. Доколку биде осуден, се соочува со доживотен затвор без можност за условна слобода или дури и смртна казна. Двојката беше убиена во својот кревет во вила во Лос Анџелес, […]

Повеќе претстави и посетители во професионалните театри


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во сезоната 2024/2025 година е зголемен за 20.9 %, а имало и повеќе посетители за 20.5 % во однос на периодот 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика. Спротивно на овој позитивен тренд, кај професионалните театри за деца и млади се забележува пад: бројот на претстави е […]

Алкараз ја заврши соработката со тренерот Фереро


Мадрид – Шесткратниот освојувач на Гренд слем трофеи и светски рекет број 1, Карлос Алкараз, објави крај на соработката со тренерот Хуан Карлос Фереро. – Многу ми е тешко да го напишам ова. По повеќе од седум години заедничка работа, Хуан и јас решивме да го прекинеме нашето партнерство. Ти благодарам што ми ги остварив […]

Од судско депо во Истанбул „исчезнале“ 25 килограми злато и 55 килограми сребро, се вклучи Интерпол


Анкара – По барање на Турција Интерпол издаде црвена потерница по осомничен за исчезнувањето на 25 килограми злато и 55 килограми сребро од судско депо во Истанбул. Судските службеници на почеток од месецот утврдиле дека од депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе, каде се чувале докази, недостигаат злато и сребро, чија вредност се проценува над […]

Арктикот на работ на катастрофа: Највисока температура во последните 125 години


Арктикот доживеа рекордна топлина и намалување на морскиот мраз во текот на изминатата година, бидејќи северните географски широчини во светот продолжуваат брзо да се префрлаат на повлажни, помалку ледени површини поради климатската криза, објавија научниците. Од октомври 2024 до септември 2025 година, температурите низ целиот арктички регион беа најтопли во последните 125 години од модерното […]

Како европска престолнина на културата ќе бидете повидливи на меѓународно ниво, велат од ЕУ


Европската престолнина на културата претставува можност за значителни културни и економски придобивки, за урбана трансформација и зајакнување на меѓународниот профил на градот, порача денеска во Град Скопје претставничката на Европската комисија, Елсе Христенсен Реџеповиќ, на обука одржана во рамки на проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“. Обуката беше наменета за национални и јавни установи […]

Промоција на две книги од Валентин Нешовски во КИЦ


Во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, на 17 декември (среда) во 19 часот, ќе се одржи промоција на две книги од авторот Валентин Нешовски, во Салонот 19.19. Станува збор за романот „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“, како и за научно-аналитичката студија „Конфликт, мир и медиуми – Медиумите и нивната улога во постконфликтните […]

Ќерката на Кејт Мос има само 23 години – и заработува повеќе отколку што мислите


Лила Мос, ќерката на легендарниот модел Кејт Мос, се чини дека го наследила не само својот препознатлив изглед, туку и своите деловни инстинкти од нејзината мајка. Според неодамна објавените финансиски извештаи, нејзината компанија Грејс Гроув остварила профит од околу 1,16 милиони евра – само три години по основањето, пишува Дејли Меил. Компанијата на 23-годишната Лила, […]

Најдолгата самоубиствена белешка во американската историја


Минатата година, тим американски дипломати од Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот патуваше во дваесетина земји и потпиша серија меморандуми. Заедно со нивните колеги од места како Италија, Австралија и Брегот на Слоновата Коска, тие се согласија заеднички да разоткријат злонамерни и измамнички онлајн кампањи со потекло од Русија, Кина или Иран. Минатиот септември, […]

Власта ја изгласа сопствената резолуција за мигрантите во која се обвинува опозицијата


Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата […]

СП2026: Награден фонд од рекордни 655 милиони долари


Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА […]

Грчкото МНР се изнервира од изјавите на Мицкоски дека „го вратил името“


  Грчкото Министерство за надворешни рабвоти реагираше денес на изјавите на премиерот христијан Мицкоски кој за внатрешнополитички цели тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ почнал да ја нарекува така земјата место Северна Македонија. „Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е ‘Северна Македонија’, како што е јасно дефинирано во […]

Компанијата „Сигмоид“ дава детали за јавните набавки што ги спомена СДСМ


  По прес-конференцијата на СДСМ, на која беа изнесени податоци за наводно сомнителни јавни тендери од Генералниот секретаријат на Владата и СОЗР, прозваната компанија „Сигмоид“ се јави со реакција во јавноста во која го објаснува и нејзиното портфолио и учеството на јавните тендери. Во реакцијата се вели дека за споменатите набавки станувало збор за групна […]

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовиран Центар за циркуларна економија


Поврзување на бизнис секторот со Универзитетот „Гоце Делчев“( УГД)- Штип со поддршка на државата е целта на денешното промовирање на  Центар за циркуларна економија во објектот на факултетите на  Кампус 2. Марија Дуковска-Павловска, претседател на Центар за циркуларна економија, вели ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот […]

Путин ги нарече европските политичари „свињи“


Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече европските политичари „свињи“, објавува РИА Новости.Според рускиот лидер, западните земји верувале дека можат брзо да ја уништат Русија. „А европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација, надевајќи се дека ќе профитираат од колапсот на нашата земја“, рече претседателот на проширен состанок на Одборот на руското […]