Нуклеарната централа Кршко сака да го продолжи работењето за уште 20 години


Нуклеарната централа Кршко (NEK) проценува дека е време државата да започне со дискусија за продолжување на работењето на централата за уште 20 години. Тие веќе започнаа процедури во овој поглед, вели извршниот директор Горазд Фајфер. Според Фајфер, државата започнала со дискусија за првото продолжување на работењето на Кршко до 2043 година во 2003 година, а […]

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден


Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај:  „Ќе ви се прочистат белите […]

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство


На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански […]

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож


Француската полиција денеска уби маж на Корзика кој се заканувал со нож на полицаец, јавија локалните медиуми. Инцидентот се случил околу 12:30 часот по локално време а мажот се движел низ центарот на Ајачо, минувајќи покрај палатата на Наполеон и полициската префектура. Канцеларијата на локалниот обвинител ја отфрли претпоставката за терористички напад, наведувајќи дека полицијата […]

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија


Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти. Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот […]

За Социјалистичката партија, конгресните предлози на ДУИ водат кон рушење на уставниот поредок


Социјалистичката партија на Македонија конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ Али Ахмети, смета дека се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата, се вели во соопштение од СПМ. Под формата спроведување на Рамковниот договор Ахмети бара примена на принципот на Бадентер да се прошири и за извршната власт при избор […]

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови


 Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за […]

Проценка на американските разузнавачи: Путин сака делови од Европа


Американските разузнавачки агенции предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја заземе цела Украина и да ги врати деловите од Европа што некогаш му припаѓале на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори. Според шест извори запознаени со американските разузнавачки агенции, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е во остра спротивност со […]

Орбан за војната меѓу Русија и Украина: Не е јасно кој кого нападнал


Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот го доведе во прашање фактот кој ја започнал војната меѓу Русија и Украина и ги критикуваше западните лидери за поддршката на Киев. Виктор Орбан рече дека лидерите на ЕУ ја оправдуваат својата поддршка со прикажување на Украина како мала земја под напад, пишува Политико. „Секако, не е толку мала“, […]

Зеленски: САД нудат нов формат на разговори што ги вклучува Русија и Украина


Американските власти понудија потенцијален нов формат за мировни преговори меѓу Украина и Русија, со учество на американски и можно европски пратеници, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Киев ќе одлучи за форматот кога ќе биде јасно дали билатералните разговори со американските преговарачи, кои продолжија и денеска, се позитивни, рече Зеленски, додавајќи дека планира ова прашање […]

Реките на Алјаска добиваат портокалова боја, р’ѓа се слева во нив (видео)


Некои од најживописните реки и потоци на Алјаска во последниве години добиваат апокалиптична, светло портокалова боја. Но, причината не е локалното загадување, како што би можело да се помисли, туку ‘рѓата ослободена од топењето на пермафростот, предизвикана од глобалното затоплување. И ‘рѓата се пробива во водните патишта, претставувајќи сериозна закана за дивиот свет, локалното население […]

Британија ја намалува за 40 отсто помошта за медиумите и за борба против руското влијание во Западен Балкан


  Британската влада одлучи да ја намали помошта за борба против руската агресија и дезинформациите во Западен Балкан за 40 отсто. Овој регион беше опишан од премиерот Кир Старемер како витален за националната безбедност на Велика Британија. Британското финансирање наменето за зајакнување на Западен Балкан, каде што Русија е обвинета за сеење поделби и создавање […]

Синдикатите на земјоделците во Франција се закануваат со нови протести


Синдикатите на земјоделците во Франција соопштија дека не се задоволни од писмото на премиерот Себастијан Лекорни, во кое тој го објаснува државниот план за решавање на здравствените проблеми кај говедата на фармите, и најавија дека ќе продолжат со протестите. Во писмото од речиси пет страници, Лекорни ја објаснува здравствената стратегија за борба против нодуларен дерматитис, […]

Воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа, вели бразилскиот претседател


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предупреди против американска воена интервенција во Венецуела. – Воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа за хемисферата и опасен преседан за светот, изјави Лула денеска на самитот на јужноамериканската конфедерација Меркосур во бразилскиот град Фоз до Игуачу. Американската војска собра сили од воени бродови, борбени авиони и […]

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата


Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата. Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна […]

Почина актерот Лазе Манасковски


На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасковски. -Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасковски почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасковски е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот […]

34. Марш за ангелите: Предметот за пожарот во „Пулс“ да се преиспита од почеток, побараа родителите на починатите


Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител – да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од […]

Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници


 Грчката полиција уапси 12 лица, од кои шест малолетници, поради трговија со кокаин и хашиш во училиште во регионот Атика во Грција. Дирекцијата за безбедност на Атика разби синџир за трговија со дрога, главно во училиште, при што беа уапсени шест полнолетни и шест малолетни лица, пренесе денеска „Катимерини“. Локалните власти соопштија дека членовите на […]

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување


Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат за […]

„Баба Јага“, летечка вештерка, станува ноќен кошмар за Русите


На почетокот на руската инвазија, турскиот дрон Бајрактар ​​ТБ-2 беше симбол на украинскиот отпор, но таа улога подоцна ја презедоа агилни помали дронови кои им нанесоа големи загуби на руските сили. Сепак, во последните месеци, нова закана за руските сили доминираше на бојното поле – тешки бомбардерски дронови, со прекар „Баба Јага“, кои го менуваа […]