СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје и прогласување вонредна состојба


Прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во главниот град, побара денеска советничката група на СДСМ. Поради алармантното загадување, тие поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје. Од партијата обвинуваат дека додека Скопје руши рекорди по загаденост во Европа, градските власти не инвестираат ниту денар во проекти за почист воздух. […]

Денес e најкраткиот ден во годината


Денес започнува зимското годишно време на северната полутопка на Земјата, а во исто време тоа ќе биде и најкраткиот ден во годината. Зимата започнува во 16:03 часот, а во исто време за жителите на јужната полутопка на Земјата започнува летото. По 21 декември, деновите почнуваат постепено да се продолжуваат.

Алиу ќе прави национален центар за закажување прегледи


Мминистерот за здравство, Азир Алиу,најави дека наскоро ќе создадат национален центар кој ќе се фокусира на системот „Мој преглед“, за пациентите да можат што побрзо и полесно да стигнат до закажаниот преглед кај специјалист. „Исто така, отворивме процеси за создавање национален „Центар за податоци“, центар во кој ќе имаме сè фокусирано, и информации и процеси […]

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери


По веста дека утрово Скопје беше најзагаден град во Европа, реагираше СДСМ, порачувајќи дека не се преземаат никакви мерки против тоа, бидејќи парите се тѕрошат за тендери на блиски фирми. -Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта […]

Крај на една ера, по 400 години Данската пошта нема да доставува писма


Данската пошта денес објави дека ќе ја изврши својата последна достава на писма на 30 декември, со што ќе заврши традицијата стара повеќе од 400 години, која датира од 1624 година, откако доставата на писма драстично се намали во последните 25 години – за повеќе од 90 проценти. PostNord, компанијата формирана со спојувањето на шведската […]

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш


Двајца државјани на Северна Македонија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите на српските медиуми, автомобилот во кој се превезувале излетал од патот. Несреќата се случила кај клучката Умчари.Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и […]

Фотографиите на Трамп со Епштајн исчезнаа од веб-страница на Министерството за правда


Најмалку 16 документи, вклучувајќи фотографија од поранешниот претседател Доналд Трамп, исчезнаа од јавната веб-страница на Министерството за правда на САД посветена на документите за Џефри Епштајн, помалку од еден ден откако беа објавени, без никакво објаснување од владата или јавно известување. Овој потег само ја продлабочи интригата околу осудениот сексуален престапник и моќните мажи со […]

Над 9.000 лица на „списокот“ на УЈП за оданочување на приходите од странство од пред пет години


Над 9.000 лица евидентирала до сега Управата за јавни приходи кои во 2020 година оствариле доход во странство кој подлежи на оданочување. Оваа информација е дел од одговорите на прашањата кои „Независен“ ги упати до УЈП, по реакциите на повеќе граѓани кои добија покана да се јават во УЈП за да ги регулираат своите даночни […]

Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти


Над 22.000 килограми киви, увоз од Србија, кои требеле да се увезат во земјава ќе бидат уништени заради тоа што имале ларви и инсекти. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна го забранил увоз на кивито, кое било наменето за индустриска […]

Продолжуваат преговорите за Газа, реконструкцијата се уште не е на маса


Постигнат е напредок во спроведувањето на мировниот план за Газа поднесен од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа американскиот специјален пратеник Стив Виткоф. – Првата фаза донесе напредок, вклучувајќи проширена хуманитарна помош, враќање на телата на заложниците, делумно повлекување на силите и намалување на непријателствата, напиша Виткоф на X, еден ден по разговорите со претставниците […]

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“


 Разговорите во САД за мирно решение на војната на Москва против Украина досега се конструктивни, изјави главниот руски преговарач Кирил Дмитриев, пренесе руската државна новинска агенција Тас. Дмитриев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговорите со американската страна почнале вчера и треба да продолжат и денеска, пренесе ДПА. – Дискусиите се водат конструктивно, […]

ССМ најавува штрајкови: Кој сака да ги намали платите на работниците?


Со усвојувањето на новите Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за административните службеници, Владата практично го суспендира правото на колективно договарање во делот на платите, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со законските измени се ограничува и укинува можноста платите и правата поврзани со нив да се уредуваат или доуредуваат […]

Утрово откажани сите летови од Скопје


Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту […]

Скопје утрово е најзагаден град во Европа


Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.  Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево. -Кога ќе донесеш закон каде деловна тајна е што горат фирмите во печки, резултатот е ова, прокоментира […]

Албанезе нареди ревизија на безбедносните служби по нападот на плажата Бондај


Австралискиот премиер Ентони Албанезе нареди ревизија на разузнавачките служби и агенциите за спроведување на законот во земјата по терористичкиот напад за време на еврејска прослава во Сиднеј пред една недела. Ревизијата ќе процени дали агенциите ги имаат соодветните овластувања, структури и процедури за заштита на јавноста, рече Албанезе во денешното соопштение. Нападот, за кој властите […]

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – […]

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“


Академијата за странски јазици ЕЛА (English Language Academy ELA) денеска во „Погон бар“ организира хуманитарен Божиќен базар. -Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со […]

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти […]

Ахмети останува лидер на ДУИ, Османи потпретседател, Адеми избран за генерален секретар


Али Ахмети продолжува да ја води ДУИ откако денеска на 5. конгрес на партијата ја доби довербата од делегатите на Демократската унија за интеграција. . За новото раководство на партијата која е во опозиција, делегатите одлучуваа во рамките на затворениот дел на конгресот на кој се избираа генерален секретар и потпретседатели.   Дел од медиумите, […]

Кои земји во светот имаат најдобри стапки на корпоративно оданочување?


Според меѓународниот Индекс на даночна конкурентност, САД и Канада се земјите што најмногу напреднале во последните 12 години, според анализата на американскиот економски тинк-тенк Tax Foundation. Индексот е фокусиран на земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).  САД успеаја да се искачат од 29-то место во групата од 38 земји на 14-то место […]