Агелер го советува Мицкоски помалку да зборува а повеќе да работи околу судството


Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството. Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата. „Воопшто не […]

Австрија донесе одлука што ќе ги задоволи граѓаните, вклучени се сите државни компании


  Австриската влада планира да издвои околу 500 милиони евра за намалување на сметките за електрична енергија, објави канцеларот Кристијан Штокер во среда, додавајќи дека изворот на парите ќе бидат сопственичките удели на државата во компаниите. Парите ќе доаѓаат од сопственички удели и нема да бидат товар за буџетот, нагласи канцеларот на прес-конференција, сигнализирајќи дека […]

Муцунски во ЕП: Македонскиот јазик, идентитет и достоинството не се предмет на преговарање


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет  на Македонија  и Европска унија, што се одржува  два дена во Стразбур. Во своето обраќање пред членовите на Комитетот, Муцунски истакна дека Стразбур, како дом на европската демократија, претставува силен потсетник на европските вредности […]

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година


Вашингтон – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година.  Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си. […]

Помалиот син на Мицкоски е меѓу затруените ученици во „Димо Хаџи Димов“


Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за СДК.мк, Марија Митева, портпаролката на Владата. Тој и соучениците се чувствуват подобро. „Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. […]

Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата


Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното здравство паузата е повеќедецениска пауза. Во Програмата за трансплантација за оваа година беше предвидена подготовка и почнување на методата кератопластика. Кога започнавме заедно […]

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека […]

Кинеска авиокомпанија ќе ја нуди најдолгата авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес


Шангај – Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат […]

Белгија парализирана од генералниот штрајк


Брисел – Во Белгија денеска се одржува 24-часовен генерален штрајк, со кој ќе заврши серијата на штрајкови во организацијата на трите најголеми белгиски синдикати што започна во понеделникот. За разлика од вообичаената пракса, на денешниот генерален штрајк не беше организиран протестен марш на работниците од цела Белгија низ улиците на Брисел, но сепак ширум земјата се […]

„Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека


Програмата во декември на Кинотеката на Северна Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“.  -Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски – „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска – „Мајка“ – со […]

Промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“


 Во организација на Амбасадата на Шпанија во Скопје и институтот Сервантес во Белград и Ла Лига, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на ЛАЛИГА“. Проектот доби поддршка и од министерот за спорт Борко Ристовски. – Благодарност до шпанскиот амбасадор за се она што го прави за […]

Поради вештачката интелигенција 6 илјади вработени во ХП ќе останат без работа


Компанијата HP планира да укине до 6.000 работни места во текот на следните три години преку зголемена употреба на вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска компанијата, при што првичните трошоци за реструктурирање се проценуваат на 650 милиони долари. Овие намалувања на работните места доаѓаат откако производителот на компјутери и печатачи, кој имаше околу 58.000 вработени на […]

Мицкоски не дава екстра фотелја за ВЛЕН


Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека нема да се создаваат нови министерства и дека коалицијата ВЛЕН нема да вработи дополнително лице, бидејќи едно лице истовремено ќе ја извршува функцијата вицепремиер и министер. Оваа одлука е поврзана со пополнување на испразнетите места по заминувањето на Изет Меџити од функцијата министер за животна средина и планирање и […]

Расте бројот на жртви од пожарот во Хонгконг – досега 13


Тринаесет лица досега загинаа во пожарот во станбениот комплекс со високи згради во округот Тај По во Хонгконг. Локалните власти соопштија дека девет лица загинале на местото на настанот, а четворица починале подоцна во болница. Петмина повредени се во критична состојба. Првично, беше објавено дека четири лица се мртви. Околу 700 жители биле евакуирани и […]

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП


Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што информираше претседателот на Уставен […]

Словенија се повлекува од Евросонг?


Словенија, според сите извештаи, нема да учествува на Евросонг 2026, а словенечкиот јавен радиодифузен сервис РТВСЛО дури и нема да го емитува натпреварот, како што покажуваат најновите нацрти на Планот за продукција за следната година. Иако сè уште се чека формална потврда, бројни словенечки медиуми објавуваат дека таков исход е многу веројатен. Според планот, Словенија […]

Жељко Обрадовиќ понуди оставка


Тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ понуди оставка на тренерската позиција на КК Партизан по серијата порази на тимот во Евролигата пренесуваат медиумите од Србија. Ова е втор пат Обрадовиќ да биде на клупата на Партизан, а тренерската функција ја презеде во јуни 2021 година. Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос е седми во […]

Највисокиот француски суд ја потврди пресудата на Саркози за прекумерно трошење во кампањата


Париз – Највисокиот апелациски суд во Франција, Касацискиот суд денеска ја потврди пресудата за незаконско финансирање на кампањата против поранешниот претседател Никола Саркози. Касацискиот суд во Париз пресуди дека понискиот суд бил во право што го осудил за незаконско финансирање во неговата неуспешна кампања за реизбор во 2012 година. Тој сега ќе отслужи шестмесечна затворска […]

Не поминаа амандманите на опозицијата за Предлог буџетот за наредната година на Комисијата за финансирање и буџет


Дваесет и четири амандамани на Предлог буџетот за 2026 година, поднесени од страна на опозицијата не поминаа на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски и мнозинството во Комисијата не ги прифатија амандманите кои ги поднесоа пратениците од ДУИ, СДСМ и Левица. Најмногу амандмани во првиот дел на […]

Муцунски гледа злонамерни актери во регионот, побара од Брисел да не интегрира што побргу


Министерот Тимчо Муцунски ја дистанцираше денес сосема јасно Македонија од Русија и од  Кина,  порачувајќи дека „злонамерни актери настојуваат да ги нарушат демократските процеси во регионот“ и дека ЕУ и НАТO треба да одговорат на тоа – со целосна интеграција на земјите од Западен Балкан.  „Во регионот на Западен Балкан сведочиме на засилени активности на […]