Поп-сцената во тага: Почина пејачот Шпат Касапи


Албанската поп-сцена, и публиката во Македонија и регионот, денес останаа без едно од своите најпознати имиња. Познатиот поп пејач Шпат Касапи почина рано утринава, на 40-годишна возраст, по срцев удар што го доживеал за време на престој во Италија. Според првичните информации, Касапи немал претходни сериозни здравствени проблеми, но инфарктот бил фатален и лекарите не […]

26 ноември во историјата – Археолозите влегоа во гробницата на кралот Тутанкамон


  Во египетската Долина на кралевите, британските археолози Хауард Картер и Лорд Карнарвон станаа првите луѓе што влегоа во гробницата на кралот Тутанкамон по повеќе од 3.000 години. Запечатените погребни комори на Тутанкамон беа чудесно недопрени, а внатре имаше колекција од неколку илјади непроценливи предмети, вклучувајќи златен ковчег што ја содржеше мумијата на тинејџерскиот крал. […]

Европарламентот го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година


Европскиот парламент денеска со 419 гласа „за“, 185 „против“ и 53 „воздржани“ го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година, со кој се обезбедува поголема поддршка за истражувања, развој на прекуграничната инфраструктура, контрола на границите, климатски активности и за надворешната политика. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра […]

Златно млеко: Го штити срцето, го чисти црниот дроб, го зајакнува имунитетот и се прави за 10 минути


Златното млеко има само неколку состојки, а жолто-златната боја ја дава зачинот куркума. Се верува дека овој пијалок е одличен за зајакнување на имунитетот, но помага и кај многу други заболувања. Ова млеко се пие во Индија со векови и се користи за лекување на дигестивни проблеми, како и грип и настинки. Подготовката на златното […]

Тело на бебе пронајдено во куп ѓубре: Било живо кога било фрлено


Мртво бебе е пронајдено во ѓубре во центар за рециклирање во Бремен, Германија. Обдукцијата, чии резултати ги објави канцеларијата на државниот обвинител во среда, откри дека бебето е родено живо. Девојчето имало околу два дена и сè уште било живо кога било фрлено таму, објави „Ди Пресе“. Бебето било откриено во вторник наутро од вработен […]

Притвор за 16-годишникот што силуваше 12-годишно девојче во Охрид


СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16-годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14-годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“. „На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, […]

Холандската амбасадорка повика да не им го трошиме времето и парите со неправењето реформи


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално  прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до Унијата, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен. „За нас евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку […]

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција годинава


Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање дали се следи состојбата во соседна Србија со нафтените деривати, како и кога ќе стартува продуктоводот со што би можело да се снабдува јужна Србија со нафтени деривати […]

Ексклузива на Ројтерс: Мировниот план од 28 точки е всушност список на желби што Кремљ му го дал на Трамп


  Ројтерс ексклузивно дознава дека мировниот план од 28 точки на САД за Украина, откриен минатата недела, има неочекувано потекло. Три извори запознаени со ова прашање потврдија дека американскиот документ делумно се базира на неофицијален руски предлог доставен до администрацијата на Трамп во октомври. Рускиот документ, кој им беше предаден на високи американски претставници кон […]

Се спрема нова концепција за гимназиите – две години општа, а потоа математичка и општествена


 До 25 декември се очекува на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) да биде ставен на јавна расправа новиот закон за високото образование. Исто така, наскоро ќе има нова нацрт-концепција за гимназиското образование откако поради реакции на почетокот од годинава беше повлечена првата нацрт-концепција.  Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на панел-дискусија соопшти неколку […]

Можни поплави во западните и северните краишта на земјава


Делови од државата денес влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Нови, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат на целата територија, а земјата веќе е заситена со влага, што значи дека секој дополнителен литар дожд може многу побрзо да […]

„Вреди“ излезе со листата за нови министри


  Беким Сали прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел и Башким Бакиу нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации. Ова ќе биде понудата на „Вреди“ до премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на […]

Ужас во Хонгконг, горат облакодери: Загинаа најмалку четворица (видео)


Најмалку четири лица загинаа во пожар што зафати неколку станбени згради во Хонгконг. Снимките покажуваат пламен и чад што се издигаат од кулите, каде што се верува дека се заробени неколку луѓе. Се верува дека пожарот се проширил низ бамбусовите скелиња од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на […]

Четири маркети се договарале за цените. Казнети се, а и ССК


  Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни казни за четири компании што се занимаваат со малопродажба на храна, како и за Сојузот на стопански комори, поради утврдено учество во забранет договор и усогласено делување на пазарот. Според наодите на Комисијата, овие субјекти се согласиле заеднички да ги одбиваат новите или зголемените ценовници што […]

Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште


Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат […]

Јаневска: Граѓанскиот сектор е клучен за креирање успешни образовни политики


Нема успешни национални политики, без вклучување на граѓанскиот сектор во нивното креирање. За актуелната Влада тоа е несомнено и затоа е основен принцип на работа, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусија посветена на образованието во рамки на Националниот форум за соработка помеѓу владиниот и невладиниот сектор, што се […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе настапи на изборите во четирите општини – дополнително ќе одлучи како


ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе настапат на претстојните избори во четирите општини кои не успеаја да изберат градоначалник на 19 октомври, поради тоа што немаше доволен одѕив на гласањето. Премиерот Христијан Мицкоски и претседател на партијата денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе настапат на тие избори истакна дека минатиот викенд одржал состанок со […]

Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто, вели министерката за финансии


Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но, она […]

Мицкоски тврди дека немало физички напад врз новинарот Владимир Перев


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли наводите на новинарот Владимир Перев (80) кој е еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, дека имало физички напад врз него. Премиерот рече дека вчера имал консултации и после тие консултации апсолутно отфрла оти имало каков било инцидент. Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за реакции […]

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска на 3 декември


Во среда, 3 декември од 19 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на македонската кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима […]