Петар Мијалков ги освои БМУ Европскиот шампионат и Државниот шампионат


Мотоциклистот Петар Мијалков успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат, а го освои и Државниот шампионат за 2025 година. – Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше […]

Овие три куќни апарати ја покачуваат сметката дури и кога не ги користиме, а сите ги имаме во домот


Бидејќи цените на електричната енергија остануваат високи, сè повеќе домаќинства бараат начини да ја намалат потрошувачката и да заштедат на месечните сметки. Иако многумина обрнуваат големо внимание на греењето, осветлувањето и употребата на големи апарати за домаќинство, еден тивок потрошувач сè уште поминува под радарот: уредите во „режим на подготвеност“. Многу луѓе не знаат дека […]

Левица предлага формирање градско енергетско претпријатие во Скопје


Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори, се вели во партиското соопштение. Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов […]

Најмал износ за запишување граѓанска обврзница е 10 илјади денари


Министерството за финансии вчера го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише […]

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин


Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица. МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила. Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред […]

Големиот пожар во Хонг Конг проголта најмалку 44 животи


Најмалку 44 лица загинаа во големиот пожар во неколку станбени блокови во Хонг Конг, 45 лица се во сериозна состојба, а уште 279 се уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Хонг Конг рано утрово. Ова значително го зголемува бројот на жртви по катастрофалниот пожар во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во областа Таи […]

Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови


Кишињев – Молдавија вчера го повика рускиот амбасадор за да изрази остар протест поради најновото нарушување на нејзиниот воздушен простор од руски дронови и ја повика Москва да преземе мерки за спречување на понатамошни вакви случаи. Молдавија постави урнат руски дрон пред Министерството за надворешни работи како драматична дипломатска порака до рускиот претставник. Проевропската Влада […]

Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски


Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо […]

„Сè што ни е заедничко“: новата изложба во МСУ го отвора прашањето за воздухот како политичко поле


На 27 ноември во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата ја развива идејата за „борбено дишење“ – поим што го опишува воздухот како политичко поле, како простор на отпор, но и како […]

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог


Анкара – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата. Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во […]

Сообраќајот без застои, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија


Книжевен портрет на Јулијана Величковска ќе се одржи денеска во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година. На настанот него ќе биде претставено севкупното книжевно творештво на Јулијана Величковска, со особен фокус на стихозбирката „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) за која ја освои најзначајната национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ […]

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Вечерва, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи […]

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај […]

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар


Во Музејот на револуционерната борба вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител […]

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 ноември 2025 година, 331-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 34 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Важно е што Виткоф го советувал Кремљ, но уште поважно е како протече аудио снимката


  Веста на Блумберг, која покажува како помошникот на Трамп, Стив Виткоф, го советувал Кремљ за најдобриот начин да се здобие со доверба кај Трамп, е извонредна поради она што ни го кажува за сомнителната лојалност на Виткоф и потенцијалното влијание на Кремљ врз преговарачките напори на САД. Но, подеднакво интересен е и самиот протечен […]

Двајца војници на Националната гарда на САД застрелани во близина на Белата куќа


Двајца припадници на Националната гарда на САД беа застрелани во Вашингтон, соопшти секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, цитирана од CNN. Пукањето се случило во центарот на Вашингтон, според извор запознаен со првичните извештаи, како и службено лице за спроведување на законот. Претходно беше објавено дека инцидентот се случил во областа на метро станицата Фарагут, […]

Рјабков: Нема збор за отстапки на Русија за Специјалната воена операција во Украина


Заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека не може да стане збор за какви било  отстапки на Русија во процесот на евентуално решавање на ситуацијата во Украина, вклучително и прашања поврзани со таканаречената специјална воена операција. „Ги поздравуваме напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во барањето разумни решенија, но не […]