Ефектот „Тему“: Бројот на трансакциите во е-трговијата во Македонија расте побрзо од вредноста


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на […]

Одложен Октоберфест поради експлозии во Минхен


Денешното отворање на Октоберфест се одложува поради инцидент во северен Минхен каде што, под сè уште необјаснети околности, се запали куќа и беа поставени експлозивни направи, а полицијата моментално ја истражува поврзаноста со Октоберфест. „Можната поврзаност со други локации во Минхен, вклучувајќи го и местото на одржување на Октоберфест, моментално се истражува. Отварањето се одложува“, […]

 Ветото за проширувањето ќе преживее во Копенхаген?


Европските  лидери денес се собираат во  Копенхаген кој е претворен речиси во тврдина , со чувство дека е – сега или никогаш. Тие ќе се договорат како да ја зајакнат одбраната на блокот – и каде да ги најдат парите. Ретко влоговите биле повисоки, со САД кои се млаки во врска со нивната воена поддршка […]

Турска одбранбена компанија развива системи за заштита од дронови во урбани средини


Турската одбранбена компанија „Богазичи Савунма“ објави дека развила системи за заштита од дронови во урбани средини, кои веќе се тестираат на неколку аеродроми, објавија денеска турските медиуми. Веста доаѓа во контекст на неодамнешните видувања на дронови на неколку европски аеродроми, кои ја истакнаа заканата што дроновите ја претставуваат за цивилното воздухопловство и предизвикаа одложувања и […]

Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври – се бара случајот да го преземе Коцевски


Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство. – Со оглед предлогот упатен до […]

ВЛЕН и ДУИ се убедуваат за „кого чукаат повеќе срцата на Албанците“


Срцата на Албанците чукаа толку силно што ниедна сала не можеше да ги собере – реагираат од владејачката ВЛЕН откако опозициската ДУИ ги прозва за слаба посетеност на синоќешната конвенција што коалицијата ја одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Оттаму додаваат дека на настанот имало илјадници граѓани, а дека стотици други биле принудени да […]

„Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од денеска во киносалите


Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од денеска ќе ја има и својата кинопремиера. Во Скопје ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ со премиера во 20 часот, а исто така ќе игра и во 3Д киното при Центарот за култура во Битола, од истиот термин. Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската […]

Најголемата пиварница во Јапонија престана да точи пиво откако претрпе сериозен кибернапад


Најголемата јапонска пиварница – „Асахи груп холдингс“ е уште една жртва на списокот компании во светот коишто претрпеле кибернапад. Како резултат на тоа, оттаму беа принудени да прекинат некои операции. Се чини дека нападот влијаел само на домашните дејства на компанијата, а меѓународните филијали досега не се погодени. Сепак, тоа е доволно за „Асахи“ да […]

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности


Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември […]

МВР: Како треба да се подготват патниците за новиот режим за патување во ЕУ?


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од12 октомври  Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска […]

Ова е најубавиот град во светот, а многумина никогаш не слушнале за него: Поубав од Венеција и Рим (Фото)


Науката пресуди – најубавиот град во светот е Честер, Англија. Ова е заклучокот на обемна студија која анализираше илјадници иконски згради и улици низ целиот свет и откри дека овој град-катедрала, сместен на северозападот од Англија, има највисок процент на згради, дури 83,7 проценти, кои совршено се совпаѓаат со таканаречениот златен сооднос. Користејќи го овој […]

Елена Васова, по наградата „Милан Младеновиќ“ му се посветува на својот деби-албум


Откако ги заврши промотивните обврски околу наградата „Милан Младеновиќ“ во Макарска и во Белград, актуелнава победничка, македонската авторка и пејачка Елена Васова конечно се врати дома. Според плановите, периодов Елена ќе им се посвети на македонските медиуми, но и на својот деби-албум. Ја чекаат интервјуата, телевизии, портали…, но и многу музика која треба да биде […]

Во ноември ќе се знае дали Израел ќе учествува на Евросонг 2026 во Виена


Цирих– Дали ќе му биде дозволено на Израел да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година? По повиците земјата да биде исклучена поради војната во Газа, одговорот на прашањето ќе биде даден во ноември. Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира настанот, потврди дека ќе им дозволи на своите 68 членови „да гласаат за […]

Маск најави „Грокипедија“ – нова енциклопедија како ривал на Википедија


Милијардерот Илон Маск објави дека преку својата компанија за вештачка интелигенција xAI работи на нова платформа под име  „Грокипедија“ (Grokipedia), која треба да биде конкуренција на Википедија. Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа Икс, вели дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во однос на онлајн енциклопедијата чијашто содржина ја уредуваат волонтери. Тој често […]

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад


Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа. „Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии […]

Рецептот за лажен ајвар го освои интернетот! Потребно е само половина час за да се направи


Ајварот е еден од најпопуларните намази низ целиот Балкан. Главната состојка е црвената пиперка, но постојат различни варијации со додавање на модар патлиџан, лути пиперки и лук. Неговата подготовка може да трае со часови. Затоа, ако сакате да имате домашен ајвар што можете да го јадете веднаш, пробајте го овој рецепт. Состојки: црвена пиперка масло […]

Бујар Османи: Чаир е заробена општина од мала група луѓе


  Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во своето обраќање до жителите ја опиша актуелната состојба во општината како алармантна и недостојна за граѓаните што живеат таму. Како што рече, Чаир е заробена од мала група луѓе кои ја користат општината за лични интереси, а не за потребите на граѓаните. „Едноставно не може 20 […]

Трет конгрес на патологија со меѓународно учество во Скопје


Македонското здружение за патологија во соработка со Меѓународната академија на патологија Дивизија Северна Македонија, во Скопје одржуваат Конгрес на патологија од кој се очекува развој на оваа дијагностичка област во медицината. Во изјава за МИА, професор  д-р Рубенс Јовановиќ, претседател на Македонско здружение за патологија, истакна дека на конференцијата се презентираат теми од областа на […]

Разговор со мајсторот на криминалистичкиот роман Ахмет Умит вечерва на „Букстар“


Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе се одржи вечерва во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар во 19:19 часот. Модератор на настанот ќе биде Јордан Коцевски. Умит ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата […]

Што побрзо воведување авиолинија Скопје-Доха


 Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, на маргините на 42-рото Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во Монтреал, оствари значајна работна средба со висока делегација од Катар, предводена од претседателот на Катарските воздухопловни власти, Mohamed Faleh Al-Hajri, информираат од АЦВ. Од страна на директорот Стојаноски било побарано, што поскоро повторно […]