Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски


„Аеродром не заслужува да изгледа како депонија. Време е за промена и затоа нашиот кандидат е Александар Трајановски,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, д-р Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова. „Ѓубре насекаде, околу контејнерите, корпите искршени, ѓубре на […]

МААЕ: Нуклеарната централа во Запорожје не е опасна за околината и покрај прекинот на електричната енергија


Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е окупирана од руската армија, не претставува непосредна опасност додека работи со помош на резервни генератори, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси. „Најголемата европска нуклеарна централа е без надворешна електрична енергија најмалку една недела, што е убедливо најдолгиот ваков настан во повеќе од […]

Легендарната актерка на 81 година изгледа беспрекорно шик на Модната недела во Париз


Француската филмска легенда, Катрин Денев, повторно го привлече вниманието, привлекувајќи ги погледите на неодамнешната модна ревија на Сен Лоран во Париз. Иконската актерка, која сега има 81 година, носеше елегантен црн костум во комбинација со суптилно светкав црн топ украсен со кристали. Комбинацијата ја надополнуваа едноставна црна чанта и нејзините познати каскадни руси кадрици. Нејзиното […]

Снег во Србија, во БиХ веќе забеле


Утрово, на социјалните мрежи се шират снимки од планински врвовиво Србија на кои се гледа како паѓа првиот снег, а бела покривка има и поширокот во регионот. Снимката е направена на Голија, и на неа се гледа пообилна лапавица. Во исто време, снег паѓа и на Копаоник. Што се однесува до регионот, снегот ги побеле […]

Бујар Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга: бесплатен и со плаќање


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција ја претстави својата стратегија за решавање на хроничниот недостиг од паркинг-места, предупредувајќи дека општината е пред целосен колапс. „Чаир е задушен, претворен е во општина на автомобили. Едноставно нема простор, улиците се претворени во паркинзи, тротоарите се претворени во паркинзи, и веќе нема слободни тротоари во […]

Лореал ги собра ѕвездите на ревија во Париз


Париз − „Лореал Париз“ привлече толпи на спектакл преполн со познати личности пред историскиот хотел „Де Вил“ во француската престолнина во понеделник, 29 септември. Модели и холивудски икони се шетаа по модна писта на отворено за да ја прослават убавината, овластувањето и сестринството. Светло црвени, црни, златни и бели фустани, со многу светки, ги украсија […]

Трајановски ветува паметни паркиралишта, катни гаражи и нови велосипедски патеки во Аеродром


Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици – метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. Решенијата ги понуди кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Александар Трајановски, кој на денешната прес-конференција истакна дека неговата програма нуди конкретни мерки, а не празни зборови. – Во соработка со Град Скопје ќе ја завршиме изградбата […]

Шукова: 15 нови паркови, крематориум за кучиња, бесплатни филтри за оџаците


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, денеска беше во посета на Општина Аеродром каде зборуваше за неисполнетите ветувања за изградба на парк, но и ја најави својата визија за позелено и поурбано Скопје.   „Денеска се наоѓаме на локација каде што требаше да никне ултрамодерен парк. За жал, и […]

Делегација на ЕУ бара еднаков и фер пристап на партиите до медиумите


Делегација на ЕУ бара еднаков и фер пристап на партиите до медиумите, а во врска со одлуката на АВМУ со која на партијата Левица и се ускратени пари за политичко рекламирање, па и повеќе од тоа – нема пристап до националните телевизии освен на Собранискиот канал.  Околу дилемата дали ваквата одлука, која се правда со […]

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, […]

Сиљановска ќе учествува на Седмиот состанок на Европската политичка заедница


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, заради учество на Седмиот состанок на Европската политичка заедница. Таа ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама. На состанокот во Копенхаген […]

Герасимовски ќе гради дом за стари лица во Општина Центар


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денешниот Меѓународен ден на старите лица го одбележа со средба со пензионерите од Здружението на пензионери од општината, кадешто ги најави новите мерки што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, здравјето и благосостојбата. Герасимовски, во рамки на посетата на Здружението, како клучен проект […]

Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година


Од 2026 година, минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 50.000 албански леки (515 евра), а среднорочната цел на земјата е просечната плата да достигне 1.000 евра во следните четири години, изјави министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај. Зборувајќи на конференцијата „Стабилност и развој преку економија и иновации“ во Тирана вчера, […]

Министерството за финансии на САД издаде нова лиценца за НИС до 8 октомври


Српската нафтена индустрија (НИС) соопшти дека Министерството за финансии на САД писмено потврдило дека на 30 септември е издадена посебна лиценца, со која НИС може непречено да работи до 8 октомври. Истата информација ја потврди и ЈАНАФ и додаде дека ќе контактираат со американските институции преку адвокати во САД за продолжување на лиценцата. „НИС продолжува […]

ЕСМ: Поради студеното време од утре почнува грејната сезона


Ја информираме јавноста дека од 2 октомври започнува грејната сезона  за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е […]

Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година


Македонија2025 денеска соопшти за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми. Првиот повик се однесува на стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент. […]

Израел се обложува дека светот ќе му прости и ќе заборави на Газа


Изолацијата на Израел повеќе не е теоретска. На пат кон Обединетите нации минатата недела, авионот на Бенјамин Нетанјаху во голема мера се држеше подалеку од европскиот воздушен простор во очигледен обид да ги избегне земјите што би можеле да одлучат да спроведат налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд. Потоа, откако неколку западни земји […]

Ова девојче нема ни 3 години, а стана новата „жива божица“ во Непал


Двегодишно девојче е избрано за нова „жива божица“ на Непал, а членовите на семејството ја однесоа од нејзиниот дом до палатата на храмот, во вторникот, за време на најважниот хиндуистички фестивал во земјата. Арјатара Шакја, стара две години и осум месеци, е новата Кумари, или „девица божица“, и таа ја наследува својата претходничка, која, според […]

ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација


Како дел од групацијата ТИТАН, цементарница Усје континуирано инвестира во развој на дигитални алатки и примена на вештачка интелигенција во работењето, со што се зголемува оптимизацијата и контролата на производните процеси. Најновите достигнувања на компанијата во оваа област беа претставени на интернационалниот Самит за вештачка интелигенција – AI Tech Summit, што се одржа во Скопје. […]