Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал


„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“ Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и […]

Овие четири хороскопски знаци ќе бидат магнет за богатство во октомври


Средината на есента 2025 година носи можност за нов почеток, затворање на стари поглавја и ослободување од финансиски товари. Додека многумина ќе почувствуваат олеснување и можност за напредок, ѕвездите посебно ги истакнуваат четирите хороскопски знаци за кои октомври ќе донесе најмногу можности за раст, изобилство и постигнување на долгорочни цели. Според астролошките индикатори, октомври нема […]

„Фајзер“ и Трамп постигнаа договор за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти објави дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“. Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од […]

Никогаш не перете алишта на 40 степени, туку само на оваа температура: Ќе бидете благодарни кога ќе чуете зошто


Перењето облека на 40°C со децении се смета за најдобар компромис помеѓу чистотата и зачувувањето на ткаенината. Сепак, новите истражувања и стручните совети покажуваат дека оваа навика е застарена и може да биде скапа, штетна за облеката и опасна за животната средина. Повеќето луѓе рутински ја перат облеката на 40°C, верувајќи дека така најдобро ќе […]

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух


Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка […]

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел


„Евровизија“, се вели, треба да биде прослава на обединувачката моќ на музиката. Но, последниве две години, тоа привлече политички протести и бојкот поради неисклучувањето на Израел во услови на континуирана воена акција на државата во Газа. И многу пред натпреварот во 2026 година, иако сè уште не е отпеана ниту една нота, неколку земји поставија […]

Ван Дајк: Уверен сум дека Ливерпул ќе се врати на вистинскиот пат


Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите. – Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме […]

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив


Масовна полициска и противпожарна акција е во тек од раните утрински часови во северниот дел на Минхен, каде што специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање. Околу 4:40 часот пожарникарите добиле дојава дека куќа е зафатена од пожар, по што следеле извештаи за силни детонации. На самото место било пронајдено […]

Жителите на Цирих изгласаа забрана на дувалки за лисја


Жителите на Цирих, пред два дена, гласаа на референдум за строго ограничување на употребата на дувалки за лисја и правосмукалки на бензин. Повеќе од 61% од гласачите ги поддржаа рестриктивните правила, за кои властите велат дека ќе го ограничат загадувањето од бучава и прашина. Дувалките за лисја и правосмукалките на бензин ќе бидат целосно забранети […]

Германија, покрај забраната, одобрила извоз на оружје во Израел во вредност од 2,46 милиони евра


Берлин – Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија. Исто така се истакнува дека пратките вклучуваат „друга воена стока“ а не оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на […]

Грција денеска парализирана од генерален штрајк


Атина – Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради […]

Мицкоски дозна како се станува патриот


Голема радост ме облеа  кога лично премиерот Христијан Мицкоски ме прогласи за голем патриот. Ете тоа ти е права политика и предизборна кампања. До вчера си странски платеник и предавник, а од денес си патриот и тоа голем. И што е многу значајно не само јас, туку стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по […]

Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје


Скопје денеска и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, што го организираат Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC).  Настанот ќе ги обедини владите од регионот, бизнис заедницата, академската средина и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација на регионот. Организиран на […]

ЛШ: Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал


Истанбул – Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите.  Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута. Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број […]

Блокирана Владата на САД


Вашингтон – Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита. „За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата […]

Трамп: Постигнавме договор со Харвард, универзитетот ќе плати 500 милиони долари


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација постигнала договор со Харвардскиот универзитет по неколкумесечни преговори, според кој универзитетот ќе плати 500 милиони долари. -Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе […]

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис


Пациенти кои се лечат од канцер на Клиниката за онкологија јавно посочуваат дека во моментов нема ниту терапија, ниту реагенси за испитување, ниту пак работат сите апарати за зрачење поради што се принудени да се снаоѓаат кој како стигне, најчесто одејќи во соседните земји. „Хемотерапија нема на Клиниката за онкологија, купувам од други држави, а […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година. Како што информираат организаторите на манифестацијата, на почетокот на вечерта присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично […]

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана


Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана. Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на посетата предвидени се неколку активности – свечена церемонија пред платото на Министерството, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и на крајот […]

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а. Водоснабдувањето во овие населени […]