Меџити не се повлекува, ќе биде и министер и кандидат за градоначалник


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.   -Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите […]

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка


Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им […]

Маж загина на концертот на „Оејзис“ паѓајќи од височина на стадионот „Вембли“


  Маж загина на концертот на „Оејзис“ во саботата откако паднал од височина на стадионот „Вембли“ во Лондон. Полицијата кажа дека медицински лица реагирале по дојавата дека маж во 40-ти години е повреден. „Тој беше пронајден со повреди соодветни на пад и беше прогласен за мртов на самото место“, кажа лондонската полиција. „Оејзис“, кои пред неколку […]

Ова се четирите најголеми боксери во историјата според Мајк Тајсон


Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги наведе четирите најдобри боксери во историјата. Според Тајсон најдобрите четворка ја сочинуваат: Џек Демпси, Сони Листон, Мухамед Али и Џорџ Форман. Демпси се борел 83 пати во својата кариера, од кои победил 68 пати, загубил 6 пати и девет меча боксувал нерешено. Листон има 54 […]

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали Алказар има одобрение за градба или не?


ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба. Според СДСМ, на овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор и дека се случуваат договорања зад затворени врати за лични, приватни интереси на поединци од врвот на власта. „Денес, јавноста не знае ништо за […]

Дубаи пречека 9,88 милиони странски посетители во првата половина од годинава


Сè поголемата понуда на Дубаи како дестинација, водена од влијателни јавно-приватни партнерства, засилени преку стабилна маркетиншка стратегија, доведе до тоа градот да прими 9,88 милиони странски посетители во периодот јануари-јуни 2025 година, објави новинска агенција на Обединети Арапски Емирати. Ова претставува зголемување од шест отсто во споредба со истиот период во 2024 година. Податоците ги […]

Ќе има училишна кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите


Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените.  Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во […]

Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа, најавува двојно поголем буџет за науката


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со поддршка на науката, потенцираше дека Владата двојно го зголемила буџетот на науката и овозможила бесплатен пристап кон најголемите две бази на списанија.   „Она коешто прво би кажал е дека буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година. Дали […]

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, можат да дејствуваат и на пожарите


 Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици. -Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората […]

„Не можам да го правам тоа како Новак, мајка ми ме критикува“: Алкараз призна во што никогаш нема да биде како Ѓоковиќ


Карлос Алкараз призна дека не може да биде дисциплиниран како Новак Ѓоковиќ и дека неговата мајка често го критикува поради тоа. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, дури и на 38 години, успева да доминира во тенисот, што пред сè го должи на неговата неверојатна дисциплина. Откако го елиминираше глутенот од исхраната, Ѓоковиќ сфати колку храната му […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го комплетира списокот на градоначалници до крај на август


 При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите […]

Ќерката на Стив Џобс ја објави првата фотографија со сопругот и откри чија венчаница носеше


Во ексклузивниот хотел „Сохо Фармхаус“ во Котсволдс, Англија, пред членовите на семејството и бројните познати гости, Ив Џобс, најмладата ќерка на Стив Џобс, и нејзиниот избраник – британскиот олимпиец Хари Чарлс – го кажаа своето судбоносно „да“ минатиот викенд. Младенците славеа со своите гости четири дена, главната прослава беше на 26 јули, а целата организација […]

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло


Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.  Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе […]

Одлични резултати на Комерцијална банка: За шест месеци добивка од 48,1 милиони евра, за 4,1 отсто повеќе од истиот период лани


Водечката банкарска институција во земјава, Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава оствари одлични резултати, продолжувајќи го повеќегодишниот нагорен тренд. Билансот на успех и Билансот на состојба на банката за периодот 01.01. – 30.06.2025 година објавени на Македонската берза, покажуваат дека Комерцијална банка остварила позитивен финансиски резултат односно добивка пред оданочување во […]

Почина актерката Лони Андерсон, најпозната по бракот со Берт Рејнолдс


Лос Анџелес – Американската ТВ-ѕвезда од 1980-ите, Лони Андерсон, можеби најпозната по нејзиниот бајковит брак со Берт Рејнолдс, којшто имаше неславен и огорчен крај, почина вчера. Таа имаше 79 години, а утре ќе го прославеше 80. роденден. Лони Кеј Андерсон е родена на 5 август 1945 година во Сент Пол, Минесота, САД. Го завршила средното […]

Вилем Дефо се враќа на Филмскиот фестивал во Сараево по 25 години


Сараево – Вилем Дефо ќе го добие почесното срце на Сараево на 31-от Филмски фестивал во Сараево „како признание за неговиот извонреден придонес во уметноста на филмот“. Тој им се придружува на Стелан Скарсгард и Реј Винстон, кои исто така ќе ја добијат почеста на фестивалот оваа година. „Со снимени  над 150 филмови во својата […]

Мицкоски не го забележал скандирањето во Куманово, но го осуди!


Премиерот Христијан Мицкоски денес остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки. -Во текот на вчерашниот ден кошаркарската федерација и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во […]

Без жртви во сообраќајот една година! Неверојатен подвиг на европска метропола, еве како успеаја тоа


Во 2023 година, 7.807 луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи во градовите на ЕУ. 55 лица загинаа само во Берлин минатата година, додека девет лица загинаа во регионот на Брисел. Градските власти објавија дека Хелсинки не регистрирал жртви во сообраќајни несреќи во претходната година. Иако бројот на смртни случаи на патиштата опаѓа низ Европската […]

За ВМРО-ДПМНЕ Таравари станал симбол за политичко понижување


Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице: човек кој  до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. „Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, […]

Американскиот специјален пратеник Виткоф ќе ја посети Москва следната недела


Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф ќе ја посети Русија следната недела, објави АФП. Трамп, исто така, рече дека двете нуклеарни подморници што ги распореди по онлајн спорот со поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев сега се „во регионот“. Републиканецот не прецизираше дали мисли на нуклеарни подморници или на нуклеарно вооружени подморници. […]