Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем


  Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште „Свети Климент Охридски“ и исламската медреса „Иса Беј“ да влезат во државниот образовен систем. Двете најголеми верски заедници повеќе години бараат да се донесат законски промени со кои учениците кои таму матурираат да можат […]

Мораториум на градби во Автокоманда – почнува од денеска


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски најави дека од денес стапува на сила мораториум на градби во Автокоманда. Според него, во просторот на Градска четврт ССИ 09 – Автокоманда, во изминатиот период била дозволена изградба на нови објекти и надградба на постојни станбени згради согласно со важечките детални урбанистички планови. -Со ова значително се […]

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода


Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби и дали припадници на МВР влегле во Општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче Tошковски информира дека една од општините во кои што во текот на вчерашниот ден е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е и токму општината предводена од градоначалникот Висар Ганиу. -Една е […]

Мицкоски очекува растот на БДП во вториот квартал да е меѓу 4 и 6 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека растот на домашниот бруто-производ во вториот квартал ќе го надмине оној од првите три месеци годинава и дека ќе изнесува меѓу 4 и шест отсто. Тој денеска изјави дека во мај индустриското производство бележи историски раст од 9,4 проценти, извозот на земјоделски производи е поголем за 57 отсто во првите […]

Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија


Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова. „По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 […]

Се откажал од медицината и војската па станал најдобар дизајнер на светот


Џорџо Армани е италијански дизајнер од Пјаченца и сопственик на една од водечките компании во модната индустрија. Неговите креации ги носеле многу политичари, ѕвезди и други луѓе од јавниот живот, а за време на постоењето на компанијата таа се проширила во многу други индустрии како што се козметиката, парфемите, музиката, спортот и угостителството. Роден е […]

САД го вооружуваат Косово: Пристигнуваат нови оклопни транспортери, а наскоро се очекуваат и ракети „Џавелин“


Косовските безбедносни сили набавија непознат број оклопни транспортери М117 од САД, со што продолжи процесот на дополнително вооружување на Косово. Во видеата од Косово, неколку камиони за влечење ја снимија испораката на оклопни возила М1117 за косовските безбедносни сили. Не е познато колку оклопни транспортери се набавени за потребите на косовските безбедносни сили, иако косовските […]

Меѓуресорска работна група во Владата ќе ги разгледува податоците за финансирањето на брзата пруга


На вчерашната затворена седница на Владата е разгледана информација во однос на доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга и е донесен заклучок да се формира Меѓуресорска работна група во рамки на Владата, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ). На барањето доставено од Министерството за финансии […]

Стејт департментот масовно ги отпушта аналитичарите за Русија


  Меѓу околу 1.350 вработени отпуштени минатата недела во американскиот Стејт департмент, имало и виши аналитичари во Бирото за разузнавање и истражување (ИНР), вклучувајќи специјалисти за Русија и Украина, изјавија неколку сегашни и поранешни функционери за „Њујорк тајмс“. Меѓу отпуштените имало и лица кои истражуваат руски воени злосторства. Кратењата влијаеле на единицата на Стејт департментот […]

„Краш“ ја лансираше својата верзија на чоколадо од Дубаи – чини 20 евра


Иако почетната еуфорија околу чоколадото од Дубаи стивна, а на пазарот се појавија и други варијанти како онаа наречена Ангелска коса, некои производители сè уште ги претставуваат своите верзии. Краш сега е меѓу нив. Тие ги информираа своите следбеници за оваа слатка новина на социјалните мрежи. „Ја создадовме комбинацијата за која сите зборуваат – чоколадо […]

Кај Штип ќе „никнат“ 55 ветерници, ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства


  Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.  Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон […]

Хороскоп за есен: Еве кому парите му стигаат од сите страни


Есента носи изобилство за четири хороскопски знаци – астролозите откриваат кој заработува повеќе и добива шанса за финансиска преродба! Ѕвездите конечно се вртат во корист на Лавовите, Стрелците, Вагите и Јарците, отворајќи ја вратата кон изобилство, успех и пари што течат од сите правци. Ѕвездите се во нивна корист, а астролозите велат – парите доаѓаат […]

Возбудлива ЕУ вечер на „Охридско лето“’ : Парискиот квартет „Модиљани“ воодушеви со виртуозноста


Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција синоќа музицираше  на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимателно избраната програма. На репертоарот беа гудачки квартети од композиторите Хоакин Турина, Морис Равел и Лудвиг ван Бетовен. Концертот беше во рамки на Вечерта на Европската унија што  веќе осумнаесетта година […]

Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ


Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат.  Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%). Спротивно на тоа, само […]

Алармантни податоци: 53 отсто од девојчињата и 19 отсто од момчињата на возраст од 15 години се депресивни


Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира на загрижувачките бројки за менталното здравје на младите. Според ХБСЦ студијата, повеќе од половина од девојчињата (53%) и речиси една петтина од момчињата (19%) на 15-годишна возраст доживуваат депресивно расположение. Причините се поврзани со врсничко насилство, исклучување, онлајн малтретирање и други социјални притисоци. „Врсничкото насилство остава […]

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затворот „Идризово“


  Вчера, во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и […]

Поранешниот кошаркар Самир Авдиќ е нов градоначалник на Сараево


Сараево – Градскиот совет на Сараево го избра Самир Авдиќ, поранешен кошаркар, за нов градоначалник на главниот град на Босна и Херцеговина. Авдиќ за оваа функција беше кандидиран како член на партијата Народ и Правда (НП) од редовите на Бошњаците и кандидат на коалициската тројка во која се СДП БиХ и Наша партија (НС). На оваа […]

Принцезата Шарлин по гласините за развод одржа емотивен говор за принцот Алберт


Монте Карло – Принцезата Шарлин од Монако одржа говор на балот посветен на 20-годишнината откако принцот Албер се искачи на престолот на Монако. На добротворниот настан во Монте Карло, т.е. на 76-от годишен Бал на Црвениот крст во Монако, принцезата одржа страстен говор во чест на својот сопруг, овозможувајќи ретка прилика за поглед во нивниот […]

Васил Јованов повторно осуден на три години и 10 месеци затвор


Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда […]