Унапредени двајца обвинители од скопското Обвинителство кои судеа во медиумско експонирани случаи


Обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески денеска добија унапредување на своите позиции. Двајцата обвинители на Основното јавно обвинителство Скопје на денешната 27. седница на Советот на јавните обвинители едногласно беа избрани за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Ова, меѓу другото, значи дека Јакимовски и Милошоски во иднина нема да постапуваат по предмет пред […]

Хамнеи: Израел се обиде да ја „собори“ Исламската Република


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека 12-дневната војна што ја започна Израел во јуни со поддршка на САД имала за цел „соборување“ на Исламската Република. -Пресметките и планот на агресорите беа да го ослабат системот со таргетирање на одредени поединци и клучни институционални центри во Иран, нагласи иранскиот лидер, осврнувајќи се […]

Поранешниот германски канцелар Шредер подготвен да сведочи за аферата „Северен тек 2“, но зад затворени врати


 Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изразил подготвеност да сведочи во рамки на истрагата за гасоводот „Северен тек 2“, но само под одредени услови и без јавно појавување, пренесе денеска магазинот „Шпигел“. Шредер, кој неколкупати го одложи сведочењето пред истражниот одбор во покраинскиот парламент на Мекленбург-Западна Померанија, се повикуваше на здравствени причини. Според писмо од неговиот […]

Комерцијална банка генерален спонзор на МКФ: Заедно за нови успеси на машката кошаркарска репрезентација


Комерцијална банка стана генерален спонзор на Македонската кошаркарска федерација и обезбеди значајна поддршка за нови успеси на сениорската машка кошаркарска репрезентација. Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите заСветското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги […]

16 јули во историјата – САД го спроведоа првиот успешен тест на нуклеарна бомба


  Откако го започнаа проектот Менхетен, Американците го видоа и првиот тест на нивната нуклеарна бомба. Тестот беше спроведен на овој ден во 1945 година во државата Ново Мексико, а истиот тип бомба беше фрлена врз Нагасаки помалку од еден месец подоцна. САД се првата нуклеарна сила во светот и останаа единствена до 1949 година, […]

Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници


Италија би можела да ослободи околу 10.000 затвореници, или 15 проценти од вкупниот број, за да се реши проблемот со пренатрупаноста на затворите, објави Министерството за правда. Министерството доцна вчера соопшти дека 10.105 затвореници „потенцијално се квалификуваат“ за алтернативни мерки, како што се домашен притвор или условна казна. Одлуката би се однесувала на оние чии […]

Арсовска му одговара на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Тошковски фатени како крадат вода


  Со секој ден ВМРО-ДПМНЕ влегува во нов судир со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (нивен кандидат на последните локални избори) и наместо да го осуди нападот врз неа ја обвинува дека главниот град страда за вода. Арсовска одговори остро, велејќи дека „полицајци на Тошковски“ се меѓу тие што диво се приклучуваат на водоводната мрежа. […]

Растот на цените на недвижностите е причина за загриженост, вели Славески


Народната банка (НБ) располага со мерки и инструменти да одговори на сите предизвици за да имаме ниски и стабилни цени, уверува гувернерот Трајко Славески. Тој денеска информира дека НБ внимателно ги следи сите случувања и ги анализира изворите на скокот на цените. – Очекуваме смирување на инфлацијата и подготвени сме ако е потребно да преземеме […]

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, извршија увид во изградбата на новата противпожарна зграда чија втора фаза стартуваше денеска. Објектот во завршната фаза ќе биде опремен со грант на американското Министерство за одбрана кои веќе објави тендер во функција за реализација на новата противпожарна зграда во Битола, информираа од тамошната […]

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор


  Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, е осуден на вкупно една година и осум месеци затвор во еден од случаите што се водат против него, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Судот го прогласи Имамоглу за виновен за „јавна навреда на државен службеник при извршување на службените овластувања“ – конкретно, на обвинителот на Истанбул, Акн Гурлек […]

Меџити: Во Македонија има 200.000 дивоградби, а од албанските предничи Гостивар


Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар, изјави вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. На прес – конференција, вицепремиерот Меџити повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно. -Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во […]

Гувернерот Славески очекува банките да го следат сигналот на НБ и да ги намалат надоместоците


Гувернерот Трајко Славески, по одлуката на Советот на Народната банка со која се создаде простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат на граѓаните, порача дека сите очекуваат разумно однесување и оти банките можат олеснувањето од НБ кон нив веднаш да го пренесат на клиентите.  – Не даваме никакви рокови, станува збор […]

Дури 212 субјекти не издавале фискални – УЈП ги казни


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на јуни и првата половина од јули 2025 година спроведе вкупно 883 теренски контроли кај даночни обврзници низ територијата на цела Македонија. Во тој период, од вкупниот број на контролирани даночни обврзници, утврдени се неправилности кај 294 […]

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра


  Долго најавуваната мерка од новата власт – студентите да добијат ваучер од 250 евра, за да купат таблет или лаптоп – ќе стане  реалност, а тоа ќе нѐ чини речиси 14.000.000 евра. Овие пари од Буџетот ќе бидат распределени на околу 55.000 студенти. Но што ќе донесе ваквата инвестиција, никој не знае.  Денеска, пратеникот […]

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему


  ЊУЈОРК – Додека неговите поддржувачи еруптираат поради неуспехот на американското Министерство за правда да ги објави многу рекламираните записи во истрагата за трговија со луѓе на Џефри Епштајн, стратегијата на претседателот Доналд Трамп е да го намали значењето на проблемот. Неговиот проблем? Тој пристап „ништо да не се види тука“ не функционира за оние […]

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат


Во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, […]

Тошковски: Арсовска прифати 24 часовна заштита, но не потпишува изјава за инцидентите


 Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска има 24 – часовно обезбедување кое се грижи за нејзината сигурност. МВР, по препорака добиена од Агенцијата за национална безбедност и додели обезбедување и покрај тоа што таа не го побара, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според Тошковски, добро е што Арсовска барем тоа го прифатила и […]

МЗ ќе вложи 205 милиони евра за унапредување на здравствената инфраструктура


 Министерството за здравство почна со спроведување на Националната програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем. Таа е прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирањена стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствени и безбедносни институции, […]

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера в сабота во МНТ


Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.  Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ […]

Образованието на најефикасната алатка во процесот на зелена транзиција: Експерти од ЗБ подготвуваат заеднички Акционен план


Транзицијата кон обновлива енергија претставува еден од најголемите предизвици како за образовниот, така и за деловниот сектор, а за ефикасен одговор неопходно е образовните активности  да бидат брзи во задоволувањето на тековните потреби, но и насочени кон иднината, планирајќи 10, 15 или дури 20 години однапред, со цел да се задоволат еволуирачките потреби на општеството. […]