Театарската претстава „12“ на МНТ вечерва на „Охридско лето“


Драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. „Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата […]

Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град.  Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 јули 2025 година, 198-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 167 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути. Денов трае 14 часа и 52 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Квалитетот на водата на езерото Младост полош од лани, итно да реализираат одамна донесени мерки за спас на езерото


Комисијата за следење на водата во велешко езеро Младост на денешната седница ги повтори веќе изгласаните мерки за спас на велешко езеро Младост, кое според препораките на Центарот за јавно здравје донесени на почетокот на месецов е забрането за секаков вид употреба – за наводнување, капење и рекреација. Димитар Абрашев член на оваа Комисија изјави […]

Трговците со кафе во паника: Ги пренасочуваат бродовите на половина пат кон Америка


Трговците со стоки ги забрзаа пратките бразилско кафе во Соединетите Држави за да избегнат царини од 50 проценти што треба да стапат на сила на 1 август. Некои трговци ги пренасочуваат бродовите на средина од патувањето, откажувајќи ги поаѓањата во други пристаништа, така што контејнерите со бразилско кафе можат да стигнат до американските пристаништа до […]

АБА лига се прошири, но без македонски екипи


Во новата сезона од АБА лигата членови ќе бидат романскиот Клуж и австриската екипа Виена, како и Босна и Илирија кои преку АБА 2 лигата изборија пласман во елитното балканско натпреварување. Лигата ја напуштаат Цибона и Морнар како две најслабопласирани екипи од изминатата сезона.  Новина во АБА лигата ќе биде и поделбата во две групи […]

Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“


Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.  – Тие […]

Погачар доживеа пад четири километри пред целта, ривалите го почекаа


Денес се возеше 11-тата етапа од познатата велосипедска трка Тур де Франс, а Тадеј Погачар доживеа вистинска катастрофа на целта. Во драматичниот финиш на трката, четири километри пред крајот, Погачар доживеа пад, при што ланецот на неговиот велосипед падна, а сето тоа одзеде многу време. 💥 THE WORLD CHAMPION GOES DOWN 💥 Tadej Pogacar is […]

Драматични снимки од Белгија: Пожар ја зафати сцената на голем фестивал


Главната сцена на белгискиот фестивал за електронска музика Tomorrowland е зафатена од пламен, само два дена пред почетокот на шоуто Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа пламен како ја зафаќа раскошната сценска поставка, а службите за итни случаи се паркирани во близина. The Tomorrowland main stage in Boom, Belgium has caught fire and is severely […]

Зебра побегна од ЗОО Белград и повреди дете и двајца возрасни


Двегодишно дете и двајца возрасни беа повредени попладнево во инцидент во Зоолошката градина во Белград, кога зебра побегна од ограден простор. Детето е пренесено со брза помош во Универзитетската детска клиника  додека двајца возрасни се згрижени во Военомедицинската академија (ВМА). Повредени се 30-годишен маж со двегодишно дете, како и жена на возраст од 51 година. […]

Превентивно затворена кујната во Дом за стари лица во Берово – се чекаат резултати по појава на стомачни тегоби


По појавата на стомачни тегоби во Домот за стари лица во Берово кај дел од корисниците и вработените, преземени се сите потребни мерки од надлежните институции. Кујната, како што информираа од Старскиот дом во Берово, е затворена превентивно, додека не се добијат резултатите од лабораториските анализи. -Точно е дека одредени корисници имаа лесни тегоби на […]

Медицинско лице фатено како прима поткуп


Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури, соопшти попладнево Министерството. – Реакцијата на […]

Украинската Врховна Рада усвои закон со кој се дозволува лица над 60 години да бидат регрутирани во воена служба


Украинската Врховна Рада усвои закон со кој се дозволува лицата кои ја достигнале старосната граница за воена служба да бидат регрутирани и во војска како професионални војници, објави пратеникот на партијата „Глас“, Јарослав Железњак, на Телеграм. Според него, 306 пратеници гласале за усвојување на законот на второ читање. Нормативниот акт им овозможува на лицата кои […]

И оваа академска година студентите остануваат без два клучни дома за сместување


Иако Министерството за образование и наука минатата година најави дека „студентите следната академска година би требало да влезат во реновираните домови во Скопје“, конкурсот за сместување за 2025/2026 година покажува нешто сосема друго: студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” повторно го нема на листата, објави денес Студентарија. Од Студентарија истакнуваат дека и по повеќе од две […]

Преку „Скај“ апликацијата откриен шверц на кокаин од Холандија во земјава


Врз основа на докази добиени преку „Скај“ комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. „Утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во […]

Врие во Националната галерија: Се бара итно поништување на одлуката за избор на директор


Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија, со соопштение до јавноста, го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор. Националната галерија претпладнево на својата фејсбук страна објави дека уметникот Али Синани е нов директор. Тој […]

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани


  Од предвидените 17 милиони евра од ЕУ од Планот на раст за земјите од Западен Балкан, според направените реформи до декември лани Македонија во наредниот период ќе може да смета на половина од износот, или 8,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните сознанија на Министерството за европски прашања. Ваквиот епилог се должи на фактот дека од […]

Нов бисер на Тошковски – дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот


  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска додаде уште еден бисер во ѓерданот на неговите несоодветни изјави. Тој рече дека законот за уривање на дивоградбите ќе се почитувал само ако објектите се опасни по живот. Ако не се, тие ќе можат и натаму да си останат дивоградби, а со ваквиот став да се поттикне […]

Коцевски за предметот за пожарот во Кочани: Најверојатно нема да се раздвои


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како недоволниот буџет и недостигот од кадар во Обвинителството. Информираше и за тековните постапки […]

Владата го враќа во игра законот на ДУИ за обложувалниците, АСОМ остро реагира


  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара тој веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Од АСОМ велат дека донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на […]