Лекарка од битолската болница фатена како прима мито од пациент


  БИТОЛА – Лекарка од Очното оддeление во Клиничката болница во Битола била фатена како бара и зема мито од пациент. Лекарката побарала од пациент пари за одредена здравствена услуга, но засегнатиот пацiент случајот го пријавил кај истражните органи и кaко што дознаваме лекарката е фатена со обележани пари. Во случајот постапувале инспектори од СВР […]

Италија воведува регистарски таблички за електрични тротинети


Во Италија наскоро ќе стапат на сила нови правила за електрични тротинети, кои значително ќе ја заострат нивната регулатива. Регулативата на Министерството за транспорт, која треба да биде објавена во следните две недели, за прв пат воведува обврска за регистарски таблички за овие популарни возила. Покрај задолжителните регистарски таблички, се воведува и носење кацига за […]

Метеорит од Марс продаден за 5,3 милиони долари


Метеорит за кој се верува дека е најголемото „парче“ од Марс на Земјата е продаден на аукција за 5,3 милиони долари, вклучувајќи даноци и други трошоци. Метеоритот, кој беше продаден во Сотбис во средаta, е познат како NWA 16788. Тежи 24,5 килограми, што го прави масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, кои обично се […]

Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид


Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача. Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, […]

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата […]

Тропски островски рај продава државјанство: Зад „златниот пасош“ што го нуди, постои тажна причина


Дали живеењето на оддалечен остров звучи како сон што се остварува? Ако е така, можеби ќе ве интересира што нуди третата најмала земја во светот. Островската нација Науру моментално го продава своето државјанство. Сепак, причината зад овој „златен пасош“ е, за жал, тажна. Науру има само 21 квадратен километар површина, а температурите се околу 30 […]

Дури 730 огласи за вработување пред избори, а Минчев најави крај на партиските вработувања


Во пресрет на есенските локални избори во Македонија, веб-страницата на Агенцијата за администрација е преплавена со огласи за вработување. Се бараат административни работници за во министерствата, општините, јавните претпријатија, болниците, а огласите се отворени до крајот на јули, по што започнуваат да важат изборните правила, согласно кои постапките треба да се стават во мирување, освен […]

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците


Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари. Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците. Во тужбата, инвеститорите тврдат дека […]

Сабаленка го откажа учеството на турнирот во Монтреал


Светскиот број 1, Арина Сабаленка, нема да игра на турнирот WTA-1000 во Монтреал, објави „Тенис Канада“.  Дваесет и седумгодишната Белорусинка се повлече од турнирот поради замор. – Со нетрпение ги очекувам турнирите на тврда подлога во Северна Америка, но за да ги зголемам моите шанси за успех оваа сезона, решив дека е во мој најдобар […]

Galaxy Z Fold7: Иновација која ги менува правилата на играта


Samsung го претстави најновото иновативно лансирање на Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, два премиум мобилни уреди кои ја дефинираат иднината на технологијата. Galaxy Z Fold7 ги “возбудува” љубителите на големи екрани со својот 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран кога е отворен, совршен за мултитаскинг и продуктивност, додека Galaxy Z Flip7 носи уникатен преклопен […]

ЗХГ ги отвора вратите за секој што сака да биде член на Совет на Град Скопје


Граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на претстојните локални избори повторно ќе настапи со своја листа на членови за Совет на Град Скопје. Листата и овојпат ќе ја предводат докажани активисти од областа на здрава животна средина/одржлив развој, социјална правда и заштита на животните. Ова се три од четирите столбови на коалицијата. Четвртиот е воведување директна […]

Разрешениот судија Лазар Нанев се врати како инспектор во МВР


  Поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, кој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење, повторно е ангажиран како инспектор во полицијата во Кавадарци, објави телевизија Телма. Нанев е вратен во Министерството за внатрешни работи (МВР) врз основа на решение донесено уште во 2002 година од тогашниот министер Љубе […]

Проект „Вардарска утопија“


Министерството за транспорт и врски сака во долината на Вардар да гради двоколосечна брза пруга, каде веќе егзистира автопат, а тука треба да се гради и проектот Вардарска Долина со 12 хидроелектрани.  Ќе се осврнам на техничкиот и правниот дел од овие стратешки објекти за нашата држава. Исто така, во кратки црти ќе биде даден […]

Обвинителката во случаите Диди и Епштајн доби отказ без објаснување


Министерството за правда на САД ја отпушти искусната федерална обвинителка Морен Коми, позната по нејзината работа на случаите против Џефри Епштајн, неговата соработничка Гислен Максвел и хип-хоп могулот Шон „Диди“ Комбс. Коми работеше во канцеларијата на американскиот обвинител за Јужниот округ на Њујорк од 2015 година. Иако официјалната причина за отпуштањето не беше наведена, нејзиното […]

Трамп тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени шеќерот во американската Кока-Кола


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола. – Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија […]

Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини


Поради уличен дефект Ф-300мм на ул.Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, од синоќа од полноќ прекинато е водоснабдувањето за корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица. Како што соопшти РЦУКК Скопје по известување на ЈП Водовод и Канализација, на санирањето на дефектот ќе се работи од 09:00 часот утрово, а […]

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината


Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Телеметриската сеизмолошка мрежа […]

Сатја Грабулоски дизајнираше специјални патики за Ѓоковиќ, објави „Форбс“


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби специјална пратка за време на неговиот настап на Вимблдон 2025 – бели патики Асикс со уникатна рачно насликана уметност, подарок од македонското студио „Swithadot“, основано од уметникот Сатја Грабулоски (внук на легендарниот скулптор Јордан Грабулоски – Грабул чие славно дело е споменикот Македониум во Крушево) .  Грабулоски, кој е од Македонија […]

Зоран Кардула со нова самостојна изложба „Flora Imaginarium” во НОБ


Во петок, на 18 јули со почеток од 20 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори изложбата „Flora Imaginarium” на познатиот македонски уметник и графички дизајнер Зоран Кардула. Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани […]

Проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на летното кино во Сити мол


Во рамки на програмата „Филм во фокус“, вечерва, во Сити мол на „Rooftop open air cinema“, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. Како што стои во соопштението, на настанот ќе присуствува дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот ќе одржат интерактивна „Q&A“ сесија […]