Австриска вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук


  Возбудливо уметничко доживување приредија членовите на гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук, настапувајќи на Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во извонредната изведба на виолинистите Сузан Мерт-Томази и Андреј Јаблоков, на виолистката Елеонора де Пои, виолончелистот Леонардо Сесена, како и на контрабасистот Драган Трајковски кој е по потекло од Македонија […]

Министерот Минчев во алтернативна реалност – зборува за реформи, а администрацијата се полни пред изборите


  Во сите извешати на ЕУ прашањето за јавната администрација е едно од најмногу споменуваните, а ситуацијата во неа меѓу најкритикуваните. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го знае тоа, но како претставник на владата нема концепт(или храброст) да предложи сериозно намалување на админстрацијата. Тој денеска зборуваше дека отчетноста на администрацијата е клучен предуслов за […]

Божиновска во Атина по повод 20-годишнината од Енергетската заедница: Пазарна интеграција за поодржлива иднина


 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина. Овој значаен настан, одржан по повод 20-годишнината од формирањето на Енергетската заедница, собра министри од земјите-членки за да разговараат за клучните чекори кон целосна интеграција на електроенергетските пазари меѓу Европската Унија и Договорните […]

Гласот на Бранка Станковска оживеа – благодарение на „Титл“ и ВИ


– Со помош на напредни техники за „клонирање на глас“ (voice-cloning), тимот на новата македонска компанија „Титл“ (Tytl) успеа да го реконструира автентичниот глас на легендарната телевизиска и радиоводителка Бранка Станковска, која почина во јануари 2021 година. Вештачката реконструкција е создадена врз основа на избор и база на аудио-записи креирана за време на развојот на платформата, […]

Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев


  Напаѓачот на скопската градоначалничка е во затворски притвор, за уште еден има мерки на претпазливост, МВР ѝ определи 24-часовно обезбедување на Данела Арсовска, а зградата којашто е дивоградба и каде што се случи инцидентот продолжува да се гради. Тоа го тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Знаете што е најјако плукање у фаца на […]

Народен правобранител Насер Зибери се пензионира


Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. -Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Заибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став […]

Тарантино не би режирал за Нетфликс, но кажа која е неговата омилена серија на стриминг платформата


Иако не би режирал ништо за Netflix, режисерот Квентин Тарантино вели дека има омилена серија која ја нарекува најдобра во историјата на платформата. Ерата на стриминг поттикна промена на парадигмата во Холивуд, а листата на големи режисери кои не ги префрлиле и веројатно никогаш нема да ги пренесат своите таленти на голема платформа се намалува […]

Изминатите три дена 2.490 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава


Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2.490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на […]

Лани ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше законот за обложувалниците, сега како власт го предлага


  При крајот на мандатот на минатиот парламент измените на Законот за игри на среќа беа дочекани со силна реакција од тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Главниот приговор беше начинот на донесување – скратена постапка, европско знаменце и целосно изоставување на засегнатите страни од процесот. ВМРО-ДПМНЕ застана зад ставовите на Асоцијацијата на спротски обложувалници на […]

Пијан маж украл градски автобус во Хелсинки, качил патник и возел 10 минути без да направи судир


Пијан маж, искористувајќи го излегувањето на возачот и неговото невнимание, во неделата украл градски автобус во Хелсинки, се упатил кон центарот на градот, го возел десетина минути и по пат качил и патник. Полицијата била фрапирана кога добила дојава во неделата наутро дека е украден градски автобус. Полициска патрола го забележала автобусот кога преминувал еден […]

Почина актерот Чедомир Петровиќ, синот на легендарниот Чкаља


Српскиот актер, режисер и сценарист Чедомир Петровиќ (1949-2025) почина на 76-годишна возраст, во Белград, објави неговата ќерка, актерката Јована Петровиќ за „Блиц“. Петровиќ дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во 1973 година, а глумел во Народниот театар, Ателје 212 и Југословенскиот драмски театар. На телевизија се појавил во сериите  “Позориште у кући”, […]

(Видео) Страотен пожар во трговски центар во Ирак, најмалку 60 жртви


Повеќе од 60 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во пожар во трговски центар во регионот Васит во источен Ирак, соопштија локалните власти, објавувајќи нов биланс  на жртви од несреќата, откако претходно беше објавено дека во трагедијата загинале 50 луѓе. Ирачкото Министерство за внатрешни работи објави дека 61 лице загинало во пожар што избувнал вчера […]

ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни


 Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини. -Вашето внимание може да спаси живот. Препораки за сопственици на миленици: Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на […]

Сенатот го одобри планот на Трамп: Намалување на милијарди долари за странска помош и јавни медиуми


Американскиот Сенат во четврток го потврди планот на Доналд Трамп за намалување на милијарди долари странска помош и финансирање на јавни медиуми, уште една без противник победа за републиканскиот претседател во Конгресот. Сенатот, со 51 глас „за“ и 48 „против“, го прифати барањето на Трамп за намалување на девет милијарди долари од средствата, кое претходно […]

Инфлацијата во Австрија на 13-месечен максимум


Инфлацијата на потрошувачките цени во Австрија во јуни се зголеми според проценките и го достигна највисокото ниво за нешто повеќе од една година, покажаа најновите податоци од агенцијата за статистика во Виена. Индексот на потрошувачките цени во јуни се искачи за 3,3 проценти на годишно ниво, што е побрзо од зголемувањето од 2,9 проценти во […]

Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон


  Дуња Иванова, дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија избрана од селекторот Емил Цветанов, оваа недела се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Патеката со должина од 73 километри и висинско искачување од 1.600 метри ја измина со вкупно време […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц ,,Меѓународна смотра на фолклорот” во рамките на официјалната програма на 59. Издание на Фестивалот во сабота 19. јули, со трибина и концерти ќе го одбележи јубилејот 10. години од впишувањеto на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Трибината […]

Камила со новата кралска титула испиша историја


Кралот Чарлс III и кралицата Камила заедно создаваат историја. Според Кралската морнарица, монархот формално ѝ ја додели титулата вицеадмирал на Обединетото Кралство на својата сопруга на 16 јули, еден ден пред 78-от роденден на Камила. Камила е првата жена што ја носи почесната титула, која може да ја назначи само суверенот по номинација на Првиот […]

Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот со амандманите од собраниската Комисија за финансирање и буџет


Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и […]

Народната банка и централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење. На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во делот на […]