Трамп се закани дека ќе ги укине и фискалните олеснувања за Харвард


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на универзитетот Харвард со укинување на значајните фискални олеснувања, еден ден откако престижниот универзитет одби да ги исполни неговите барања. – Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување и да биде оданочен како политички субјект, ако продолжи да турка политички, идеолошки и терористички инспирирани/поддржани „болести?“, напиша […]

Мелони убедена дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во 2028


 Италијанската премиерка Џорџа Мелони на денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во Рим изјави дека е убедена оти Црна Гора ќе стане 28-та членка на Европската унија за време на италијанското претседавање со ЕУ, во првата половина на 2028 година. Спајиќ е во прва официјална посета на Италија на покана на Мелони, а на […]

Драстично опадна популарноста на Маск во САД


Популарноста на Илон Маск, најбогатиот човек на светот, драстично опадна, покажуваат најновите податоци објавени од статистичарот Нејт Силвер. Иако некогаш уживаше статус на технолошки визионер со голема јавна почит, Маск во последните години брзо ја загуби довербата на американската јавност. Според податоците објавени од Силвер, само 39,4 отсто од Американците моментално имаат позитивно мислење за […]

Претседателот на Стелантис предупредува дека автомобилската индустрија во Европа и САД е во опасност


Автомобилската индустрија е во опасност и во САД и во Европа, предупреди денеска претседателот на групацијата Стелантис, Џон Елкан, наведувајќи ги како причина зголемувањето на царините и „нереалниот план за намалување на емисијата на штетни гасови“. – Со тажни царини и претерано ригидни регулативи, американската и европската автомобилска индустрија се во опасност, додека Кина е […]

Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија


  Стопанската комора на Дубаи денеска беше домаќин на делегацијата од Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Делегацијата на домаќинот беше предводена од претседателот на Коморите на Дубаи, Султан бин Саид ал Мансури. Двете страни разговараа за начините за унапредување на билатералните економски односи и ја потврдија нивната посветеност за зајакнување на соработката за зајакнување […]

Четворица новинари осудени на по пет и пол години затвор поради соработка со Навални


Суд во Москва денеска осуди четворица новинари на по пет и пол години затвор, обвинети за соработка со организацијата на опозиционерот Алексеј Навални, која е класифицирана како терористичка организација, објави новинар од Франс прес, кој бил присутен во судницата. Алексеј Навални почина во затвор во Русија во февруари 2024 година. Новинарите Антоњина Кравцова, Сергеј Карелин, […]

Приведени уште седум полициски службеници околу истрагата за Кочани


Државниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва на Топ тема на Телма објави дека пред да влезе во студиото добил информација дека основниот обвинител издал решение за приведување на седум полициски службеници кои утре ќе бидат најверојатно изнесени пред судија за претходна постапка. Коцевски не можеше да каже дали овие полицајци се сега на функција или се […]

На Путин му останаа ресурси за уште 12 до 16 месеци војна, велат експертите


  Русија би можела да биде принудена да ја прекине војната во Украина бидејќи ќе остане без пари за да ги плати своите војници, според експертите на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон (ИСВ). Земјата потрошила речиси половина од својот ликвиден суверен богат фонд од 106 милијарди долари, кој се користи за […]

Бугарија ги извртува фактите: Скопје ги негира наводите на Софија околу изградбата на тунелот


  Откако бугарските медиуми вчера известија дека „Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8“, од македонското Министерство за транспорт денеска одговорија дека едно се дела, а друго се зборови. „Република Бугарија повторно ги извртува фактите“, велат од Министерството за транспорт […]

Социјални работници од Македонски Брод не заштитиле дете жртва на силување


СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот, директор на […]

Инспекторите на Карпош ќе пишуваат казни на „Комунална хигиена“ – контејнерите прелеваат


Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи. Најавија казни од нивните инспектори кон „Комунална хигиена“ чија задача е да се празнат контејнерите. –  Граѓаните на Карпош кои што живеат во индивидуални станбени објекти никогаш не се жалеле на подигнувањето на […]

Легендарната холивудска ѕвезда размислува „да се откаже“ од глумата на 55 години


Двократната добитничка на Оскар може да го напушти Холивуд на 55-годишна возраст. Кејт Бланшет веќе имаше легендарна актерска кариера која вклучува неверојатни осум номинации за Оскар. Својот прв Оскар го освои во 2005 година за споредна улога во филмот „Авијатичарот“ на Мартин Скорсезе. Дури во 2014 година таа го освои своето второ Оскар за главната […]

МСУ доби околу 5,8 милиони денари за 26 проекти од годишната програма


Министерството за култура годинава за првпат додели делегиран буџет на 18 национални установи, а МСУ доби 5.842.370 денари (околу 94.500 евра), рече денеска директорот Тихомир Топузовски. Во годишната програма се вклучени 26 проекти: 11 проекти се од музејска дејност и заштиа на нематеријалното културно наследство, 12 проекти се од областа на визуелна уметност и архитектура, […]

Смртоносните поплави и бури лани погодија повеќе од 400.000 луѓе во Европа


Невремето и поплавите што ја зафатија Европа минатата година погодија 413.000 луѓе, покажа  Европскиот извештај за климата, бидејќи загадувањето со фосилни горива го принуди континентот да настрада во текот на неговата најжешка година досега, пренесува „Гардијан“. Драматични сцени од автомобили натрупани на поплавени улици и мостови кои ги откорнаа бесните порои, беа видени низ континентот во […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради хуманитарниот меч Вардар-Црвена Ѕвезда


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите […]

Украина се одмазди за масакрот во Суми. Бригадата што го изврши нападот е уништена (видео)


Генералштабот на вооружените сили на Украина го потврди уништувањето на 448-та ракетна бригада на руската армија во областа Курск, која изврши ракетен напад врз градот Суми на Цветници, пренесува УНН. „Вооружените сили на Украина ја нападнаа постојаната база на 448-та ракетна бригада на руската армија во областа Курск, која изврши ракетен напад врз градот Суми […]

Ц. Звезда ги носи и легендите во Скопје: На полувреме ќе продефилираат Пижон, Панчев, Најдоски, Ѓуровски…


Утре од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра хуманитарниот меч меѓу Вардар и Ц.Звезда. Македонскиот и српскиот гигант ќе играат за Кочани, а како што предмалку објавија од редовите на „црвено – белите“, на Арената ќе присуствуваат и повеќе легенди на овој клуб. “Фудбалскиот клуб Црвена звезда во среда на […]

Се продава луксузен пентхаус во Лондон каде Мик Џегер уживаше во славата со Фејтфул


Рок легендата Мик Џегер ја носи предноста на песната Live With Me на Ролинг Стоунс од 1969 година, каде што споменува пиење „чај во три“. Веројатно уживаше во чаша или два во три во неговиот поранешен подпентхаус – единицата директно под вистинскиот пентхаус – во областа Мерилебон во Лондон, каде што се забавуваше со колегата […]

АМД ќе ги произведува клучните чипови во САД


Американскиот технолошки гигант Advanced Micro Devices (AMD) објави дека наскоро ќе произведува клучни процесорски чипови во нов производствен погон во Аризона во сопственост на тајванскиот подизведувач ТСМЦ, со што ќе го врати производството на американско тло по повеќе од 15 години. АМД го подготви планот уште пред почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд […]

„Алказар енерџи“ и ИФЦ потпишале договор за развој на ветерниот парк Штип


„Алказар енерџи партнерс“ (AlcazarEnergyPartners – АЕП), соопшти дека потпишале договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка за пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија. Со договорот се зајакнува посветеноста на двете страни за мобилизација на приватен капитал […]