Сѐ уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот


Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер. Студентите трет ден […]

Италијанскиот претседател Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција


Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа бил примен во болница на закажана операција за да се вгради пејсмејкер, пренесуваат италијанските медиуми. Матарела е хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“ во Рим поради вградување пејсмејкер, соопштија медицински извори, објаснувајќи дека неговата состојба е добра. Претседателската палата соопшти дека Матарела вчера работел и го примил премиерот на Црна Гора, […]

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. -Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. […]

Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина


 Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите. Трамп потпиша налог со кој му се наредува на министерот за трговија Хауард Лутник да покрене истрага за националната безбедност според член 232 од Законот за […]

Администрацијата на Трамп предлага прекин на финансирањето на мировните мисии на ОН


 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се прекине финансирањето на мировните мисии на ОН, објави Ројтерс, повикувајќи се на внатрешен документ што го видела, јави БТА. Мотивот се проблеми и неуспеси во работењето на мисиите во Мали, Либан и Демократска Република Конго. Вашингтон најмногу придонесува во буџетот на ОН, заедно со Кина, која […]

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за намалување на цените на лековите, со кој и наредува на својата влада да развие низа мерки за намалување на цените на фармацевтските производи во САД, каде што се значително повисоки од оние во странство. Активностите вклучуваат подобрување на процесот на преговарање помеѓу системот на јавното здравствено осигурување и […]

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми


САД одбија поддршка за заедничката резолуција на сојузниците од Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми, при што загинаа 35 лица, јави синоќа агенцијата „Блумберг“. Според извештајот, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ова го образложила со желбата да „се задржи простор за преговори“ со Москва за крај на војната во Украина. Како што наведуваат […]

Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека […]

Марта Кос: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан


Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.   Таа потенцира дека од вкупната […]

Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го одржи Велигденскиот концерт насловен „Низ трње до ѕвездите“ на кој првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално–инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор […]

Еден месец од трагедијата во Кочани – со истрагата досега опфатени над 60 физички и три правни лица


Денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Ова е најголемата несреќа од независноста на државата. Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три […]

Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани


Мандолинскиот орекстар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагедичниот настан во Кочани. На програмата сe композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски-тенор, […]

Концерт на скопскиот колектив Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен во МКЦ


Скопскиот колектив Светлост, заедно со Кен Вандермарк од САД и Пал Нилсен од Норвешка, вечер ќе одржат концерт во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Како што се наведува во соопштението, од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе албум, којшто […]

„Њусвик“: САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд


 САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд, се пресметките на неделникот „Њусвик“ базирани на понудата на Хари Труман од 1946 година, која денеска би вредела околу 1,6 милијарди долари. Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност. Дополнително, администрацијата […]

Без струја дел од корисниците во повеќе скопски општини


Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково, како и во Центар. Oд 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана, Општина Сарај. Oд 08:00 до 15:00 […]

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до […]

Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори


Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните. Ние едногласно одлучивме […]

ПСЖ и Барселона поразени, но се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите


Големата драма на „Вила Парк“ му отиде во прилог на ПСЖ, кој го загуби натпреварот, но обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.  Астон Вила на домашен терен славеше со 3:2, но Французите во Бирмингем пристигнаа со два гола предност, па победата од еден гол не беше доволна. „Лавовите“ херојски се претставија […]

По сообраќајка во Аеродром, автомобил превртен на покрив – повредена е жена


Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на возило марка „киа“, кое завршило превртено на покривот. Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром во непосредна близина на „Веро“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Фотографиите од местото сведочат […]

Стапката на вработеност во ЕУ лани била близу 76 отсто


 Бројот на вработени во Европската унија, на возраст меѓу 20 и 64 години, лани изнесувал 197,6 милиони луѓе, што е стапка од 75,8 отсто и претставува најголем удел од 2009 година, соопшти денеска Евростат. Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на вработеност се зголемила за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година […]